Трогателна и шокантна исповед на Предраг.О – снајперист од Сараево, кој за време на војната ја уби малечката Дијана. Во писмото кое го оставил после толку години признал дека ја убил бидејќи изгледала среќно со нејзината мајка и се смеела, а тој морал со снајперот во рака да стражари. Додека не било пронајдено писмото никој не знаел дека овој човек бил сторител на такво монструозно убиство.
Предраг кој ја уби 9 годишната Дијана се самоуби, никој не знаел зошто додека не го нашле писмото кое го оставил, кое ја згрози целата јавност. Тој во писмото детално го опишува денот кога го убил девојчето како и мотивот зошто ќе се убие.
,, Незнам каков ѓавол влезе во мене тој ден. Се сеќавам дека беше претопол летен ден – август 1992, нешто пред пладне. Низ дурбинот од снајперот ја набљудував улицата. Стражарев. Видов цивили, воглавно старци и жени кој внимателно зиркаат од влезните врати на нивните домови – гледајќи дали е безбедно да излезат и да наполнат вода од блиската чешма, како би ги дополниле залихите на вода.
Надвор беше мирно и луѓето излегоа. Почнаа да ги полнат бардаците со вода на чешмата на брегот на Миљачка. Јас ги набљудував.на чешмата имаше една постара жена и една мајка со дете – девојче.
Мајката брзаше да ги наполни шишињата но не ја испушташе од рака својата ќерка. Гледајќи го уловив лицето на девојчето – сватив дека она се смее – се смее како ништо да не се случува околу неа, како да околунеа нема лудило.
А тогаш – лудило ме зафати мене – што се смее бе она, си мислев, дали мене ми се смее? Јас тука се мачам, крварам живеам живот без живот, а она се смее и среќна е како за инат, како да сака да ми пркоси. Како воопшто смее и може да е толку среќна и насмеана – си мислев.
Е нема ти мене да ми се смееш – како некој пеколен глас да ми кажа. Во тој момент сватив дека прстот ми е на шкрапалото и дека почнав да го стискам – на мета го имав тоа насмеано лице. СОПРИ СЕ СОПРИ СЕ викав во себе, но мојот сопствен прст не ме слушаше. Веќе не ни нишанев само пукав. Ме бутна пушката, сватив дека пукав – ја фрлив пушката и целиот во пот – жива вода застанав до зидот. Сето тоа личеше на кошмар. Ма, се тешев, гаарант си замислуваш не се случли тоа. Го грабнав двогледот и погледнав во правец на чешмата.
Девојчето лежеше на земја – облеана во крв – веќе не се смееше но имаше чуден мир на нејзиното лице, а до неа. До неа мајкаи која сеуште цврсто го стискаше рачето на девојчето – а на ликот КРИК И ЗГРЧЕНО ЛИЦЕ.
Предраг во писмото понатака пишува како после тој ден веќе не бил истиот. Побегнал од Сараево. Некое време живеел во Германија, а кога се завршила војната се вратил. Го добил назад и својот стан а се вработил и во Поштата. Но се до една вечер – вечер која го одвела до самоубиство
Вели дека една вечер на сон му дошло девојчето кое го убил. Го погледнала и го прашала ,, Зошто го направи тоа ???
Од тој ден како што напишал во опроштајното писмо секој ден го гледал ликот на девојчето – духот на невиното девојче го следела секаде и на секое место му се појавувала без разлика дали спие или не. Неможејќи да издржи повеќе решил да се самоубие.