Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Си ојдоа другарчињата шо си ојдоа Кајгич и у овие напиени моменти ми текнува на еден совет на едно Големо мое другарче : " Ако пиј, дрогирај се, само немој да седеш на цименто да не ти кашла газето " . R.I.P мај френд - недостајеш многу да знаеш. И сестра ја чувам немај гајле.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
КајганоооооооооооооооооооООоООооууууу!!!!!
Нервознаа сум :mad: Даа премноогу сум!!
А знаеш зашто?! Затоа што луѓево не се ич благодарни за НИШТООО!!!
Све праеш за нив они грб ти вртаа уште ти фрлаат камења, те потценуваат.. Алооооооооооо!!!! До вчера бев добраа, ме искористи и сегааа ајде кој те е*е ( со извиниње)!!!
..ЦЕНИИ!! Барам мноогуу?!!
При крај сум со живцивее ќе експлоддирам.... Уште еден кикс има да напраем скандал !
Ќе го јаде гадно! :mad:
Себичноооосттт!!!! Љубоморствоооо !!! Завист!!!! Само ова знааа... кај ви е ЉУБОВТА, ПРИЈАТЕЛСТВОТО, ЧЕСНОСТА, БЛАГОДАРНОСТАА???!!!
ДОСТА Е!!! Стварно е ДОСТАА!!!!! Имам и ја душаааа...........


Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи ???!!!

Дочекав да пише
Грб – тоа е оној дел од телото на твојот пријател, што го гледаш кога си во невоља. :S


Some people need to wear a diaper on their face for all the sh*t that's always coming from their mouths!!


Женскаа овја статусиве сама на себе може да си ги посветиш!!!!
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ти не си свсен која вожња ми се деси вечерва!
Бррррррр ><
Невероватно човече! О-гин!
Неможам, жими се, нема шанси да ти раскажуем, this is too much!
Ми фали уше да легнам со souflly и да му извлечам све што има! Ако нема, нека се позајмуе за да ми дае! Не ме занима.
Све му зиам на денов.
All in.

Леќа ноќ.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Драга,
It's always darkest before the dawn.
А јас, ќе спијам. Фак д таскс. Чао пријатно.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
„...и кога пожолтените лисја паѓаа од гранките, ветерот дуваше и ги разнесуваше доволно далеку та ни самите да не знаат од која гранка паднале. Шушкаа под нозете небаре се бунтуваа што ги бев газел...Есен...Дојде и ќе замине. А моите сенки засекоагш ќе останат околу мене. Ќе ги гледам постојано и секогаш како да се живи и реални, тридимензионални, а не шлакнати на некој ѕид или пат. Дамата со сенките веќе ја нема. И таа си замина. Но ги остави тие сенки да седат со мене и да ме прогонуваат секаде и секогаш, како да сакаше да страдам целиот мој живот. Можам да се справам со нив. Понекогаш можеби и шепотат по нешто кое јас не го разбирам, но сето тоа не е толку лошо ако добро се искористи.“ -си мислеше Давид
Ноември, жолти лисје под неговите нозе, Партизанска, придушено жолто светло од уличните светилки кое се пробиваше низ маглата и како да се распарчуваше од речиси голите гранки на кои можеби и случајно беше виснал по некој мокар лист наврнат од попладневниот дожд. Одејќи така по жардониерите и потскокнувајќи како мало детенце кое цел ден ја молело мајка си да се прошетаат и сега е толку среќно и се чувствува доволно лесно за да полета, Давид сретна едно мало детенце кое беше неколку метри пред неговите родители кои беа доволно зафатени со својот разговор за да не приметат дека нивниот син ќе паднеше да не беше Давид кој го фати баш пред да падне. Давид помисли дека детето ќе се исплаши од него затоа што имаше долга коса и голема брада. Но не беше така. Детето беше само збунето. Неговите родители не се ни заблагодарија. Хах. Но на Давид не му беше ни малку гајле. Тој уживаше во својата прошетка и можноста слободно и на тишина да си размислува. Размислуваше за своите дела, за својата муза, за својата музика, за хармониите кои ги користеше...Но помина покрај едно место кое го потсети на нешто друго. Го потсети на една девојка која ни тој не знаеше дали сака да му биде другарка или нешто повеќе од само другарка. Мислите му заминаа таму. Кај неа. Застана и не можеше да продолжи. Мислите го боцкаа. Не можеше да издржи. „НЕ!“-извика на глас. Немаше никој наоколу за да го слушне иако стоеше до автобуска станица...
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
dear Kaygana
се разбудив пред малце па сеа доручкувам и ќе излезам малку на кафе. хо хо :)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.918
Суров е драга животов, затоа го мразам. Затоа не се придржувам до посраниве правила, затоа сум отпадникот во играва, затоа сум таа гнаса што не попушта под притисок, затоа сум секогаш чекор пред сите, зато сум тој со чист образ. Мојата лојалност и искреност ме прави човек, а сите други ебени андроиди контролирани од некој што не ни заслужувам да го плукнам.
Денес му е роденден на мајка ми. Денес мое другарче ја закопа мајка си. И како да гледам на срањево позитивно, кога не е ?
Животов не е фер стварно.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Мала ладно ми е...
Имам потреба од љубов да. Онака мала љубов,и потреба да се мушнам во прегратка. Инаку нема поубаво нешто од наоѓањето сила во себе си да им простиш на одредени луѓе.Спомените веќе да не предизвикуваат болка тука радост за научената лекција. Не нема ништо подобро од тоа кога луѓето кои те повредувале повторно и повторно веќе немаат никакво влијание врз тебе.Чуство на рамнодушност спрема некои за кого сте давале се а не вредело. Факт е дека се е релативно. Непоправлива човечка природа да се прилагоди кон ново настанатите ситуации. Кој порано кој подоцна. Мислев дека ако несебично им помогнам на сите,им се најдам кога сум им најпотребна еден ден кога мене ќе ми бидат потребни и тие ќе бидат тука за мене. Ама сум била во огромна дебела болдирана грешка. Човек на човека е волк. Сега има нешта кои се одсликуваат во здениците во моите очи. Ќе се фаќам за сламче ако треба ама ќе се борам и знам дека ќе успеам во намерите. Без друго сите си имаме своја светла точка,трошка надеж нешто добро кое не тера да истраеме во намерите. Јас мојата ја пронајдов.:pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom