Фирмарина ти е 6000 денари од една фирма еднаш годишно, дури над 50% не го плаќаат се додека не им ја блокираат сметката, данок на имот е симболика и е по 1000 денари максимум од една куќа, само овие давачки одат целосно кон општината.
НО каде се ДДВ 18% кои претставуваат големи суми, каде одат парите што ги даваме како акциза за нафта, цигари, алкохол? Каде одат парите што ги плаќаме за регистрација, осигурување на возилата, патарини, од казните за сообраќајни прекршоци, флрање ѓубре, плукање на улица? Каде одат парите кои ги плаќаат земјоделците како данок на добивка? Каде одат парите кои ги плаќаат фирмите по разни основи лиценца за алкохол, за фискализација, инспекција, лиценци за ЦЕМПТ дозволи и разни даночни основици? Сите тие пари одат на сметката на БУЏЕТ на РМ.
Дали можеш да замислиш за колкави пари се работи и тоа за еден град како Ресен, а да не зборуваме за една струмица која 5 пати е поголема од Ресен што се влеваат буџетот. Тоа не се 100 илјади евра, туку се милиони евра на годишно ниво.
Некогаш не треба да гледаш со партиски очила за да сфатиш, зошто и ти си граѓанин на Ресен и ти плаќаш данок, но за возврат не добиваш ништо.
еве ти сам што имаш нашишано знаеш и сам каде
На почетокот на седницата, советниците го усвоија записни-кот од претходната седница на Советот, по што продолжија да работат по предложениот дневен ред.
При разгледувањето на кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општината Ресен за периодот јануари-септември годинава, беше посочено дека ис-тиот е подготвен согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Вкупните приходи во периодот јануари-септември 2008 година се остварени со вкупен износ од 134. 268.623 денари, што претставува 65,58% од планираното. Останатите приходи беше образложено дека ќе се реализираат во следниот квартал. Вкупните приходи биле остварени преку основниот буџет (56,27%), наменски дотации (73,12%), самофинансирачки активности (45,55%) и донации( 92,11%).
Вкупните расходи пак во периодот јануари-септември 2008 година се реализирани во вкупен износ од 123.186.858 денари, што претставува 60,17% од планираното. Вкупните капитални расходи биле реализирани со 7.664.421 денари, што претставува 36,46% од планираното.
Раководителот на Секторот за финансии и буџет во Општината Ресен, Насип Беќири, пред советниците истакна дека кварталниот извештај е реален како во приходниот, така и во расходниот дел, додека пак основниот буџет на Општината Ресен, според него, е одлично структуриран во однос на платите и надоместоците.
Кварталниот извештај беше прифатен од страна на советниците, како и одлуката за измена и дополнување на буџетот на Општината.
Во однос на информацијата која ја опфаќа наплатата на локалните даноци и надоместоци во периодот 1.1 до 30.9.2008 година, беше потенцирано дека наплатата на данокот на имот од правните и физичките лица во Општината Ресен е на едно задоволително ниво и во однос на минатата година, бележи пораст за повеќе од 50 проценти.
Податоците говорат дека намалени се приходите кај данокот на промет кај недвижностите кои споредбено со лани, бележат намалување за околу 32%.
Идентична е и ситуацијата со данокот на наследство и подарок, кој исто така бележи намалување во однос на минатата година.
Приходите од комуналната такса се едни од поголемите приходи кај локалната самоуправа. Комуналната такса претставува јавна давачка која се плаќа за користење на одредени права, предмети и услуги од страна на правни и физички лица кои вршат дејности. Во тековната 2008 година, со комунална такса во Ресен се задолжени 702 правни лица и самостојни вршители на дејност.
И тука наплатата е намалена во однос на минатата година. Заради ваквата состојба, со цел да се зголеми ефикасноста на наплатата, се пристапи кон присилна наплата со забрана за користење на парични средства од жиро-сметките на правните, односно физичките лица кои вршат дејност. Активностите на даночната администрација за наплата на оваа такса продолжуваат во континуитет.
еве и нешто друго најдов
Од 1 јануари годинава Општината Ресен е во втората фаза од фискалната децентрализација и како резултат на тоа буџетот за 2008 година проектиран на 204.106.266 денари е далеку поголем од лани. При подготовката на буџетот евидентна е реалноста во планирањето на приходите и расходите, а во целост се испочитувани и насоките од Министерството за финансии.
Во овие средства даночните приходи учествуваат со 24,8 отсто, неданочните со 5,6 отсто и трансферите со 69,6 отсто.
Од вкупно планираните приходи во буџетот за 2008 година основниот буџет изнесува 81.434.500 денари или 39,9 отсто. Т
оа е структурата на приходите, кај кои оваа година се планира драстично зголемување на данокот на имот, како резултат на измените на Законот за данок на имот, каде има опфат на даночни обврзници од 12 нови селски населби ко досега беа регистрирани како пасивни подрачја. На новите законски одредби за плаќање данок на имот ќе бидат подложни и деловни објекти и простории кои заклуч но со 2007 година беа ослободени од данок. Според информациите од Секторот за финансии, буџети и даноци при локалната самоуправа, подготвителните активности за нив се веќе почнати и до 31 март ќе уследат решенија за задолжување на сите субјекти кои се нови даночни обврзници. До крајот, пак, на овој месец, се очекува да заврши и евидентирањето на данокот на имот на домаќинствата во пасивните подрачја со што целосно ќе биде заокружена оваа активност.
Последниве години се ажурира и наплатата. Преземени се сите можни мерки и активности што на крај вродија со плод - враќање на даночната дисциплина кај граѓаните. Наедно расте и довербата кај граѓаните дека еднаш дадените пари подоцна им се враќаат преку изградба на капитални објекти.
Инаку, наплатата на данокот на имот во 2006 и 2007 година е зголемена повеќекратно и досега просекот се движеше околу 8.500.000 денари, а годинава се очекува да изнесува околу 12.000.000 денари, што зборува во прилог на податокот дека во Ресен има зголемено движење на капиталот, се купува градежно и земјоделско земјиш те и друг недвижен имот.