Драга Кајгана, имав интересен викенд
Во саботата отворив сметка во Стопанкина банка и пзарев у Веро, ама тоа не е интересно.
После тоа бев у Кузман, на гости кај една студенка
А и нејзината сестра беше таму, уствари заради нејзе отидов. Си имаме минато. А и графчето во мензата на Кузман е фино
И после беше најинтересно, во Соул паб кога почнаа да се отвараат карти, па ме сардисаа 2 на 1.... хух опасно беше. За крај шетање по продавници низ ГТЦ.
Е неделата беше ТоБ. Договорив пивопиење со една психолошка
Уствари не е лошка, таман си е девојката. Првин го баравме безуспешно кафиќот на rymz, Ei8ht, ама не го најдовме па бевме у Љубов, времето летна, изгладнев и ме однесе на лахмаџун во Галерија7 во чаршија. Толку вкусно нешто, одамна немам пробано. Се заљубив, во лахмаџун со ајран, мх мх мх
И така, јас сум сеуште најпопрекрасен и сингл, енд лукинг, гудлукинг