Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.331
Поени од реакции
5.319
Кајгич
Вчера со другарите за независноста заминавме Скопје, се решивме да ојме, зедовме карти за на концерот од Битола се и си тргнавме, таму стигнавме 4:30 негде па имаше доста време и шетавме низ центар ваму таму, имам роднини Скопје, ама со другарите бев и сакаа да прошетаме па не ојдов кај нив :D Имаме една другарка од Автокоманда па таа му се јави на уште нејзини другарки, дојдоја се запознавме (едната од нив беше БОМБА :drk:) па седнавме на кафе покрај кејот кај АЊА, али тука машки не е*а келнерот, макијатото ни го наплати 90 денари, а на тие зад нас шо седеа 70 денари, а Битола е 50 денари :eek: Другарка ми вика ве забележа дека сте од Битола и зато толку ви го наплати :D Требаше да одиме кај нив дома не викаја ќе паднеше :drk: :D Ама далеку е до Автокоманда дури да одиме ќе требаше одма да се враќаме назад, дојде 8 сато заминавме на стадион, па картите да ни биле за на терен долу :eek: Јас не ни забележав ни ништо и со другарите се одиме на Север, му викам ќе си седниме овде и за мерак ќе биди и одам и редарот гледа и вика абе вие сте за на терен долу не сте за на север :eek: И одиме на терен долу, окапавме од дремење простум од 8 до 11 бевме станати, 3 сати простум веќе нозете не си ги осеќав и не беше уште завршено излеговме малку да се размрдаме, важно на најбитното бевме ВЛАДО ЈАНЕВСКИ со песната БИТОЛА МОЈ РОДЕН КРАЈ :D сред скопје да се треси (y)
ЕЕЕ ВЛАДО ЧКЕМБАРО :D
Пак заминавме до центар да јадиме, ојдовме кај Нино како ми легнал еден хамбургер ох ох ох :D и дојде време да се враќаме за назад...
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
цела вечер слушам свадбарски песни и ме фати мерак за на свадба да го е*ам (y) е ќе си играм како овој чичково и ич гајле нема да ми биде.
инаку нема ништо ново, нешто што посебно би го издвоил освен што вчера вечер смрзнав и не можев да се соберам добри 10тина саати. си мислев да си земам кошула со долги, ама сепак се одлучив со кратки карави да облечам и ете наеб*в :tapp: беља работа..........
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
... никогаш не научив да живеам како што треба, нема ни да научам. Премногу сум наивен, добар и чувствителен... затоа никогаш нема ни да научам.

Дефинитивно јас не сум створен за да бидам човечко суштество... :(
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Цела недела имам проблеми со спиењето.
Инсомниа - велат дека никој не умрел од неа.

Ама ова не се издржува, мора да се оправам некако.
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Драга кајгана,
Заради некои последни случувања, поприлично сум исфрустрирана, морам да си пишам и да го "истурам" бесот некаде во овие часови кога сите спијат:)
Значи facebook-от буквално почна да се користи за секакви намени...кога викам СЕКАКВИ знач мислам буквално СЕКАКВИ.... дали е тоа дека си јадел, си пиел, си пушел , си легнал нешто, си отишол до wc (па какви се не перипетии ти се случувале додека си ги извршувал физиолошките потреби), си ги измил забите( кој си ги мие нели де), си бил на кафе, си бил не знам каде се не...ајде да речеме има и такви кои што ги интересираат такви информации..но добро бе луѓе,нормални ли сте да го користите facebook за изразување сочувство за што туку починати луѓе (која е иронијата кога ќе видиш лајк на таков пост ) Алооооо свестете се малку у пм( Пиринска Македонија,нели) не мора facebook да знае колку жалите по личноста, ако воопшто жалите или намерата ви е вас да ве сожалуваат коооолку само ви е тешко! Преку глава (демек без вулгарности) веќе од таквите!
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Значи населбава ми е амстердам to tha fullest!
Од увек било лабаво ама шо ми се деси вчера :D Брао брао :D
Нема везе, учев одсабајле се напињав и излегов накај пет да пафнам да се олабаам, нешо чичко Кире замараше пред зграда раскажуеше вицови од типот
- Разнесувач на пица чука на врата..
- Ko jee?
- Разнесувач на пица
- Ugji ugji raznesi mi picu!
кххх
цепки..
И нема везе смотав а у и идеме на коцка да пафнеме и глеам еден пандур иде кај тоа гулабарникот, и си викам нема везе чоеков со гулаби се замара нема да поти и си продуживме да пафкаме на едно 7 метри од него..
И нема везе, 5 минути не проаѓаат доаѓаат постариве чигри од маало, земале праски маски сливи миви, све! И наравно си носат да пафнат да се олабават пошо вечер треа фудбал да се глеа.. И зимаат мотаат палат, за 2-3 минути проаѓаат 2 пандура и командир се здружуваат со тој првиот и седат на 5 метра од нас си праат муабет..... Мене више почиња тензија да ми се ствара, им викам - Дај подскријте малце тоа фишот да поминат овие...
Постарвие: Уживај бе, не замарај, наши се овие!
И жими све хахахах, овие се расчуриле, џандариве проаѓаат на 3 метра, ни а ни бе да кажат! Бозо со фишот у една рака мобилниот у друга рака се забораил, пандуриве на 3 метра од нас проаѓаат по патчево дечково на телефон збори не се замара :D Тука почнаа хиениве да му мрчат - Бозооо! Култура бозоо! Од култура се крие ако ништо друго!
Многу се смеев жими све, не се здрави хиениве, муфла генерација сме за нив!
И така! Ова морав да ти го кажам, и фала курцу денес положив тоа историјата на право, прв семестар исчистив од втор морам римско да го фатам сеа за услов, не е фрка, и ми остануваат за ноември у казнена граѓанско и уставно...
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
еве ме мене после некое време конечно со добри вести :rolleyes:
да се пофалам конечно денес го положив и последниот испит кој го влечев скоро година ипол па здравје боже во најбрз можен рок ќе биде и дипломска :)
позз :pipi:
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Драга Кајгано.

Зошто луѓето се палат на секоја статија поставена на интернет?Фрчат статуси и линкови на фејсбук за наводната смрт на Морган Фриман.
Ние сме криви,го "јадеме тоа што ни го сервираат".Оладете бре луѓе.Да ви дојде некој на врата и да ве извести дека сте наследник на богаство од старец чие име прв пат ке го слушнете дали ке поверувате во тоа?Sure.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
^ Ано, ти само кажи кога летнуваш, јас организирам пречек на аеродром со свирачи и се по ред има да свират... а после кафана, нормално..
што ми беше муабетот...
Значи Драга Кајгана, денес добив нов комплимент од другарка ми „леле во очите си ко варен зајак“.. Срцката ме нарече зајаче... :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom