Драми

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
Сцена 6: Зајди, зајди, јасно сонце
(Ноќ. Глуво доба. Улица. Клупа. На клуиаша седат Светле и Ѓорѓи. Слабо светло од улична светилка.)

СВЕТЛЕ: Љубоморен си.
ЃОРЃИ: Не е тоа.
СВЕТЛЕ: Што е?
ЃОРЃИ: Друго е. Чекај малку. Нешто не ми е јасно. Ти не си го гледала него?
СВЕТЛЕ: Не.
ЃОРЃИ: И не знаеш зошто те гледал баш тебе, цела вечер?
СВЕТЛЕ: Не знам.
ГОРЃИ: А зошто те гледал баш тебе, а не мене, на пример? Немал причина, така?
СВЕТЛЕ: Така.
ЃОРЃИ: Значи, ти си му дала причина?
СВЕТЛЕ: Каква причина сум му дала?
ЃОРЃИ: Каква причина си му дала?
СВЕТЛЕ: Немал причина да ме гледа.
ЃОРЃИ: Те гледал или не те гледал?
СВЕТЛЕ: Не знам дали ме гледал.
ЃОРЃИ: Сега рече дека те гледал.
СВЕТЛЕ: Ти рече дека ме гледал.
ЃОРЃИ: Ти не знаеш дека те гледал? Да ти кажам една работа. Лажеш уште пред да отвориш уста. Ме правиш будала. Ме гледаш во очи и ме лажеш. Сигурно се слушате по телефон. Се слушате?
СВЕТЛЕ: Зошто ми правиш вакви работи?
ЃОРЃИ: Си закажувате некаде? Слушате плочи? Трчате голи по месечина? Затоа така се смее токмакот. Се гледате како заљубени голуби. Не. Како пацови се гледате. Мене така кога ме гледа некој, доаѓам и го ебам ан пасан. Јасна работа. Се чудам после зошто цела кафана гледа во тебе. Ти ги викаш со поглед. Им даваш повод. Ти импонира.
СВЕТЛЕ: Знаеш што?
ЃОРЃИ: Што?
СВЕТЛЕ: Еби се.
ЃОРЃИ: Ти си по тие работи.
СВЕТЛЕ: Носи ме дома.
ЃОРЃИ: Прво да расчистиме нешто.
СВЕТЛЕ: Ништо нема да расчистуваме. Носи ме дома.
ЃОРЃИ: Малку фалеше да му скршам глава.
СВЕТЛЕ: Малку фалеше?
ЃОРЃИ: Почна да го браниш?
СВЕТЛЕ: Го здроби човекот, ни крив ни должен.
ЃОРЃИ: Да му се извинам? Да го викнам на кафе некој ден? Не е крив? Јас сум крив?
(Од некаде доаѓаат Ѓоре и Гела. И двајцата изгледаат прилично згодно.)
ГЕЛА: Што си згрешил бе, брат?
ЃОРЃИ: Што треба?
ГЕЛА: Крив си нешто?
ЃОРЃИ: Што е проблемот?
ГЕЛА: Сакаш проблем?
ЃОРГИ: Не.
ЃОРЕ: Не се сили. Што наваму?
ЃОРГИ: Забрането е?
ЃОРЕ: Ако сакаш да се силиме, нема проблем. Што наваму?
ЃОРЃИ: Ја испраќам дрма.
ГОРЕ: Си слушнал за Ѓоре Лудак?
ЃОРЃИ: Не.
ЃОРЕ: Јас сум.
ГЕЛА: Клупава знаеш чива е?
ЃОРЃИ: Чива е?
ГЕЛА: На Ѓоре Лудак. Лузнава знаеш од кого ми е?
ЃОРЃИ: Од Ѓоре Лудак?
ГЕЛА: Од Ѓоре Лудак.
ЃОРГИ: Драго ми е што се запознавме.
ГЕЛА: Знаеш што треба да направи секој што има чест да се запознае со Ѓоре?
ГОРЃИ: Што?
ТЕЛА: Да му отпее нешто.
ЃОРЃИ: Не пеам добро.
ЃОРЕ: Немој да си го бараш со боринче.
ГЕЛА: Подобро отпеј лошо. Мој совет. Да не ти се случи потполно губење на слух.
ГОРЕ: Ја знаеш „Зајди, зајди, јасно сонце”?
ЃОРЃИ: Ја знам.
ЃОРЕ: Да чуеме.
ЃОРЃИ (Пее):
Зајди, зајди, јасно сонце,
Зајди, помрачи се,
И ти јасна ле, месечино,
Зајди, изгуби се.

Жали горо, жали сестро,
Двајца да жалиме,
Ти за твоите лисја, горо,
Јас за мојта младост.

Твојте лисја, горо ле, сестро,
Пак ќе раззеленат,
Мојта младост, горо ле, сестро,
Нема да се врати.

ГОРЕ: Стално пее вака или сега има трема?
ГЕЛА: Јас подобро ќе испеев.
ЃОРЕ: Ја знаеш „Деј гиди, млади луди години”?
ЃОРЃИ: Ја знам.
ЃОРЕ: Да чуеме.
(Ѓорѓи пее.)
ГЕЛА: Доста. Пее како педер.
ЃОРЕ: Гела многу мрази хомосексуалци.
ГЕЛА: Нека каже една опера.
ЃОРЕ: Ја знаеш „Фигаро”?
ЃОРЃИ: Ја знам.
ЃОРЕ: Да чуеме.
ЃОРЃИ: Нема да чуеме.
ЃОРЕ: Нема да пееш?
ЃОРЃИ: Доста пеев. Сега малку ќе ве тепам.
(Ги тепа. Бегаат. Кон Светле.)
Што ме гледаш така бело?
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
Сцена 7: Балкан-блуз
(Затворска ќелија. Топук и Борис. Борис гребе со камче по ѕидот на ќелијата. Топук лежи на креветот.)

ТОПУК: Имаш цигари?
БОРИС: Сите ти ги дадов.
ТОПУК: Зошто ми ги даде сите?
БОРИС: Рече, дај ми ги сите.
ТОПУК: Борис? Малку те тепам? Ти реков да не ми ги даваш сите цигари. Не сите одеднаш. Ти реков, чувај резерва.
БОРИС: Чував. Не ти ги давав. Ти реков, дека ми рече да не ти ги давам сите, да чувам резерва, ти рече, Борис, малку те тепам. Реши се.
ТОПУК: Ќе се решам. Од тебе. И онака не можам ништо да изгубам. Можам?
БОРИС: Не.
ТОПУК: Можам. Тебе. Што чкрабаш?
БОРИС: Рецки.
ТОПУК: Рецки, а?
БОРИС: Уште сто и единаесет рецки. Знаеш што ќе направам кога ќе излезам од овде? Ќе одам на море. Широко големо море. Да ја наполнам душава со воздух. Очиве со широчина. Некаде у пичку материну. Некаде кај што нема ќошиња.
(Пауза.)
ТОПУК: Да ти ебам рецките.
(Пауза.)
Што ден сме?
БОРИС: Петок.
ТОПУК: Петок.
(Пауза.)
Петок. Секој петок урда јадам. Ској петок кур да јадам. Да јадам?
БОРИС: Не.
ТОПУК: Ми се јаде урда.
БОРИС: Јади.
ТОПУК: Кур да јадам? Пичка ти материна. Урда јади душа вади. Зошто си правиш вакви работи? Ич не се цениш. Си ставаш здрава нога во трње. Што предлагаш сега? Кој да јаде кур?
(Се отвора вратата. Влегува еден полицаец. Го внесува Гела. Топук станува.)
ПОЛИЦАЕЦОТ: Како си бе, Топук?
ТОПУК: Многу добро. Благодарам. Како сте Вие?
ПОЛИЦАЕЦОТ: Е бе, Топук, Топук.
(Излегува. Ја затвора вратата. Гела стои со ќебе и перница в рака. Тргнува кон еден кревет.)
ТОПУК: Да ти го бапне Топук со Топуков!
(Се отвора резе на вратата.)
ПОЛИЦАЕЦОТ: Јадеш гомна, Топук? Јади, јади.
(Се затвора резето.)
ТОПУК: Како слушна, да му ебам мајката? Е бе, Топук, Топук. Овде и ѕидовите имаат уши.
(Кон Гела.)
Ми се пуши, ми се плаче. Имаш цигари?
ГЕЛА: Јок.
ТОПУК: Од сега, кога ќе ти донесат цигари, ќе ги оставаш на чување кај мене. Ќе ти давам колку сакаш. Јас многу пушам. Како Турчин во турски затвор. Шега.
(Пауза.)
Шега беше. Никој не се насмеа. Пред да се зближиме, да расчистиме една работа. Јас сум овде доживотно. Не знам каков однос имаш ти кон местово, јас го разбирам како дом. Една од маките ти е што ако те видам да мочаш ван дупка, ќе ти го исечам. Што наваму?
ГЕЛА: Несреќен случај.
БОРИС: Што има ново надвор?
ГЕЛА: Свират зурли и тапани.
ТОПУК: Не се заебавај со Борис.
ГЕЛА: Не ми е до муабети.
ТОПУК: Така ли? До што ти е?
БОРИС: Пушти го.
ТОПУК: Борис има мека душа. Јас не. Беше една пред тебе. Многу мрчеше. Маде голо. Ми скурчи, и’ одгризав уво. Цело. Се утепа од дерење. Како Ван Гог.
Несреќен случај испадна. Мислиш вредеше? Имаш мислење?
(Пауза.)
Ќе стекнеш. Со тек на време. Ќе биде. Прв пат си овде?
(Пауза.)
Ќе се навикнеш. Со тек на време. Си слушнал како е овде?
(Пауза.)
Бетер е. Ќе ти објаснам. Имаш време, нели? Овде подобро да утепаш малку време, него да утепам дел од тебе. На пример. Или условно, сестро, стигна на погрешно место во погрешно време. Со извесни познавања од одредени области, дојдов до заклучок дека ова место е доста специфично. Е, да ти ебам цигарите! Надвор не е добро, така? Сите сакаат да фатат џаде, така? Балакан, буре со барут, така? И така натаму. Описно кажано, газот на светот. Стигна на местото што јас привремено го крстив хемороид на газот на светот. Или под работен наслов, прилично крваво, поднаслов, ти се еба мајката од мене и вакви како мене. Од оваа перспектива, газот на светот ќе ти изгледа како Палма де Мајорка. Разбираш? Мој совет ти е да го припазиш твојот газ. Да не биде после погрешно разбран како поле за културен натпревар. Можеш да се консултираш со Борис. Појасно ти е малку?
(Пауза.)
Во таа насока препорачливо е да покажеш извесен степен на кооперативност. Што ќе рече, за почеток, немој да ми мрчиш. ГЕЛА: Толку?
ТОПУК: За сега.
ГЕЛА: Ти, заради јадење гомна стигна овде.
ТОПУК: Заради вакви како тебе стигнав овде.
ГЕЛА: Не ме пипај, не те пипам.
ТОПУК (Од под креветот вади нож): Пипни ме, ќе те убијам.
ГЕЛА: Не сакам проблеми.
ТОПУК: Ме боли кур што сакаш, што не сакаш!
ГЕЛА: Што сакаш ти?
ТОПУК: Малку почит.
(Пауза.)
БОРИС: Од што ти е лузната?
ГЕЛА: Си слушнал за Ѓоре?
ТОПУК: Лудак?
БОРИС: Брат му на Црни?
ТОПУК: Што си имал ти со него?
ГЕЛА: Го убив.
(Пауза.)
ТОПУК: Сакаш цигара?
(Вади пакло цигари. Пауза. Гела зема.)
Земи две. Една за на увце.
ГЕЛА: Топук? Ај соблечи се.
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
Сцена 8: До крајот на светот
(Ноќ. Океан. Брод. Се слуша тивко аргентинско танго. Светлина од полна месечина. Во еден голем чамец за спасување лежи Борис. До него, наметнат со церада, седи Кирил. Борис цело време пуши.)

БОРИС: Не можам.
КИРИЛ: Издржи.
БОРИС: Жеден сум. Уште колку има?
КИРИЛ: Не знам.
БОРИС: Смрди на повраќано?
(Пауза.)
КИРИЛ: Фрли ја цигарата.
БОРИС: Јас ќе се фрлам. Сакаш цигара?
КИРИЛ: Не сакам.
БОРИС: Земи бе.
КИРИЛ: Не сакам.
(Пауза.)
БОРИС: Пичка ти материна.
(Пауза.)
КИРИЛ: Кај нас месечината е помала.
БОРИС: Зошто не кажа дека овде е поголема?
КИРИЛ: Зошто што и да кажам, не чини?
БОРИС: Зошто не кажеш нешто што чини?
КИРИЛ: Ми се ебе некое стегнато пичуле.
БОРИС: Знаеш што си ти? Копиле набиено со хормони. Ти течат од уши.
КИРИЛ: Што ти е тебе?
БОРИС: Нема ќошиња.
КИРИЛ: Какви ќошиња?
(Пауза.)
БОРИС: Пичка ти материна!
(Пауза.)
Месечинава свети како сонце. Да ти ебам слободата без ќошиња. Смрди на повраќано. Ќе ни осетат по мирисот. Никој не знае дека сме овде?
КИРИЛ: Никој.
БОРИС: Ако ни фатат, ќе ни фрлат во море?
КИРИЛ: Ќе ни предадат на властите во Аргентина.
БОРИС: Подобро да ни фрлат. Прееска некој помина.
КИРИЛ: Никој овде не поминува. Подобро ти е?
БОРИС: Ми се умира.
КИРИЛ: Не трескај глупости. Имаш морска болест. Ќе ти помине.
БОРИС (Вади едно ноже): Земи го.
КИРИЛ: Што ќе ми е?
БОРИС: Носи среќа.
КИРИЛ: Што не ти носи тебе?
(Пауза.)
БОРИС: Пичка ти материна.
(Пауза.)
КИРИЛ: Само пцуеш. Кажи нешто убаво.
БОРИС: Има курви во Аргентина?
КИРИЛ: Не знам.
БОРИС: Има пички кај нас?
КИРИЛ: Најдобри.
БОРИС: Па кој кур бараш во Аргентина?
КИРИЛ: Не останувам во Аргентина. Одам за Австралија. Од Австралија за Канада. Од Канада за Америка. Во Америка имам тетка. Има пари. Не ми е права тетка, ама нема друг род.
БОРИС: Зошто не одиш право во Америка?
КИРИЛ: Немам виза.
БОРИС: И што ќе правиш со тетка ти во Америка?
КИРИЛ: Ќе и’ се најдам. Пред умирачка е. Многу ја сакам. Ќе и’ купувам млеко и кифли. Ќе и’ ги чистам нокширите. Ќе почнам нов живот. Америка е земја за мене. Чисти коси и бели заби. Насмеани луѓе. Шарени бои. Лимузини и виски. Мораш да рескираш за да добиеш. Башка, бегам од војска. Ти зошто тргна?
БОРИС: Никогаш не сум бил на море?
КИРИЛ: И?
БОРИС (Пауза.): Пичка ти материна.
(Пауза.)
КИРИЛ: Знеш да кажеш нешто друго? Што сум ти ја крив? Што ќе правеше без мене?
БОРИС: Можеш само да ми го држиш на мочање. Ако ти дадам. (Пауза.)
Каде е сега Топук?
КИРИЛ: Кој еТопук?
(Пауза.)
Каде е сега Топук?
БОРИС: Едно сабајле го најдовме со уста полна гомна. Ја затнал шолјата. Ја напунил со вода. Се удавил. Пет години. Немој бе, Топук! Немој! Да ти ебам мајката. Да им ебам мајката на сите.
(Пауза.) Што барам во Аргентина?
КИРИЛ: Никогаш не знаеш.
БОРИС: Тоа ме мачи. Доле има бал.
КИРИЛ: Каков бал?
БОРИС: Не слушаш? Се веселат. Убаво им е. Како така, си што е убаво им се случува на други луѓе? На други места. Кај сме ја утнале ние работата? Да одиме доле да заиграме. Знаеш аргентински танго?
КИРИЛ: Уште еднаш валцер.
БОРИС: Ја знаеш „Зајди, зајди, јасно сонце”?
КИРИЛ: Сум слушнал. Не станувај. Ке повратиш.
БОРИС: Жеден сум.
КИРИЛ: Нема веќе вода.
БОРИС: Донеси.
(Пауза. Кирил ја трга церадата. Станува.)
Чекај.
КИРИЛ: Што сакаш?
БОРИС: Фала за си.
КИРИЛ: Не трескај. Во исти лајна сме. И ти би ми помогнал мене.
БОРИС: Никогаш не знаеш.
(Пауза.)
КИРИЛ: Сакаш нешто друго?
БОРИС: Не.Толку.
(Кирил излегува. Борис гледа кон него. Полека станува. Се тетерави. Повраќа. Оди кон оградата на бродот. Од џебот го вади ножето. Го остава крај оградата. Се фрла во океанот. Пауза. Влегува Кирил со шише вода. Гледа дека го нема Борис. Оди до оградата. Го подига ножето. Гледа надолу.)
КИРИЛ: Пичка ти материна.
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
Сцена 9: Соба со поглед
(Америка. Евтин хотел. Ноќ. Од прозорецот се гледа светло од светлечки реклами. На една маса шишиња од и со виски, шише ракија, празни лименки од кока-кола, празни кутии од цигари и кеси од сендвичи. Работи телевизор. На два кревета завртени кон телевизорот лежат Кирил и Мане. Кирил меша шпил карти. Мане со телекомандер менува канали. Двајцата се шарено облечени, со превртени безбол капи. Кирил станува. Зема едно шише.)

КИРИЛ: Кај ми е ножето?
МАНЕ: Да ти ебам ножето. Купи отварач.
КИРИЛ: Смени нешто.
МАНЕ: Нема ништо.
КИРИЛ: Пушти бејзбол.
МАНЕ: Да ти ебам бејзболот. Само трчаат.
КИРИЛ: Мане?
МАНЕ: Да?
КИРИЛ: Америка.
МАНЕ: Да бе, да.
КИРИЛ: Сакаш виски?
МАНЕ: Цел ден пијам виски.
КИРИЛ: Напиј се кока-кола.
МАНЕ: Се подув од кока-кола. Ж’та ми се пие.
(Гледа кон прозорецот.)
Да ти ебам светлото. Знаеш што сакам?
КИРИЛ: Што сакаш?
МАНЕ: Да отерам некого во мајчина.
(Ѕвони на копчето за послуга.)
КИРИЛ: Немој да го заебаваш Џими.
(Џими тропа на врата. Мане отвора. И двајцата се културно насмеани.)
ЏИМИ: Good evening, Sir.
МАНЕ: Џими? Кај си бе, Џими? Ќумбе. Да ти ебам мајката. Јес, Џими, слушај што ти викам. Да ти ебам живите, да ти ебам. Што се смееш бе, Џими, пичка ти материна? Да ја ебам малку сестра ти, а? Бива? Така насмеј се, да ти ебам си по список, да ти ебам. Океј? Јес? Јес. Тенк ју. Бај.
ЏИМИ: Have a nice day, Sir.
МАНЕ (Ја затвора вратата.): Многу се нервирам. Само се смее.
КИРИЛ: Па што го пцуеш?
МАНЕ: Може ме пцуе и тој мене. Од кај знам?
(Легнуваназад.)
КИРИЛ: Мане?
МАНЕ: Кажи.
КИРИЛ: Не е добро да ги носиме парите со нас. Има многу Црнци.
МАНЕ: Кирил?
КИРИЛ: Кажи.
МАНЕ: Светлово ми дупна памет.
(Пауза.)
Кирил?
КИРИЛ: Кажи.
МАНЕ: Да ти ебам светлото, да ти ебам. Дај ми го шишето.
(Кирил му го подава шишето. Мане го зема и го фрла низ прозорецот кон светлечката реклама. Престанува да светка.)
Вака е подобро.
КИРИЛ: Како некој Црнец. Како можеш?
МАНЕ: Ми можат нешто?
КИРИЛ: Фрлај празни, да го ебам.
(Пауза.)
Кај нас светат само кандилца во црква. Луѓе се маваат со даски по глава да стигнат овде, тебе нешто ти свети. Не ти оди виски. Ж’та ти се пие. Да ти ебам ж’тата. Јас пола свет бос го прошетав да ми светне троа. Низ што си имам јас поминато за да стигнам до овде. Ама, имало господ. Сега седам, лежам овде, во олимпот на светот, цуцам виски, имам пари и ме боли за си. Ме боли за балканската трагедија и вековната борба на македонскиот народ. Ме боли дали некого го боли за мене. Кај ми е ножето?
МАНЕ: Да ти ебам ножето.
КИРИЛ: Дома мислат којзнае што правиме.
МАНЕ: Ги лежиме парите на тетка ти.
(Пауза.)
Овде не знаат да живеат. Знаеш што сакам?
КИРИЛ: Да ме отераш во мајчина?
МАНЕ: Не.
КИРИЛ: Сто долари?
МАНЕ: Не.
КИРИЛ: Двеста илјади долари?
МАНЕ: Не.
КИРИЛ: Не сакаш двеста илјади долари?
МАНЕ: Сакам шкембе чорба. Сакам да затворам две кафани, една да искршам, па на шкембе чорба. Сакам посни сарми во петок, мрсни во сабота. Да седам на табуретка во маало со саати, да гледам како заоѓа сонцето. Со мал прст да не мрдам, сите да ги дупам во мозок. Да мириса на манџи. Да и’ купам на Зора леблебија, да и’ се бутнам во гаќи. Да фаќам врски по шалтери. Да го слушам Перо како ждрига по улици. Да ја видам Евдокија.
(Пауза.)
Да ми свират балалајки.
КИРИЛ: Од кај балалајки?
МАНЕ: Не ме фаќај за збор.
КИРИЛ: Излези малку, прошетај.
МАНЕ: Исшетав си што имаше да се шета. И во музеј бев од немај-каде.
КИРИЛ: Оди во кино.
МАНЕ: Не можам да пратам.
КИРИЛ: Не можам ни јас, ама се трудам. Fuck me. My name is Kiril. My aunt leave me... Како се викаше наследство? Bullshit!
(Отвора лименка со кока-кола.)
Татко ми мисли, сме фатиле бизнис со париве.
МАНЕ: Пак светка. Ми скина ганглии.
КИРИЛ: Остави го тоа шише!
МАНЕ (Зема празно шише. Го фрла низ прозорецот): Не знам како не ги нервира?
(Легнува назад. Менува канали.)
Зошто ме викна баш мене овде? Немаш фајде од мене. Ти помагам само да ги арчиме парите.
КИРИЛ: Ми носиш среќа. Остај го ова.
МАНЕ: Што е ова?
КИРИЛ: Емисија за Шпанци.
МАНЕ: Знаеш шпански?
КИРИЛ: Не.
МАНЕ: Па, што ти е?
(Пауза.)
Кирил? Пак светка ова. (Пауза.)
Месечина да беше, ќе изгасеше. Маму му ебем. Да фрлам уште едно?
КИРИЛ: Мане? Не се прави Црнец со сила!
МАНЕ: Си бил во Лас Вегас?
КИРИЛ: Не.
МАНЕ: Право место.
КИРИЛ: Ти си бил?
МАНЕ: Кај кур сум бил?
КИРИЛ: Е, тоа ти е Америка.
МАНЕ: Далеку е од овде?
КИРИЛ: Си е блиску овде.
(Станува. Гледа низ прозорецот.)
Америка. Денес овде, утре во Лас Вегас. Задутре, задутре у пичку матер. Овде не можеш да речеш судбина. Ти си судбина. Те бива, не те бива. Добиваш, губиш. Имаш, немаш.
МАНЕ: Ако изгубиме си?
КИРИЛ: Судбина.
(Се навалува над прозорецот. Ги ширирацете.) Гледај, Америка. Илјаду светла. Неонки. Звуци. Воздух. Живот.
(Низ прозорецот влетува шише. Го удира Кирил по глава. Паѓа мртов.)
МАНЕ: Кириле?! Кириле бе?!
(Доаѓа до него. Го зема шишето. Ѕирка низ прозорецот.)
Да ти ебам Црнците, да ти ебам!
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
Сцена 10: Месечина од слама
(Ноќ. Парк. Езерце. На една клупа крај водата седат Евдокија и Коста. Од некаде се слушаат балалајки. Се појавува Мане. По него оди оркестар. Им дава знак на свирачите да застанат. Оди кон Евдокија и Коста. Во раката носи шише вино.)

ЕВДОКИЈА: Што сакаш?
МАНЕ: Да ја утепам вечерва месечината за тебе.
ЕВДОКИЈА: Ти реков дека не сакам да те видам.
МАНЕ: Згреши. Да не сметам?
КОСТА: Сметаш!
МАНЕ: Кој ти е овој мајмун?
ЕВДОКИЈА: Не е твоја работа.
МАНЕ: Кажи му да прошета малку.
ЕВДОКИЈА: Коста е со мене вечерва и ќе остане овде: Што сакаш?
МАНЕ: Треба да разговараме.
ЕВДОКИЈА: Немаме што да разговараме.
МАНЕ: Немаме што да разговараме?
КОСТА: Не слушна? Не сака да има ништо со тебе.
МАНЕ: Коста?
ЕВДОКИЈА: Немој да правиш сцени!
МАНЕ: Кај си бе, Коста?
ЕВДОКИЈА: Кој е крив? Прашуваш кој е крив? Прашај се двапати кој е крив.
КОСТА: Одиме?
ЕВДОКИЈА: Како не ти е срам да ми се појавиш пред очи?
МАНЕ: Срам ми е. Се кајам. Згрешив. Сакам да се извинам.
ЕВДОКИЈА: Какво фајде имам јас од тоа?
МАНЕ: Сакам да почнеме од почеток.
ЕВДОКИЈА: Колку пати сме почнувале од почеток?
КОСТА: Евдокија?
МАНЕ: Овој пат е различно. Научив некои работи.
ЕВДОКИЈА: Џабе Мане. Не ти верувам ни збор. Ништо не ти верувам. Истите муабети, истите срања. Доста ми е од тебе. Разбираш? Само јас знам како било. Не сакам да поминувам низ истиот пекол. Сега ми е сеедно. Не ми значиш. Што побрзо те заборавам, подобро. Никогаш ти нема да се смениш.
МАНЕ: Дај ми шанса.
ЕВДОКИЈА: Малку шанси имаше?
КОСТА: Евдокија?
ЕВДОКИЈА: Како можеше?
МАНЕ: Не сакав да испадне вака.
ЕВДОКИЈА: Како сакаше да испадне?
МАНЕ: Да те носам од овде. Да се смееш.
ЕВДОКИЈА: Да се смеам? Најди друга, Мане. Некоја што ќе ти
верува. Лажи ја неа.
МАНЕ: Или ти или никој.
ЕВДОКИЈА: Знаеш како ми беше мене? Си помислил некогаш?
МАНЕ: Ако ти кажев, немаше да се согласиш.
ЕВДОКИЈА: Можеше да оставиш писмо, картичка, било што.
МАНЕ: Знаеш дека мразам разделби.
ЕВДОКИЈА: Мразиш разделби? Ти не си нормален! Не сум веќе млада, Мане. Немам нерви. Ти се сакаш само себе. Си друго мразиш. Не можеш ти да сакаш!
МАНЕ: Не ме терај да те молам!
КОСТА: Евдокија?
ЕВДОКИЈА: Бидна Мане. Џабе.
МАНЕ: Добро, те молам.
КОСТА: Евдокија? Отидов јас.
ЕВДОКИЈА (Кон Коста, мирно): Извини малку, Коста.
(Кон Мане, бесно)
Знаеш што ми остана од тебе? Заборавив да се смеам. Само по тоа ќе те памтам. Сега сум среќна. Криво ми е за времето што го изгубив со тебе.
МАНЕ: Не знаеш низ што си имам пројдено. Лас Вегас! Имам пари! Направив богатство. Само за тебе!
ЕВДОКИЈА: Не ми треба!
МАНЕ: Што ти треба?
ЕВДОКИЈА: Да те нема тебе! Знаеш што си ти? Само едно обично
курвариште, коцкариште и пијаничиште!
МАНЕ: Кој бе, пијаничиште?! Јас пијаничиште?
ЕВДОКИЈА: Доста беше Мане! Збогум и не ми беше драго што те
видов!
МАНЕ: Спремен сум на си!
ЕВДОКИЈА: До кога?
МАНЕ: Засекогаш!
ЕВДОКИЈА: Збогум, Мане!
МАНЕ: Гледај! Твоето име! Од Америка! Од Црнец!
(Ја трга кошулата. Истетовиран е. Месечината полека започнува да се помрачува.)
ЕВДОКИЈА: Како си можел?
МАНЕ: Спремен сум и на полошо!
ЕВДОКИЈА: Бадијала, Мане. Касно е. Не чувствувам ништо за тебе. Не ми значиш. Не те сакам. Како да ти објаснам? ,
МАНЕ: Ќе се каеш.
ЕВДОКИЈА: Никогаш.
МАНЕ: Кога ќе ме нема.
ЕВДОКИЈА: Збогум, Мане. Коста?
(Тргнуваат.)
МАНЕ: Немој после да кажеш дека јас сум крив!
(Кон музичарите.)
Свирете ја мој ата!
(Музичарите свират. Мане тргнува полека во езерото. Без да запре оди кон длабокото. Евдокија застанува. Гледа во месечината. Целосно е помрачена.)
ЕВДОКИЈА: Ја уби! Ја уби месечината за мене!
КОСТА: Кого убил?
ЕВДОКИЈА: Рече дека ќе ја убие месечината за мене!
(Се враќа кон брегот. Мане полека го снемува под водата.) Мане! Мане!!
КОСТА: Обично помрачување! Знаел! Ме слушаш?
ЕВДОКИЈА: Го нема! Не се појавува! Се удави! Се удави за мене!
КОСТА: Идиот!
(Мане не се појавува. Музичарите престанувааш да свират. Сите гледаат во мирната површина на езерото. Месечината почнува да се појавува.)
ЕВДОКИЈА (Втрчува во езерото): Мане!!!
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
Сцена 11: Буре барут или Органска хемија
(Ноќ. Димитрија и Анѓеле. Димитрија држи в рака зелено јаболко.)

АНЃЕЛЕ: Како си, чичко Димитрија?
ДИМИТРИЈА: Сполај му на Бога.
АНЃЕЛЕ: Ме памтиш?
(Пауза.)
ДИМИТРИЈА.(Се гледаат): Да ти каже нешто чичко Димитрија... (Пауза.)
Ништо не памтам. Сонував сон. Го заборавив кога се разбудив, Се разбудив испотен. Се сеќавам само дека сакав да гризнам јаболко. Се распадна пред да го ставам в уста. Знаев дека е толку. Помина моето. Бидна. А ништо не памтам. Нели пред да умреш цел живот ти поминува низ глава? Мене ништо. Празно. Ништо нема. Си за џабе. Исто како и на почеток? Глупост? Крај? Старост?
(Пауза.)
А, млади луѓе си одат. Ги зима Господ на свое... Да ти каже нешто чичко Димитрија...
(Пауза.)
Сакав нешто да ти кажам, ама заборавив што.
(Го зема јаболкото, се обидува да го гризне. Умира. Анѓеле му ги затвора очите. Го зема јаболкото.)

КРАЈ
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Одлична тема и браво за текстовите!
Го сменив малку насловот на темава, за да може и други текстови да се пишат тука:)
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Нешто лично мое .:pipi:



Богољуб​

Седи Богољуб на столица со главата на маса и не мрда, а на масата има библија, свеќа која гори и е полу изгорена а и на таванот јаже кое е наменето за самоубиство...
Почнува да мрда, се подугнува со главата голенува наокулу панично и пак ја става главата на маса и со прстите удира на масата како да размислува, чукајчи се слуша кокурикање на петелот при што се штрекнува и нагло станува од столчето и погледува наокулу како да бара некого, така штрекнат почнава да зборува...
,, Само две нешта сакам во животот, пари и жени (мрдајчи наокулу со рацете како да објаснува нешто) а и двете ги немав, не знаев а и сеуште не знам каде беше проблемот (зема воздух од брзото зборење) дали беше кај мене или кај нив, можда не ги сакав доволно или пак тие не ме сакаја доволно па да ги имам, со жените не ми идело можда дека до секоаш сум бил копук не сум имал кола, стан, а сум носел алишта од втора рака, се надевав дека некоја ќе ме земе заради акрактерот , ама и тоа го немам, да имам карактер немаше да бидем овде и ќе уживав некаде, со некоја (погледнува нагоре замислено и се насмевнува, и после неколку секунди пад му се врача лошото расположение и продолжува да збори) а за пари да не зборимо, не дека сум ги немал ама ги трошев за лоши цели, непродуктивно и не корисно за никого , добро можда продуктивно било на тој што сум му ги давал(се вртка наокулу) лош човек сум и ми се врача тоа што никоаш не сум ги имал овие две нешта,, (се натажува и седнува пак на столчето со главата на масата и продужува да чука на масата брборејчи нешто) ,,да не, еден два два бе два, не не три (почнува да биде погласен) што, што требаше да сторам , што ? ,, (пак нагло станува качувајчи се на столчето и го става јажето на вратот) ,,ова јаже ќе ги реши сите проблеми,, (стегнувачиго јажето окулу вратот) ,,каде е сега, каде е ? , знае некој ? (одврзувајчи го јажето, и покажувајќи накј публиката) ти, не... ти знаеш !!! , кажи бе мајмун, кој кур ти е ? (се смируе и плачејчи клекнува на колена) ,,абе нака ми каже некој каде е ? , нели па секоаш треба да е окулу мене, каде е сега кој ми е потребен ? ,, (закукурикуе пак петелот при што ги брише солзите и застанува на нозе) ,,петелот,, (се насмевнува благо) ,,тој знае каде е, треба да идем да го прашам,, (иде вон сцена и се врача за неколку секунди натажен) ,,и тој не ми одговори каде е,, (и се замислува) ,,па можеби и не постои, никат не ни постоел, но кој ми помагаше во минатото кога бев на работ, тој ? (ја зема од маса Библијата) ,,дали ова е точно ? , па не треба да се сумљам а го правам тоа...не заслужувам да живим,, (ја остава Библијата од кај што га зеде и пак се обидува да се самоубие со јажето) ,,чао, ве напуштам сеа, ве сакав секоаш, а вие мене ? ( се замислува) ,, а никој не ме сакаше мене,, (и пополаку пак го трга јажето окулу вратот и слага на сцената) ,,татко ми ме сакаше, па немав мајка за да ме сака и таја, ама пак можда татки ми никоаш и не ме сакал, глумем само,, ( се врти наокулу) ,, ме учеше да не правам само три работи(брои на прсти) : да се дрогирам, да пијам и да се коцкам, а јас ги правев сите три доста добро а и бев најдобар во нив, не е тоа нешто што може да се гордее татко ми ама значи дека во нешто сум бил најдобар, лоши работи беја а и јас бев лош, а можеби сум уште лоша личност, не како порано, драстично сменета,, (седнува пак на столчето ама одма станува не го држи место) ,,работев во кафана, никоаш не завршив средно и немоев ништо да бидем појче, ги секоаш ги гледав како играја покер гостите и доста се заинтересирав во тоа, добијав невидено многу пари од играта, како најпознат коцкар во градот стекнав доста пијатели а исто така и непријатели (зема здив од долгото зборување) парите ги трошев на другите два порока, со дрога ме снабдуваја пријателите, ако можат така да се наречат, ми викаја дека е тоа еншто најдоброто што може да ти се деси во животот, а јас после покерот не мислев дека има нешто подобро и бев љубопитен да пробам, пробав,почнав и завршив со хероин... не сакав да се завркавам со мали дроге бидејќи од секоаш сум го сакал најакото, најдоброто, најголемото во животот, но тоа ме чинеше многу а и не можем да размислувам свесно поради дрогата и што и да зборив можда и ве лжем а можда и не (се чеша за глава), а за алхохолот од секоаш сум бил мераклија... од 13 године пием а од 18 године не сум дошол дома трезен па и тоа беше причината да спием у парк со и да седим кј другарите кои беај малце но среќа што ги имав ако не од тогаш ќе живев во напуштени објекти како и сега и ќе бегам секој ден од реалноста (се умори седејќи на нозе и седнува пак на столчето) , да не беја дрогата и ракијата целиот све ќе ми беше црн а со нив малце ми е пошарен, порозов, поубав, попреспективен, пожив (пак ја става главата на маса и заспија, и по неколку чука некој на врата, се штрекнува и трча накај вратата) , кој е сега ? (успорува) , кој е !!!(извикува) , ја сум (се слуша длабок глас тој таму) ...иде ван сцена и одеднаш некој го фрља на сцената некој, и се појавува новата личност која носи пиштол и го репетира и му вепрува на глава... ,, не немој те молим, не ме убиај, све ќе напраем, ќе вратим , све ќе вратим, све... ,,доцна е веќе,, (му одговара др личност) ,, ме слушна бе лигуш, све ќе ти дадем, дај ми време, ооо,, ,, нема време, времето е пари, а и не знам што ќе даваш, ја имам се што ми треба, ме пратија само да те утепам,, (го утепуе и му фрља писмо над него) ,,За мојот драг и нeпрежален Богољуб,, ,, Драг Богољуд те знам од мал, секоаш сакаше да бидеш нешто големо во животот, имаше соноој, ја не те подржуем у нив дека беја премногу големи за тебе, премногу фантазираше и умот ти беше ко дете и сакав да бидеш чуек, да имаш постојана работа, жена деца, а не да бидеш како што си сега...сонот стана кошмар, а можеше све да биде подуго, ти никат не ме слушаше, заврши каде што не требаше, само три работе барав од тебе да не ги праеш а ти ги праеше, ама заборавив да ти кажем дека ако ги напраеш било која од тие работи нема да доживееш старост за што лично ќе се погрижим бидејќи не сакам да станеш како мене и да се мачиш да сакаш да закаш да заспиеш и никогаш повеќе да не се разбудиш но немам таа моќ сам да си го одземем животот и се плашим од смрта а тебе те сакам и не сакам истово да те снајде, и така сега си мртов и нема никат да дознае што мислим и дека ја сум ти го напраел ова но да знаеш дека секоаш ќе те сакам и ќе ми бидеш у моите мисли и срце твојот сакан и единствен татко,,
(завеса)​


П.С не знам точно како се пишуваат драми со сцени и тоа чуда. Ама мислим дека ќе бидете задоволни од содржината. :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom