Духовден - најголемиот празник воопшто?

Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Ова тврдење прв пат од тебе го слушам. Значи според тебе секој човек е посебна црква (Господи прости ми, оти зборот црква вака го употребувам)?
Тоа е според тебе, ама не е така. Црква е заедницата на Бога, ангелите кои не паднаа и сите луѓе (живи и умрени) кои сакаат да бидат дел од истата. Тоа што ти го замислуваш дека е “црква“ (Господи прости ми), е само личностниот однос меѓу тебе и Бога.
Па и друго нешто не ми треба освен мојот личен однос со Бога. Јас се идентификувам со Јас, а не со другите луѓе, оние истите кои место на Бог, се приклонуваат на разноразни светци и чуда со икони.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Па и друго нешто не ми треба освен мојот личен однос со Бога. Јас се идентификувам со Јас, а не со другите луѓе, оние истите кои место на Бог, се приклонуваат на разноразни светци и чуда со икони.
Блазе си ти. Што чекаш оди во некоја пустиња па биди сама со Бога! Ама видиш, Бог не сакал да е сам (иако никогаш и не бил!), па ги создал ангелите, па видимиот свет, па луѓето. Па од што ги сакал луѓето им дал слободна волја да бидат со Него или да не бидат. Па кога видел дека не сакаат да бидат со Него, втората ипостас Божија слегна на земјата се воплоти од Духот Свети и се вочовечи. Па страдаше, беше распнат, воскесна и ја оформи Црквата, која е Негово тело. И за чудо Христос се молеше Сите да бидат едно, како што сме едно Јас и Ти Оче. Не се молеше едно да бидам Јас и Петкана, едно да бидам Јас и Трајко, едно да бидам јас и Петар...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи Чорбаџија како не ти е срам и страв да плукаш по Пречистата, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија?
Не е вистина дека сум плукал по блажената Марија. Ти лажеш. Блажената Марија е моја сестра по вера. Ја по тебе не плукам и покрај сите глупости и клевети што ги шириш, па по неа да плукам.

Пречистата, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија
Пресветата Приснодева
...
...
Зарем Господ Иисус Христос за вас
Интересно како за блажената Марија редиш седум (небиблиски) титули, а пред името „Исус Христос“ си ставил само една титула.
Признале вие или не, тоа е огромен показател за тоа кого т.е. која вие ја обожувате и славите, а после се лутите кога со право ве нарекуваат Маријанци.

Имам едно многу важно прашање до тебе, каде во Светото Писмо стои дека Христос ќе оформи некоја си нова „црква“?
И јас ти го поставувам истото прашање тебе: каде во Светото Писмо стои дека Христос ќе оформи некоја си нова „црква“?
Од тој одговор следи дека МПЦ која е формирана во 1959г. и самопрогласена за афтокефална во 1967г. (и непризнаена од целиот православен свет) нема ни Х од Христова Црква.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Сите седум титули кои ги изброја, Богородица не ги добила поради себе (иако во својот живот никаков грев не направила, ама сепак го наследила првородениот грев), ами поради Оној Кој Го родила: нашиот Спасител Господ Иисус Христос, совршениот Бог и совршениот Човек, втората ипостас на пресвета Троица. Само на Несторије нечестивиот му смета тоа Пречистата да се нарекува Богородица. Да те потсетам, тој се дрзнал да ја наречи Богородица, Христородица и уште на овој век го стигнало праведното наказание, црви на живот му го изеле јазикот со кој хулел на Бога и Богородица.
За МПЦ-ОА го замајуваш народот и шириш невистини како би придобил некој кон твојата нецрква. МПЦ не е нова или посебна Црква, ами е дел од едната, света, соборна и апостолска Црква, чија Глава е Христос. Ама кога сектантот ќе ја разбере еклисиологијата ќе се врати во Црквата.
Тебе Богородица може да ти биде само сестра по дедо Адама и баба Ева, но не и по вера. Нејзината вера почнала од почетокот на светот, а Нејзината Црква на света Педесетница, а не во 19. или 20. век.
Свети цар Давид, во своите молитви кон Бога плачел пеејќи: Аз чрев, а не человјек. Се чудам каква споредба да направам меѓу цар Давид кој со црв се споредува и оној кој со Богородица се споредува... Блазе си му на опрелестениот ум на вториот!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Би додал: еден „црномањаст„ веќе се обиде да се изедначи со Бога па дури и да го завземе престолот Божји...

...така да оваа неконтролирана желба за „израмнување„ со неспоредливите со себе, веќе е виден обид, кој заврши со силен тресок на Земјава...
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Во Господ Иисус Христос верувам, Му се молам, Го почитувам и Го славам, а на Црквата сум член. Сепак, според свети Јустин Ќелиски (чиј спомен вчера го празнувавме) , Црквата ја има таа сила да иако сме скарани со Господа да не` измири и пак да не` соедини со Него.
За Црквата има една прекрасна споредба, таа е лаѓа која плови кон Идното Царство. Капетан е самиот Христос, поволниот ветар е Светиот Дух, Кој постојано ја води истата. Морнари се Пресветата, апостолите, пророците и светите отци, патници се сите ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ. ...


.


Светиот Дух - а не самобендисаноста - е печатот и нишанот на вистинското Православие!​
Секој кој во срцето поверувал, доброволно се крстил и преку дарениот Светол Дух за Слава на БОГА исповедува дека Исус е Господ - а притоа не ја изменува, се израмнува или дури издига над Христовата и Апостолската пракса, сведоштво и учење - е член на вистинското Православие!
Секој таков е (незаслужен но надприродно сакан) член на вистинскот Православие, кое се наоѓа насекаде кадешто двајца или тројца се собираат во Името Господово!​
Секој таков верник е член на Телото Христово, Кое што е вистинската спасителна лаѓа (арка), неспоредливо поголема од онаа што ја направи Св.Пр. Ноe, и која што всушност беше само сенка од Новозаветната!​
Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.
...
Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене

(Ев.Јован 17:9+20)


.
Сите седум титули кои ги изброја, Богородица не ги добила поради себе (иако во својот живот никаков грев не направила, ама сепак го наследила првородениот грев), ...

.

Никогаш немало, нема, нити пак ќе има посвета и почиста жена од блажената родителка на нашиот Господ и Спасител Исус Христос (а со тоа и наша мајка на која не сме достојни чеда да се наречеме) , но да се наречува како и Исус абсолутно безгрешна не е потполно во ред, иако нејзиниот најголем грев во споредба со нашите најмали гревови е побел (и почист) и од најбелиот (и најчист) снег!







п.с. Светиот Дух (кој во еврејскиот јазик е во женски род) е почист и поважен дури и од блажената - и во Исуса Христа Господа секогаш - Св. Дева Мајка Марија!!!


.
.
 
M

Muranyi

Гостин
Би додал: еден „црномањаст„ веќе се обиде да се изедначи со Бога па дури и да го завземе престолот Божји...

...така да оваа неконтролирана желба за „израмнување„ со неспоредливите со себе, веќе е виден обид, кој заврши со силен тресок на Земјава...
Црномањаст?Кој е тој,оној нечестивиот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сите седум титули кои ги изброја, Богородица не ги добила поради себе (иако во својот живот никаков грев не направила, ама сепак го наследила првородениот грев), ами поради Оној Кој Го родила: нашиот Спасител Господ Иисус Христос,
Тоа што блажената Марија го родила Исус, не остава ни најмал простор за нејзино обожување. славење и чествување со седум пати повеќе титули отколку што го чествуваш Господ. Впрочем и ова е само еден мал дел од титулите, кои ги има повеќе 40 во православните цркви.
Се чудам како во вас нема страв Божји да и давате такви богохулни титули на благословената Марија?!! Дали си свесен дека дури ни Бог во целото Свето Писмо не е наречен со титулите Преблагословен или Пресвет (иако тоа се подразбира)? Зарем нема во вас страв Божји што ја воздигате блажената Марија високо над Бог и ја чествувате повеќе од Бог?

(иако во својот живот никаков грев не направила, ама сепак го наследила првородениот грев)
Само Господ знае дали и колку гревови направила блажената Марија, но од каде си па ти сигурен дека не направила ниту еден грев? Да не си ти случајно Бог па да знаеш кој колку гревови направил?

И ако блажената Марија не направила ниту еден грев, тогаш таа не би имала потреба од Спасител, затоа што Бог преку пророкот Еремија вети дека нема да ги казнува децата заради гревовите на родителите. Но сепак во евангелието по Лука гледаме дека блажената Марија го нарекува Бог свој Спасител!

„И Марија рече: „Мојата душа Го велича Господа! И мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител,“ (ев. Лука 1:47, Библијата)

А исто така Библијата е недвосмислена по тоа дека сите луѓе се грешни:

„зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава,“ (Римјаните 3:23, Библијата)

Само на Несторије нечестивиот му смета тоа Пречистата да се нарекува Богородица.
Шо си се фатил за тој Несторије? Да не ти е и тој идол па затоа толку често го спомнуваш дури и кога никој не те прашува за него? Шо ми е мене гајле тоа што на Несториј му пречело блажената Марија да се нарекува Богородица?

Да те потсетам, тој се дрзнал да ја наречи Богородица, Христородица и уште на овој век го стигнало праведното наказание, црви на живот му го изеле јазикот со кој хулел на Бога и Богородица.
Ја ми, ко бајаги црви му го изеле јазикот. Тоа само во вашите „чув не дочув“ (расипан телефон) преданија. Бабини деветини.

Патем, што има лошо во изразот „Христородица“? Зарем блажената Марија не Го родила Христос? Не сфаќам каде има хулење во тоа да ја наречен Христородица онаа што го родила Христос?

МПЦ не е нова или посебна Црква, ами е дел од едната, света, соборна и апостолска Црква, чија Глава е Христос.
You wish! Only in your dreams. :) МПЦ е една од најновите верски заедници на балканов, формирана пред 50 и нешто годинки, и се уште непризнаена од целиот православен свет.

Тебе Богородица може да ти биде само сестра по дедо Адама и баба Ева, но не и по вера.
Не, туку тебе ти е далечна братучетка по Адам и Ева, а мене ми е сестра по вера затоа што јас и она имаме еден ист Татко - Бог.

Свети цар Давид, во своите молитви кон Бога плачел пеејќи: Аз чрев, а не человјек.
хахахах да да, баш на руски зборувал Давид :D Сигурно пеел во некој симпозиум во Москва :D
Шала на страна, џабе везеш на руски, тоа нема да ја натера Руската православна црква да ве признае. За неа сте и ќе останете неканонска, непризнаена, расколничка, самопрогласена црква.

Се чудам каква споредба да направам меѓу цар Давид кој со црв се споредува и оној кој со Богородица се споредува...
Не ми е јасно за кој велиш дека се споредува со Богородица? Тоа што јас ја нареков своја сестра ли? Тоа според тебе е „споредба“? Знаеш ли ти воопшто што значи зборот „споредба“? Тоа не е роднинска врска! Споредба е кога се посредуваш по одредени мерливи (квантитативни) критериуми/величини. Јас воопшто не спомнав нешто такво. Јас едноставно кажав дека таа е моја сестра по вера.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Бидејќи немам намера повеќе со несторијанци да се расправам, не за друго туку затоа што тоа нема да роди со никаков плод, те оставам на Сатаната и на неговите паднати ангели. Но едно да знаеш, кому му е Бог Отец, нему му е Црквата Мајка, и обратно. Ти посакувам да се покаеш и да знаеш дека за секој збор кој си го кажал против Црквата ќе одговараш на Страшниот Суд!
ПС: Од кај знаеш дали сум од МПЦ или сум од ПОА?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Сега забележав дека сум направил печатна грешка што го менува значењето...

Споредба е кога се посредуваш (споредуваш) по одредени мерливи (квантитативни) критериуми/величини.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Бидејќи немам намера повеќе со несторијанци да се расправам, не за друго туку затоа што тоа нема да роди со никаков плод, те оставам на Сатаната и на неговите паднати ангели.
Абе ровја да го удри да даде госпот!
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Некои велат дека (овде му неместо) е плавуш, некои црномањест, ...
Па до кога бе луѓе ќе се ориентираме по надворешности и ќе мериме по лицето (тоа е лицемерие), наместо како што доликува за вистинските чеда БОЖЈИ - по Духот?





.

Па и друго нешто не ми треба освен мојот личен однос со Бога. Јас се идентификувам со Јас, а не со другите луѓе, оние истите кои место на Бог, се приклонуваат на разноразни светци и чуда со икони.
.
Драга Wandering Star, многу е важно да се почитува и љуби секој како брат и сестра кој што верува во отелотворението на Милоста БОЖЈА - Исус Христос - и преку Духот Светол Го исповеда како свој Господ и Спасител, иако оние коишто сакаат да прават монопол нема да се сложат со тоа, плашејќисе за сопствените возвишени функции и бенефиции а заборавајќи дека Новиот Завет е пред се’ директен Завет, лично од БОГА со Духот Светол пишан во срцата на Неговите надприродно љубени чеда!


... ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: ,Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат, бидејќи ќе бидам Милостив кон нивните неправди, а за гревовите и беззаконијата нивни нема веќе да си спомнувам.”

(Еп. Евреите 8:10-12)

.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom