- Член од
- 28 јули 2010
- Мислења
- 179
- Поени од реакции
- 49
Драга,
уште еден врнежлив ден во Фрибург. Камбаните одамна отчукаа полноќ. Впрочем тоа и прават секој час. Имам чувство како да се наоѓам во периодот на средниот век. Дури и прозорците на мојата соба гледаат кон една тврдина. Којзнае на колку војни и битки била сведок...Сепак овде е, поминале векови и векови, а уште гордо стои сведочејќи за тримуфот на градот.
Се` во врска со овој град ме инспирира. Ме тера да продолжам понатаму, да живеам за себе,нешто што одамна заборавив да го правам...
Јас сум тврдината, војната се води во мојата душа, времето ќе ги излечи сите рани...а дотогаш? Ќе продолжи да боли...