Боди билдер сум, развиен ко Тарзан, депилиран сум, намачкан со балсам, светам како џам за да ти се присвиџааааам
Денов требаше да биде добар и беше дур не почнав да го пишувам постов...
Конечно немам повеќе температура и не ме боли ништо освен забот...
Вчера налетав на некој филм за кој претпоставував дека е срање, ама решив да го симнам и да го гледам. Се шинав барајќи торенти, ангажирав и другар, за на крај да најдеме некоја Руска верзија
Во филмот се сретнуваат најразлични јазици, Англиски, Турски, Француски, Германски, Шпански и Руски. Муабетот е дека константно во позадина оди РУСКА СИНХРОНИЗАЦИЈА, притоа оргиналниот јазик не е тргнат, туку синхронизацијата доцни секунда-две
Најдов еден превод, во кој се преведува чат-пат по нешто со минута каснење или пак минута порано во различни делови од филмот
Успеав да го изгледам цел и цел да го разберам, не беше некоја филозофија...
Го гледав бидејќи во позадина целата сторија беше дека дента на случувањата се играше финале на фудбалската ЛШ меѓу Галатасарај и ДЕПРОТИВО на стадион во Москва
Дур почнав да го пишувам постот ги очекував крофните од Хром
Ми стигнаа пред да постирам, па почнав да јадам дрчно и оп...
Отиде дел од забот
Ако од нешто ми е страв, тоа е одењето на забар. Затоа уште 25 заби имам во устава, да ти ебам...
Како може толку брзо да се расипуваат, за кој курац ги мијам по три пати на ден
На забар одам само кога ќе дојде до точка да не можам да живеам од болка, и во тие моменти молам за да закажам
Така си одложував и сега, ај во понеделник, ај другиот понеделник, ама сега сум на тоа да закажам уште утре.
Веќе ја чувствувам болката која ме очекува, се надевам нема уште вечерва да ме фати
Зошто имам толку страв од забар, маме му ебам...
Таман ќе ги направам, ќе речам од сега секој месец ќе доаѓам и оп...
Татко ми ми вика имал некој роднина забар, па му викам јави му се и кажи му да ми шибне коњска анестезија и ако сака сите заби нека ги извади
Ете го се јави, и веќе пола саат си муабетат, без да прејдат на главното
Фак мај лајф...