Бејби,
Се убив работење. Не, не барав втора работа, ама ако продужи вака, нема да ми треба
Скоро секој ден сум по цел ден ( со 2 саати пауза ). Не се жалам. Иако нозеве ме убиваат! Ама не сакам да кажам „не“ уште сега, па кога и да ме прашаат дали сакам или можам, само „да“ викам
И испадна дека работам повеќе од многу луѓе таму. И ми кажаа дека сум најдобра од сите нови
Стварно ми е супер и можам да кажам дека е најдоброто работно место што сум го имала до сега. Луѓето што работат се супер (со исклучок на 2/3), газдите се фини (мажот нешто као се издерава да изгледа злобен, ама не пали тоа кај мене
), атмосферата е ТОП, нема стресови, нема нереалистични очекувања, сите помагаат, имаш голема слобода у принцип и е релаксирано. И плус си јадам што сакам и кога сакам
Денес е ден за одмор. Од утре пак турбо
Во соседствово наше освен мачки, кучиња и жерави (втф е зборов, прв пат го среќавам
а наводно имаме еден тип на жерав во Македонија...), имаме и коза бе!
А да, и кокошки. Ама козата ја слушам, кокошките не
За католичкиов Божиќ идеме на гости кај луѓе што не ги знам...Ќе биде интересно