(Втори септември. Не ми се верува дека ја пишувам датава. Втори септември, звучи неверојатно. Премногу далечно. Вистина е. Поблиску од кога и да било. Овде сме.)
Не сум многу креативна во последно време. Недостаток на инспирација? Можеби. Сепак би рекла дека е мрзеливост. Ако некој ги прочита последните мои мислења, ќе се почувствува како да чита дневник на осмоодделенка. Навистина не сум расположена за филозофирање lately, всушност не сум расположена за ништо посебно, освен за чаша ладно темно Лашко, Nouvelle Vague во позадина и некое списание пред мене.
On the other hand, бев за Штип денес. Штип е љубов бе<3 Појадов за 30 денари, пиев Нес у центар за 40! Тоа е стилот
За крај, на ти една песница:
Швалерскиот воз беше у 2, ама го укинаа...