Духовден - најголемиот празник воопшто?

Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
1. Почитуван Спиросе, Духовден е втор по големина празник во Црквата, веднаш по Воскресението Христово т.е. Велигден. Со слеувањето во Адот Христос ги отвори адските порти и сите преминати праведници ги однесе во привремениот рај, да гледајќи го таму лицето Господово го чекаат Второто и славно Христово пришествие(доаѓање). На Духовден се роди Црквата и Духот Утешител слезе на апостолите и ги јави како премудри ловци кои со Неговата сила ја уловија Вселената. Трет празник на Црквата е Богојавление, (Крштение Христово, Во Јордание) кога Бог ни се откри дека е Света Троица, Отец, Син и Свети Дух.
2. Религијата на Спирос е синкретистичка, односно тоа е религијата на Антихристот, во која се вклопуваат и обединуваат верата и сите невери и се добива една комплексна невера. Таа невера ќе биде призната како “Вистина“, а сите оние кои ќе ја прифатат, преку неа како бонус ќе го добијат печатот на Антихристот! Оние пак кои ќе останат во Вистината ќе бидат гонети и убивани.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Што Вас ви е поважно? Црквата или вашата вера во Исус?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во Христа Бога верувам(е), а во Црквата Христова, која е Тело Негово, членувам(е).
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
1. Почитуван Спиросе, Духовден е втор по големина празник во Црквата, веднаш по Воскресението Христово т.е. Велигден. ...
.

Се сложувам и се радувам на тој редослед, но сепак, без излевањето на Светиот Дух БОЖЈИ, човекот - иако крстен со вода - не е во состојба да верува исправно, а уште помалку да практицира како што учеше и практицираше Господ Исус Христос, Неговите вистински Апостоли и следбеници!

.

2. Религијата на Спирос е синкретистичка, односно тоа е религијата на Антихристот, во која се вклопуваат и обединуваат верата и сите невери и се добива една комплексна невера. Таа невера ќе биде призната како “Вистина“, а сите оние кои ќе ја прифатат, преку неа како бонус ќе го добијат печатот на Антихристот! Оние пак кои ќе останат во Вистината ќе бидат гонети и убивани.

.
До последна капка крв и без оружје во рака ви сведочиме вам и на вашите “родители“ (кои го негираат БОЖЈОТО спасително Евангелие) дека Исус Христос е Господ (!), во Кого лично ( тоа значи во секоја Негова Клетка и секоја Негова Капка Крв) живее и е презентен Совршениот БОГ (Отец) Се’држител !

До последна капка крв и без оружје во рака ви сведочиме дека нити Господ Исус Христос, нити вистинските Апостоли и следбеници - за разлика од вашите крвави членови и членовите на вашите “родители“ - одкако Го примија Светиот Дух, дури и кога умираа не пролеаја нити една единствена капка крв!

До последна капка крв и без оружје во рака ви сведочиме вам и на вашите родители, дека Господ Исус Христос, Неговите вистински Апостоли и следбеници служеја и се поклонуваја во Дух Светол и Вистина, а не кон слика или камен, а најмалку со оружје!

.
Единствениот Вистински и Совршен БОГ нека биде кон сите Милостив и нека дари Дух Светол за секој да може да ја увиди Совршената Вистина во Христа и да ја разликува од “вистината“ на крвавите религии, кои низ историјата и сегашноста (дури и) во Името на Совршениот БОГ благословувале крвопролитија и “свети“ војни!

Амин

п.с. Во минатото (и денес) во светот постоеле (и постојат) луѓе коишто себеси се наречуваат христијани, а истовремено на најразлични (дури и крвави) начини (слично на мухамеданците) се борат против чедата БОЖЈИ, кои - преку Духот Светол без оружје во рака а за Слава на БОГА - сведочат дека Исус е Господ и притоа не се поклонуваат кон цртани икони, склуптури, ... или кон меканскиот камен!

Писмово е автентично. И не се муслиманите толку лоши како што ги претставуваат.
Според законите на Отоманската империја, град кој доброволно ќе се предадел, односно без борба ќе бидел освоен, добивал верска автономија. И во него НЕ СМЕЕЛО да се турни ниту една црква или друг верски објект. Таков пример е градот Прилеп во кој за време на Отоманската власт ниту една црква не била урната или претворена во џамија. И до заминувањето на Турците од градот, односот меѓу муслиманите и христијаните бил родителско-детски. Муслиманите на Христијаните гледале како на свои деца, а Христијаните на Муслиманите како на свои родители. Од друга страна, на жалост, со доаѓањето на безбожните комунисти на власт, сите 6. џамии се урнати. Денес муслиманите во овој град немаат каде да се молат на Бога.

Писмо на Мухаммед а.с. до монасите на св.Катерина
.
 
B

Black Guard

Гостин
Сега сум збунет и се прашувам колку христијаните го познаваат христијанството??

Зарем не е велигден најголем празник кога исус воскреснува и повторно се појавува потоа во физичка форма што значи дека не ни умрел,всушност нели исус постоел уште пред адам и ева како духовен ентитет создаден од бог па за потоа да биде пратен на земјата??

Нели е велигден најголем Христијански празник??
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Сега сум збунет и се прашувам колку христијаните го познаваат христијанството??

Зарем не е велигден најголем празник кога исус воскреснува и повторно се појавува потоа во физичка форма што значи дека не ни умрел,всушност нели исус постоел уште пред адам и ева како духовен ентитет создаден од бог па за потоа да биде пратен на земјата??

Нели е велигден најголем Христијански празник??
.

Да, Велигден е најголемиот празник, а Духот Светол - без Кого несоздадената Мудрост БОЖЈА (тоа е БОЖЈОТО Слово) не ќе можеше да биде инкарнирана како безгрешен човек (Исус), нити Неговото Прасвето Тело ќе можеше да биде воскреснато од мртвите - е после БОГА (Отецот) најважното!

1 *Светол БОГ
1 *Свето БОЖЈЕ Слово
1 *Светол БОЖЈИ Дух

Единствениот Вистински и Совршен БОГ за Совршената Вистина нека секому дари ново срце, очи и слух

Амин

.
.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сега сум збунет и се прашувам колку христијаните го познаваат христијанството??

Зарем не е велигден најголем празник кога исус воскреснува и повторно се појавува потоа во физичка форма што значи дека не ни умрел,всушност нели исус постоел уште пред адам и ева како духовен ентитет создаден од бог па за потоа да биде пратен на земјата??

Нели е велигден најголем Христијански празник??
Да, Великден навистина е најголемиот празник во Црквата, оти на тој ден Христос ја победи смртта. Спаѓа во групата Господови празници, исто како и Духовден, ден кој е посветен на третиот лик од Света Троица, а воедно и ден во кој е основана Црквата.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Што Вас ви е поважно? Црквата или вашата вера во Исус?
Во Господ Иисус Христос верувам, Му се молам, Го почитувам и Го славам, а на Црквата сум член. Сепак, според свети Јустин Ќелиски (чиј спомен вчера го празнувавме) , Црквата ја има таа сила да иако сме скарани со Господа да не` измири и пак да не` соедини со Него.
За Црквата има една прекрасна споредба, таа е лаѓа која плови кон Идното Царство. Капетан е самиот Христос, поволниот ветар е Светиот Дух, Кој постојано ја води истата. Морнари се Пресветата, апостолите, пророците и светите отци, патници се сите ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ. Разни еретици (римпаписти, лутерани и нивните вонбрачни деца), новото време, среброљубието, блудот, Антихристот, иноверците сакаат да и наштетат и да го потонат овој брод, но не успеваат! Иако многу често успеваат да грабнат некој од нејзините патници.
Ересите и сектите се како чунови кои се одалечуваат од светата црква и од поволниот ветар. Водени од бури заталкуваат и нема да стигнат до местото кон кое тргнале. Место до Иерсалим ќе стигнат во Вавилон!
 
За симболиката на Црквата, како брод, кој не е од овој Свет, а на кој удираат силите на злото:
http://borbazaveru.info/content/view/3846/28/
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Црквата ја има таа сила да иако сме скарани со Господа да не` измири и пак да не` соедини со Него.
Ех камо да беше така, камо да можеше друг да одлучува за твоето спасение, друг човек да посредува меѓу тебе и Бог, друг да те помири. Но Светото Писмо е јасно по ова прашање - секој лично треба да си ги помири односите со Господ, секој лично ќе застане и ќе одговара пред Бог.

Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус, “ (1 Тимотеј 2:5, Библијата)

За Црквата има една прекрасна споредба, таа е лаѓа која плови кон Идното Царство. Капетан е самиот Христос,
Доколку Христос е Капетан на тој брод, тогаш на тој брод би се почитувале Христовите наредби, на тој брод би се поучувало Неговото учење, а не учењето на некои ткн „свети отци“ и православни небиблиски преданија.
Доколку Христос е Капетан на тој број, Тој таму не би дозволил да се слават луѓе, не би дозволил идолатрија, фетиши, иконопоклонство, клањање пред лешеви, мешање на црквата во политика, ценовници за црковните услуги, етнофилетизам, неговите службеници не би се кителе со великодостојнички мантии, патниците не би им бацувале раце итн. Сите верници би му ги упатувале молитвите на Исус, а не на луѓето.

Морнари се Пресветата, апостолите, пророците и светите отци,
Исус никаде не и дал водечка улога на блажената Марија во рквата. Блажената Марија во евангелијата и делата на апостолите никаде не ја гледаме во таква улога. Впрочем таа е само еднаш спомната во делата на апостолите (како една од присутните меѓу другите жени во собата каде што биле собрани Христовите ученици. Во посланијата од Новиот Завет Марија НИТУ ЕДНАШ не е спомната.
Апостолите биле тие што ја воделе Црквата, а меѓу нив се истакнувале Петар, Јаков и Јован - кои ги нарекувале „столбови“.
Значи темелот е Исус, а основата ја поставиле апостолите и пророците (а не светите отци), затоа и Светото Писмо за христијаните вели дека се:
„надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус, врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа, “ (Ефешаните 2:20, Библијата)

патници се сите ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ.
Сите? Сакаш да кажеш СПЦ, ГПЦ, неканонската МПЦ, РПЦ, неканонската УПЦ, БПЦ итн сите овие заедно на еден брод? :eek: Доколку овие би биле навистина во ист брод, тие веднаш би се удавиле, но не во водата, туку би се задавиле со сопствените раце едни со други.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
секој лично треба да си ги помири односите со Господ, секој лично ќе застане и ќе одговара пред Бог.
Е ајде де, како Ти, лично, се помири со Бога? Живо ме занима...

И не заборавај да дадеш „..библиски цитат...„, на то редовно „паѓам„...
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 12:45 ---
Доколку Христос е Капетан на тој број, Тој таму не би .
А од кај знајш дали Христос нешто „би„ или „не би„?...
Да не си застанал на Неговото место?

И све то поткрепено со „..библиски цитат...„, нели..
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 12:46 ---
Блажената Марија во
Која е „блажената Марија„?
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 12:47 ---
Во посланијата од Новиот Завет Марија НИТУ ЕДНАШ не е спомната.
Еве, моето име, на пример, ниту еднаш не е споменато во Светото Писмо, ама јас сепак, постојам и без тоа споменување...
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 12:49 ---
„надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус, врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа, “ (Ефешаните 2:20, Библијата)
Посланието е напишано во времето од т.н „апостолски век„, каде Црквата се‘уште е млада и се‘уште нема Светии...

Дај, не манипулирај...
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 12:50 ---
Сите? Сакаш да кажеш СПЦ, ГПЦ, неканонската МПЦ, РПЦ, неканонската УПЦ, БПЦ итн сите овие заедно на еден брод? :eek:/quote]

Не, никако!

Па јас веднаш си помислив дека Ортофил мисли на „изворните„ од Дебар Маало а не на помесните Цркви.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ех камо да беше така, камо да можеше друг да одлучува за твоето спасение, друг човек да посредува меѓу тебе и Бог, друг да те помири. Но Светото Писмо е јасно по ова прашање - секој лично треба да си ги помири односите со Господ, секој лично ќе застане и ќе одговара пред Бог.

Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус, “ (1 Тимотеј 2:5, Библијата)
Ако секој лично треба да си ги помири односите со Господ, зошто потребата од посредник?
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Значи Чорбаџија како не ти е срам и страв да плукаш по Пречистата, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија? Зарем цел легион паднати ангели има во тебе па ти го заматиле умот постојано да улиш по онаа која Спасителот ни го роди? Не можам да сфатам господо новонесторијанци зошто се плашите Пресветата Приснодева да ја викате Богородица! Зарем Господ Иисус Христос за вас не е втората ипостас на Пресвета Троица? Христос од крстот не се погрижи за апостолите, ами за Мајка Си, така што му ја предаде на свети Јован Богослов да се грижи за Нејзе.
Г-дине Чорбаџијо, што мислиш кога умреле апостолите цели 14 века Господ ја оставил Црквата без пастири? Епа те лажат демоните, по апостолите дојдоа Светите Отци и Мајки (епископи, презвитери, ѓакони, монаси и монахињи и праведни мирјани).
Имам едно многу важно прашање до тебе, каде во Светото Писмо стои дека Христос ќе оформи некоја си нова „црква“? Па зарем не читате дека тајната на Христа и Црквата е слична со тајната на бракот меѓу мажот и жената. Е сега вие сакате да го правите Христа блудник и прељубодеец! Вратете се во Црквата, оти скоро е времето кога вие од сите секташко-еретички заедници ќе почнете да му се клањате на Антихристот и неговите слуги.
Ние го имаме печатот на Светиот Дух со кој се запечатуваме на светата тајна миропомазание, ама кој го нема овој печат или се откажува од истиот, ќе биде запечатен со печатот на Ѕверот.
Патем не би сакал да се расправам со некои нововерци, ама нема да молчам кога некој ми ја напаѓа мајка ми (било да е тоа мојата родена мајка, Мајка Богородица или пак мајката Црква)!
--- надополнето: 15 јуни 2012 во 14:28 ---
За симболиката на Црквата, како брод, кој не е од овој Свет, а на кој удираат силите на злото:
http://borbazaveru.info/content/view/3846/28/
Мики благодарам што го постави овој прекрасен и богоугоден текст. Ама кога на коњот ќе му ги стават уздите тој не гледа ни лево ни десно, па дури и не размислува. Така некои се зауздани од кнезот на овој свет!
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Црквата за која Исус ни укажува е света заедница меѓу нас и Бог. Никакви светци, богородици, икони на светци, никакви "отци" кои не благословуваат. Тоа е една тајна и интимна заедница во која сме ние и Бог и никој друг.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Ова тврдење прв пат од тебе го слушам. Значи според тебе секој човек е посебна црква (Господи прости ми, оти зборот црква вака го употребувам)?
Тоа е според тебе, ама не е така. Црква е заедницата на Бога, ангелите кои не паднаа и сите луѓе (живи и умрени) кои сакаат да бидат дел од истата. Тоа што ти го замислуваш дека е “црква“ (Господи прости ми), е само личностниот однос меѓу тебе и Бога.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom