Дрога ( Наркотични дроги )

Член од
14 август 2006
Мислења
45.265
Поени од реакции
84.362
Една од најголемите грешки што ги прават нарко-аналфабетите е поистоветувањето на дрогите, т.е. ставањето на сите во ист кош.

Не е толку лошо што марихуаната ја ставаат во ист кош со хероинот, туку лошо е што хероинот го ставаат во ист кош со марихуаната.
Љубопитнте младенчиња почетници ќе си создадат погрешна претстава за хероинот.

Да претпоставиме дека е прифатлива представата на игнорантите, а тоа е - сите дроги се исти.
Тогаш постои шанса, гореспомнатите (жртви) да си ја создадат следнава погрешна слика:
-Сите пушат грас и немаат гајле. Е колку може да е полош е хероинот?
Според наметната фалш претстава за изедначување - не многу.

А у ствари - ептен многу.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
На хрватскиот форум за дрога(линк), што го имав еднаш спомнато и предходно овде на темава, конечно се оделија двете спротивности кои некогаш мислеа дека би можеле заедно. Уште пред тоа знаев дека траварите и психонаутите не виреат заедно(како што одамна се изразив овде). Така на стариот форум си останаа траварите, а психонаутите си направија свој форум (линк). Прашањето на кое размислувам некое време ми е: каде се овдешните психонаути, или само травари има на форумов на кајгана?

Патем, ако е расположен некој за ваква ствар >> WELCOME.
Поздрав!
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Одамна нема никој пишано па викам си дај да пишам нешто . Кај почетниците кој употребуваат марихуана постое огромно не познавање на квалитетот на марихуаната. Да почнам од почеток моите почетоци беја многу многу одамна детиште. Во тој период во мојот град имаше нешто навистина пркрасно кога повлекуваш осеќаш како ти се затоплуваат градите,да се разбереме не ти го надразнува грлото туку ѓи затоплува градите и имаше нешто што ние го викавме бугарчок е тоа беше очи да ти испаднат повеќе ти занесува и го омалаксува телото отколку да се почуствуваш онака убаво. Денес во македонија за разлика од порано можат да се најдат неколку видови на марихуана ,по име не ѓи знам но ќе се обидам да ѓи објасанм,затоа што често се случува доколку од еден 1 се откачат 5-6 луѓе да се зборува дека тоа е прсканица(додавање на модар камен , прашкови кој на инсектите им делуваат на нервниот систем и уште многу друѓи работи).Времето на овие прсканици помина, да бидам искрен се уште може да се начека како им продаваат на почетниците од овие навистина штетни работи. Денес одгледувањето на марихуана е натпревар како што има натпревар во вкрстување на цвеќиња со цел на нивно подобрување(боја ,мирис итн.) Досега во Македонија сум начекал неколку видови разликувајќи се по изгледот мирисот и по дејтвото кое го имаат од оние кој ве тераат без причина да се смеете до оние кој ве тераат да се исклучите и да размислувате ,ѓи поштувам вторите.Зелена туфка со кафени конци со мирис на босилок има топчеста форма е природна и нема потреба од страв само да не се претера убава е за размислување за разговарање треба да се прави разлика од убаво оформена туфка и млада туфка убаво оформените се поубави овие друѓите ѓи берат помлади со цел да има повеќе тхц,сепак јас сум за постара. Многу битна работа е и процесот на сушење секогаш треба да се обрнува внимание на сушењето темната боја е доказ дека не е сушена онака како што треба што не би значело дека нема да има ефект при пушењето но се губи на квалитет.Овој вид на туфки ѓи препорачувам за само консумирање но пак ќе повторам да не се претера после 2 дим ќе се осети дали да одиш понатаму или треба да одмориш може и со друштво но препорачувам домашна атмосвера и луѓе пред кој можеш да се опуштиш Светлозелена со бели кристали ова ми е некако хистерична ја сакам но неможам да ја пушам сам, мора да бидам во друштво има разговор и во нејзе но не онаков каков што сакам јас. Вакво нешто е добро за во природа со пријатели затоа што го отвора мозокот за како да се изразам побрзо размислување и перцепирање на работите.Домашна атмосвера не препорачувам затоа што имаш енерѓија која неможеш да ја ослободишво затворено(не мислам на енерѓија за трчање). Многу убаво е во комбинација со женска има некоја енерѓија кој кружи околу вас. За смешните ќе кажам дека не неможам се уште да најдам атмосвера каква би ми одговарала сам сум како од лудница испаднат дури ме фаќа и страв,со друштво зависи кое секогаш има од оние - еј абе човек чера ногу откачи како мало дете беше. Употребувајте марихуана во умерени количини бегајте од чичковци со капи и кога ќе осетите мала нервоза тогаш кога не си напушен тоа е знак дека треба некое време да паузираш.
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Мандрака

За оние што ги интересира околу македонските психоделични билки, ќе пастирам еден блог пост:

Македонски психоделични билки (Мандрака)


Многумина психонаути и нивни приврзаници се заинтересирани за експериментација со непознати психоделични билки, кои всушност се сметаат за отровни, но некогаш зборот „отровно“ не мора да означува смртоносно. И меџик машрумс се сметаат за отровни, но со правилна употреба, всушност не се. Како и да е, слободоумните психонаутофили се на вистинскиот пат да станат психонаути со индивидуални искуства преку психоделични сеанси (или магични ритуали) и психоделични напитоци (или древно – волшебни напивки).

Се фасцинирав од растението Мандрака кога прочитав дека шкотлаѓаните продаваат паста (смеса) од македонска Мандрака опишувајќи ја како најмоќна магична билка која во магичните ритуали може да му отвори нова перспектива на корисникот, а погрешените патувачи да ги врати во вистинскиот правец. Имено, се припомнува дека оваа македонско растение било инспирација во еден дел од Хари Потер светот. Писателката на Хари Потер – Џоана Џо Ролинг очигледно добро се запознала со македонската билкарска култура.
Мандрака е растение од фамилијата Мандрагора, содржи делириант, халуциногеник и тропан. Делирант создава состојба на делириум, халуциногеник додава халуцинации и тропан е биолошки нитроген кој го има во атмосверата 78%. Коренот на растениево традиционално се користи во магични ритуали од неопагански религии: Wicca и Germanic revivalism и религии како: Odinism.

Според легендата, кога ќе се извлече од земја коренот, тој вреска и убива се околу него. Така Јосефус од Ерусалим (од 37 год, до 100год од нов век) создал инструкција за извлекување: „Се откопува и се пушта куче да се приврзе со неа, потоа се бега, а кучето ќе го следи човекот но ќе умре и после човекот се враќа и може безбедно да ракува со билката.“

Елифас Леви (Eliphas Levi, француски окултен автор и наводно волшебник од 19-ти век) во својата книга „Трансцедентална магија е докторина и ритуал“ има напишано дека Мандрака претставува цела нов график или илустрација на човекот, а особено кај посилните т.е. маженствените луѓе. Ја користеле тесалијанските (област во грција) јасновидци за правење на philtres – љубовна напивка, всушност лесна дрога за зголемување на сексуалната страст. Слична љубовна напивка денес се произведува со традиционална дестилација на боровинки, но тоа е без дрога и се третира како овошно вино. (сега дознавам зошто го љубам овошното вино Сангрија
).

Многу антички писатели во своите дела ја имаат опишано Мандрака во милион различни перспективи и верувања за лековитите дејства. Старите англо-саксонски билкари имаат рецепт за лечење од „ѓаволска болест“ во кој се зема дел од телото на Мандрака со тежина од три пени и се вари со млеко и по неколку дена болниот ќе биде излечен. Вартоломеј исто така има рецепт за анестезик со малку изрендана кора на коренот на Мандрака и потопена во вино. Изгледот на растениево е доста сличен со сојузиничкото психотропно растение Беладона, а има форма на морков, но во покрупна форма (од 5 до 20 сантиметри). Во древните книги е опишан во облик на човечко тело или маж со долга брада, но некогаш и со женско тело со многу густа и долга коса.
Има и други психотропни растенија кои можат да се најдат во Македонија, на пример: Салвиа Дивинорум, Пејота, Беладона, Морнинг Глори, Датура, Ергон (од јачмен) и уште многу. Овде имате подетално инфо за нивни дејства, форми и слично: ЛИНК. За произведување на психоделични печурки во Македонија, ѕирните овде: ЛИНК.
Open your mind.
 

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
секој ден шмркам и супер ми е
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.841
Поени од реакции
11.491
Прашањето на кое размислувам некое време ми е: каде се овдешните психонаути, или само травари има на форумов на кајгана?
Мислам дека мал е бројот овде, поради фактот што се работи за форум каде 80% се деца помали од 18 години, така да јасно е ;) а зошто не пишуваат психонаутите за нивните авантури, мислам дека подобро е да седнеме негде во природа, парк, кафе, мафе и ко луѓе да си споделиме искуства : )

Поздрав
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Многу се дрогирате бре... не е веќе у мода тоа.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Мислам дека мал е бројот овде, поради фактот што се работи за форум каде 80% се деца помали од 18 години, така да јасно е ;) а зошто не пишуваат психонаутите за нивните авантури, мислам дека подобро е да седнеме негде во природа, парк, кафе, мафе и ко луѓе да си споделиме искуства : )

Поздрав
Nuff Said!
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Мислам дека мал е бројот овде, поради фактот што се работи за форум каде 80% се деца помали од 18 години, така да јасно е ;) а зошто не пишуваат психонаутите за нивните авантури, мислам дека подобро е да седнеме негде во природа, парк, кафе, мафе и ко луѓе да си споделиме искуства : )

Поздрав
Не бидам ли обавестен...
 

outTake

Psychonautic
Член од
2 септември 2009
Мислења
140
Поени од реакции
118
Мислам дека мал е бројот овде, поради фактот што се работи за форум каде 80% се деца помали од 18 години, така да јасно е ;) а зошто не пишуваат психонаутите за нивните авантури, мислам дека подобро е да седнеме негде во природа, парк, кафе, мафе и ко луѓе да си споделиме искуства : )

Поздрав
Манс, поарно би било.. некогаш, можеби. Само јас сум од друг град и тоа малку кочи.. Би можело ако веќе има повќе ентузијасти, да организираме летово еден трип до Плачковица во планинарски дом. Сигурно би било интересно, а и највисока планина е, од блискиве.. : ))
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Бре ама отвара апетит, се изнајадов ситници. :P
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Забрането користење Дрога, пушете само добро срање, WEED!!!:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom