Ќе се зазборам и се ќе заборавам. Вчера беше врвно. Пак заглавивме во Џубокс, и додека да трепнеш, ете ти манијаци.
Додека сушев раце на тоа сушарата у веце, ми пријде една будала навидум интересна, возраст меѓу диносаур и мајчино млеко, со израз на лицето као да ќе ме бара за жена.
Му подадов мушки рака, со лажно име, и онака ќе ме глеаше како играм до беснило.
Ракија + јас = вечен блам.
Со плам!
Испив повеќе од што ми држи газот, тоа е несомнено. Кабадајата и Јанез ме трезнеа по жардињери, а ја повторував во себе: се ќе биде ок, ништо не е ок, се ќе биде ок, ништо не е ок. Мантра на дуализмот скроз.
Не знам ни кај ми е четката за заби сеа, вчера ја носев на работа пошто одма кинисав на роденден после тоа.
Можда сум ја забила во нечие чело, што знам.
Утрово, мајка и тетка врискаат од смеа во кујна и мириса на пржен карфиол.
Недела е а јас сум на работа од 3 до 22. Имам зелен лак на ноктите соодветно на умот ми, и не знам зошто, ми се плаче, од онака. Рандомли.
Бејбишемблс ми пискаат од звучник, срцево ми е у патос а долнава у ерос.
Кога ќе навршиш 30 години, дедо ми вели, имај дете и бар пола рака нерви. За да си истераш векот!
Ми недостига, а жив е.
Која идиотштина сум.
Друго.... Хипер продукција на поезија стварам, поетон е во јадни маки љубовни, сакам да му купам боксерска вреќа и да го катапултирам до Марс, ама немам пари, само визија.
Ќе мора да дремеме по слаткарници за да се опраиме.
Ох лелееее...
Што ли ќе правам јас со мојов акал полн со чакал...
Медс.