- Член од
- 8 февруари 2007
- Мислења
- 1.968
- Поени од реакции
- 43
Ти кажаа дека постои учебник, да не повторувам.Не кики, можеби во Скопје, бидејќи неколку години се работи по нова програма. Конкретно кажувам за моето училиште, економското во Битола. Ние сме прва генерација економски асистенти, по ФАРЕ програма (во Битола, да се разбереме, за во другите градови не знам), немаме учебници по НИЕДЕН стручен предмет, професорите или диктираат, или фотокопираме ливче по ливче.
Никој нас не не` спремаше за матурскиот испит, никој не го ни спомнуваше се до годинава. Професорите по предметите што треба да се полагаат велат дека колку толку пробуваат да ја усогласат програмата, но сепак, има многу недостатоци.
Вчера ни рекоа дека кон средината на мај ќе добиеме материјал што треба да го спремаме за полагање и кон крајот на јуни се испитите.
Треба да се почека со државната матура, се додека СИТЕ училишта во Македонија не се усогласат, да работат по ИСТА програма.
И уште еден ОГРОМЕН пропуст - немаме предмет статистика. Какво е тоа економско училиште без предмет статистика?
Дека онаков „штрајк“ не е во ред, не е. Но дека треба да си ги побараме правата, треба. Се разбира, во согласност со сите процедури.
Еве пак ќе кажам дека за таа државна матура се зборува уште од 2001 кога јас се запишував средно. Не е ништо ново па затоа и немате основа да правите глупости како што се безпотребните штрајкови по улици. И не се бунете толку. Па ние имавме три предмети што ги полагавме во средно :
- пишувавме тема по македонски јазик
- имавме матурска тема за бранење
- и уште еден предмет.
Потоа за на факултет имавме да спремиме 2 предмета за приемен. И што? На нас ни било лесно а? Па некои прв пат сретнуваа некои од тие предмети што требаше да ги полагаат па пак си учеа и си го положија приемниот.
Проблемот е што не ви се учи, на повеќето барем, и сега сакате да си најдете некој глупав изговор. Па од тој изговор произлезе и штрајков, а не се штрајкува на тој начин верувајте. Треба да си објавите штрајк и да си седите во училната и на тој начин да ја бојкотирате наставата. Ама не..вие моравте да излезете и да докажете дека не знаете како да се однесувате. Мора да зборувате дека не сте знаеле за постоењето на матурата и ред други глупости...Да ви кажам дека ми е мака и телевизија да гледам. Па уште деца со 2 минути школо и без речник излегле да ги објаснуваат овие работи на телевизија. Ај да не продолжувам поарно.