Драга,
Не сум јас "дива", како што ќе му текне на некој да ми тропне, мислејќи дека дотолку ме познава.
Јас си имам изградено мислење и став за скоро се што ме опкружува и си се држам за тоа, не го наметнувам моето ко универзално мислење, али не дозволувам некој да го оценува моето мислење како погрешно, само затоа што не се вклопува во неговото мислење или мнозинското.
Ако тоа ме прави "дива" во очињата на другиве, во ред, една од најдивите сум тогаш.
Али дај нека си сфатат дека тоа не е инат, тоа се вика држење до своето мислење, свои принципи и ставови кои ги почитуваш и се водиш според истите. Многу ми е жал ако ги немаат тие своите.
И ако нешто научив во овие 2-3 години, покрај книгиве за факултет, е дека тоа дивото во мене не можам да го сменам, па колку и да му смета на некој околу мене, оти јас сум си тоа. Ако го немам тоа, дел од мојата личност ќе оди у пм и ќе се осеќам ко во туѓа кожа.
А мене ми е многу убаво во оваа кожа.