Другарска љубов меѓу машко и женско... има или слабо?

B

Borg_Drone

Гостин
Да бе, немало , особено кога ќе го чујам ова од женската страна...........Работава ќе испадне на крај дека се заљубуваме во сите оние што ќе ги сретнеме на улица, односно во сите оние што се припадници на спротивниот пол.Кога некој ќе се реши да ја надмине границата, тогаш нормално и дека другарската љубов ќе прерасне во нешто поголемо; се додека се одвиваат работите до границата, работите ќе си бидат во ред.За привлечност да, можно е да се создаде, но исто така е можно и таа да се спречи да прерасне во нешто поголемо.Што значи нема врска тоа што се говори дека не е можна другарска љубов помеѓу машко и женско, барем за мене возможна е таа љубов.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Има иако се расипуваат поради испробувањето на имање на љубовна релација дечко-девојка. Но тоа е немање на начин на живот или у превод - ај да се изебеме да видиме што ќе се деси понатака. И што после? некад не треба да се експериментира во случај кога пријателството си оди како подмачкано. А оди само кога се има искрени пријателски чувства и искажување на истите.
 
^amfibija^

vodozemec
Член од
31 јануари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
14
како зошто? вистинскиот другар го доживувам скоро као и брат. би имал ли ти поинаква љубов со сестра? кога некој го дозивувам и гледам као другар, тогаш тој е за мене другар, исто како и некоја што би ја доживувала као другарка. би имала секс нагон кон другарка? цццц...ДРУГАР е тежок збор со сопствена вредност. изгледа тешко некои разликуваат другар од познаник, или пак слабо го подрзабираат неговото значење. ако другарот ти буди симпатии на заљубување или сексуално привлекување, тогаш тој ти само мислиш дека го сметаш за другар, но автоматски влегува во категорија симпатија и потенцијален дечко за љубовна врска
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ако другарот ти буди симпатии на заљубување или сексуално привлекување, тогаш тој ти само мислиш дека го сметаш за другар,
Koга си започнала со некое машко да другаруваш, тој и тогаш бил машко и исто како и ти, имал сексуален нагон.
Дали си машко или женско е одлучено уште при раѓањето и полот не следи целиот живот и е значаен при сите можни настани.
вистинскиот другар го доживувам скоро као и брат. би имал ли ти поинаква љубов со сестра? кога некој го дозивувам и гледам као другар, тогаш тој е за мене другар, исто како и некоја што би ја доживувала као другарка. би имала секс нагон кон другарка? цццц...
Споредувајќи ги овие две работи - потенцираш дека не можеш да замислиш љубов со другар. Љубов со сестра или друг близок роднина, не е допуштена, бидејќи од такви врски би се родиле дегенерици и е законски забранета и казнива. Љубов кон ист пол, во принцип не ни може да се појави. Јас никогаш, ама никогаш, не сум ни погледнал во ниеден маж.
А ти овие две работи, кои се неможни, ти ги споредуваш со евентуална љубов со другар или пријател од спротивниот пол, за да докажеш дека љубов со другар не е можна.
Зарем треба љубовни и сексуални односи да имааме со некакви непријатели, ако не смееме да имаме со другари и пријатели од спротивниот пол?
Мислам дека тоа се само предрасуди.
Постојат и тоа голем процент, љубовни врски кој започнале со другарство и пријателство, а завршиле со брак. И такви бракови се обично многу успешни.
Објасни, зошто тврдиш дека такво нешто не е можно?
 
^amfibija^

vodozemec
Член од
31 јануари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
14
не реков јас дека не можи да се роди љубов помегу двајца другари од спротивен пол. само тврдев дека постои чиста, вистинска другарска љубов, без ни едниот да помислил на таков начин кон другиот...
според мене заљубувањето кон другар/ка доаѓа кај некои со тек на другарување, затоа што како такви најдобро се познавате еден со друг, со сите свои маани и доблести, но сепак не значи дека не постои другарската љубов како што некои тврдат...тој случај го опишував погоре.
исто така кажав дека сум имала и други машки другари(мн. повеке од женски) и се случило тоа да ете, некој од нив пројави симпатија спрема мене па да посака нешто повеќе. е затоа погоре кажав дека во тој случај само мисли дека ми е другар, и споредбата со брат/сестра, или као другар од ист пол веќе нема улога овде и со тоа се губи јачината на другарството (веќе не си исто како пред тоа со таа персона, називот другар тука бледее). а тоа споредував за да ја покажам чистата смисла на другарството во најблиска смисла.
 
Фала курцу, еден исправен коментар да прочитам од женска страна.Преку таквото од оние размислувања дека никогаш немало другарска љубов помеѓу машко и женско и не знам си што.Нема, зошто едниот од тие двајца се одлучил на тоа, доколку знаат и двајцата до каде им се границите нема потреба тогаш од некаква паника....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
затоа што како такви најдобро се познавате еден со друг, со сите свои маани и доблести,
Oва го подцртав и е во суштина на моето мислење дека некој од твоите другари и пријатели ти е најповолен иден брачен партнер.
 
^amfibija^

vodozemec
Член од
31 јануари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
14
:pos:јас веќе имам брачен другар кој од почетокот не сум го сметала за другар,туку директ брате симпатија од прва :icon_mrgr:
тоа јас не го оспорувам, но забораваш една битна работа за љубовна врска=она што се нарекува хемија, го познавал ти или не својот партнер како вистинскиот другар, таа игра најголема улога. без неа нема возбуда
 
A дали и твојот брачен партнер, уште од почетокот ти пристапил кон тебе на ист начин како и ти кон него?
Тоа што и го нарекуваш „ хемија “, секогаш има и рационално објаснување
 
^amfibija^

vodozemec
Член од
31 јануари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
14
со него никогаш не сме биле другари. јас не сум тип што трча по машко. секогаш оставам тие да трчаат по мене за да бидам сигурна дека некој не е со мене онака колку да ме „помини„. таа „хемјата„ јас не спорам дека не можи да се најди и помеѓу дваца другари. но затоа реков и погоре, тоа никогаш не било другарство, кога се засновало на симпатија. јас зборев за чистито другарство, обострано... дека го има иако е ретко. другото е само заблуда дека сме биле другари. се разбира како што од секое правило има исклучок така и од ова. ама можи ке забегам од темата малку, еве ти едно реторичко прашање: колку љубовниците после раскинот можат да се другари?(одбиј ги амерските филмови, дали ти си видел некој таков) - толку и тие што станале љубовници биле вистински другари. поентата ми е дека тие само мислеле дека другаруваат, или едноставно барем еден од нив „глумел„ другарство додека не го прифатил потполно другиот за нешто повеке од само симпатизирање пријателчето со кое се дружел допаѓајки му се во целост откако добро го запознал. повеќето луѓе не се заедно од љубов на прв поглед. морало прво време да има една дружба на запознавање, ама таа бре пријателе не се нарекува другарство. таа е само фаза до врската. кај некои подолго трае, а кај некои не. и пак ке ја иступам сега... значи, збораме за вистинско другарство, не за некоја верзија на дружење до чинот на врска или прекин на контакт, ако другиот не пројавил таков интерес или пак дружење со симпатизирање од едниот. тоа во никој случај не можи да е другарство. се јавува љубомора така, а така другарството не функционира. тоа во вистинската смисла е несебично и тука нема место да се завидува.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
колку љубовниците после раскинот можат да се другари?
Jас со сите ( освен со една ) мои бивши одржувам пријателски контакти. Сите знаат дека во се можат да се потпрат на мене. Ги знам и нивните сегашни брачни партнери ( додуше некои се раставени ) и меѓусебно фамилијарно се посетуваме.
Инаку по мене никој не „ трчал “, ниту јас би прифатил такво нешто. Љубомора, посесивност и слични работи никогаш не сум чувствувал.
Се зависи од нашиот карактер, сите сме различни.
Меѓутоа, другарите од школо, другарите од маало, колегите од работа, децата на пријателите на твоите родители, со еден збор тие што ни се врсници и блиски пријатели, се најпогодни брачни партнери
 
секоја ти чест. ти си еден од исклучоците. ние зборуваме за во глобала... а јас ретко гледам вистински пријатели-другари од ист пол(без да таа љубомора или завист не настапи во одреден момент кај едниот и расипи се), па за машко-женско да не зборуваме... ако љубовта смеша прсти. значи, машко на женско и обратно, можи само привидно да е другар додека не стигни до фаза на врска. ... и да не ја тупам пак... секој изгледа различно свака поим другар во машко-женска релација посебно. немој да ми кажиш дека врската што сте ја имале во одреден период не влијаела на вашето пријателско контактирање. сепак ти со своите бивши не си другар со кои се дружиш константно, туку повремено. и добро кажа самиот дека одржуваш пријателски контакти(што е за поздравување), значи повремено
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
секоја ти чест. ти си еден од исклучоците. ние зборуваме за во глобала... а јас ретко гледам вистински пријатели-другари од ист пол
Зошто ? Ако некого некогаш си сакала, си поминала дел од животот со него, логично е таа личност да ти е блиска.
Како ти се однесуваш или би се однесувала со „ бившите “?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom