Драги наши...
Искрен да бидам, не се ни обидов да го потиснам чувството кое ми извади злобна насмевка. Можеби не сум воопшто посреќен од вчера ниту ќе бидам утре од очигледно новонастанатата ситуација, ама е толку смешно што не можам да престанам да се кикотам.
Второ, но поврзано... Сакав да бидам раката на кармата, но некако не ми успеа а Богами не се ни обидов да ја спревдувам сам правдата. Малку ме мрзеше, малку се вадев на алтруизам, малку не можев да одлучам што точно треба да напраам. Како и да е, работите не може да не си дојдат на место, па би сакал да порачам на засегнатите и на оние кои знаат што зборувам (па и на оние кои не знаат, ова е универзална вистина) да мислат шо праат зашо ја никогаш не грешам кога ќе кажам нешто. Ма дури и на Рејзор коа и реков дека тоа нема да заврши за 5 минути бев у право. Како и да е, битната реченица е, Told you so, told you so!!!
Трето, исто така поврзано со претходните... сега да се потсетиме сите на
Шерлок Холмс а потоа може и да
запееме сите во гласот на промашените идеологии, религии и убедувања кои беспоштедно паѓаат под законот на Господ.
Сега, место да ме опцуеш, послушај ме смотано едно... Животот е патење и никаква формула нема која може тоа да го спречи. Добрата работа е што колку повеќе страдање има, толку повеќе и радости има. Секоја болка која ќе помине создава чувство на пријатно уживање. После болест самото живеење претставува задоволство. Затоа, не претај со тоа рацете мислејќи дека се крилја. Оди цврсто по земја, гледај пред себе, и само чекај го моментот кога пред тебе ќе си ги срине некој колената. А ќе го направи тоа, порано или подоцна.
Ај сега, за арно за убаво... :wink: