Пошо вчера не ти го пишав мојот долг пост, заслужувам да ти го пишам денес и да си се олеснам.
Немам другарки. Ти сиимала некогаш другарки? Имаш. Имаш и тоа многу. Гледај колку луѓе само ти пишуваат у текот на денот. Јас меѓу најверните сум ти. Нема никој што се гриѓи за мене секојдневно. Нема никој што му е гајле каде сум, што правам, кога ќе се видиме, дали сум јадела, што носам, нема никој да примети кога ќе си ја скратам косата. Нема никој да примети кога сум почнала масовно да се шминкам. Нема никој да примети дека сум се здебелила некое кило. Нема кој да мисли на мене постојано. Нема кој да ми каже дека сум паметна и убава. Нема кој да ме сака искрено, Нема кој да ми рече дека му значам многу и дека не може да живее без мене.
Зошто ми треба волку внимание? Зошто ми е толку потребно да ме сака некој? Зошто сум таква егоцентрична?
Морам да се храбрам и да се лажам самата себе дека никој не ми треба и деа можам сама у животов без никој, ама уствари длабоко у себе знам дека си се лажам и дека тоа ми е само тешење.
Патетична и лигава сум.
Се мразам самата себе.