Сите седум титули кои ги изброја, Богородица не ги добила поради себе (иако во својот живот никаков грев не направила, ама сепак го наследила првородениот грев), ами поради Оној Кој Го родила: нашиот Спасител Господ Иисус Христос,
Тоа што блажената Марија го родила Исус, не остава ни најмал простор за нејзино обожување. славење и чествување со
седум пати повеќе титули отколку што го чествуваш Господ. Впрочем и ова е само еден мал дел од титулите, кои ги има повеќе 40 во православните цркви.
Се чудам како во вас нема страв Божји да и давате такви богохулни титули на благословената Марија?!! Дали си свесен дека дури ни Бог во целото Свето Писмо не е наречен со титулите Преблагословен или Пресвет (иако тоа се подразбира)? Зарем нема во вас страв Божји што ја воздигате блажената Марија високо над Бог и ја чествувате повеќе од Бог?
(иако во својот живот никаков грев не направила, ама сепак го наследила првородениот грев)
Само Господ знае дали и колку гревови направила блажената Марија, но од каде си па ти сигурен дека не направила ниту еден грев? Да не си ти случајно Бог па да знаеш кој колку гревови направил?
И ако блажената Марија не направила ниту еден грев, тогаш таа не би имала потреба од Спасител, затоа што Бог преку пророкот Еремија вети дека нема да ги казнува децата заради гревовите на родителите. Но сепак во евангелието по Лука гледаме дека блажената Марија го нарекува Бог свој Спасител!
„И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! И мојот дух се зарадува во Бога,
мојот Спасител,“ (
ев. Лука 1:47, Библијата)
А исто така Библијата е недвосмислена по тоа дека сите луѓе се грешни:
„зашто
сите згрешија и им недостасува Божјата слава,“ (
Римјаните 3:23, Библијата)
Само на Несторије нечестивиот му смета тоа Пречистата да се нарекува Богородица.
Шо си се фатил за тој Несторије? Да не ти е и тој идол па затоа толку често го спомнуваш дури и кога никој не те прашува за него? Шо ми е мене гајле тоа што на Несториј му пречело блажената Марија да се нарекува Богородица?
Да те потсетам, тој се дрзнал да ја наречи Богородица, Христородица и уште на овој век го стигнало праведното наказание, црви на живот му го изеле јазикот со кој хулел на Бога и Богородица.
Ја ми, ко бајаги црви му го изеле јазикот. Тоа само во вашите „чув не дочув“ (расипан телефон) преданија. Бабини деветини.
Патем, што има лошо во изразот „Христородица“? Зарем блажената Марија не Го родила Христос? Не сфаќам каде има хулење во тоа да ја наречен Христородица онаа што го родила Христос?
МПЦ не е нова или посебна Црква, ами е дел од едната, света, соборна и апостолска Црква, чија Глава е Христос.
You wish! Only in your dreams.
МПЦ е една од најновите верски заедници на балканов, формирана пред 50 и нешто годинки, и се уште непризнаена од целиот православен свет.
Тебе Богородица може да ти биде само сестра по дедо Адама и баба Ева, но не и по вера.
Не, туку тебе ти е далечна братучетка по Адам и Ева, а мене ми е сестра по вера затоа што јас и она имаме еден ист Татко - Бог.
Свети цар Давид, во своите молитви кон Бога плачел пеејќи: Аз чрев, а не человјек.
хахахах да да, баш на руски зборувал Давид
Сигурно пеел во некој симпозиум во Москва
Шала на страна, џабе везеш на руски, тоа нема да ја натера Руската православна црква да ве признае. За неа сте и ќе останете неканонска, непризнаена, расколничка, самопрогласена црква.
Се чудам каква споредба да направам меѓу цар Давид кој со црв се споредува и оној кој со Богородица се споредува...
Не ми е јасно за кој велиш дека се споредува со Богородица? Тоа што јас ја нареков своја сестра ли? Тоа според тебе е „споредба“? Знаеш ли ти воопшто што значи зборот „споредба“? Тоа не е роднинска врска! Споредба е кога се посредуваш по одредени мерливи (квантитативни) критериуми/величини. Јас воопшто не спомнав нешто такво. Јас едноставно кажав дека таа е моја сестра по вера.