1 Октомври и тоа чудо бидна.
Минатата година, ова време се оптеретував со работи кои сега се така небитни и безвредни.
Минатата година, она кое што ме живцираше, сега ми е потребно повеќе од се.
Минатата година пола од работите што ги имав, сега ги немам.
Сфатив дека ретко луѓето оптимално и ефикасно ги искористуваат и максимално се впуштаат во прилики и шанси кои се на чекор од нив, што од страв, што од несериозност и одложување.
Некако, почнувам да се издвојувам од горната група и максимално да ги искористувам приликите, без страв и да се борам за она што го сакам.
Минатата година, овој пристап не ми беше ни на памет.
Минатата година...некако ми фали времето, периодот, настаните, ситуацијата, но не ми фали старата Јас.
A Годинава... тоа е тоа!