Драга,
Гледам времево решило да си тера по свое. А до кога вака незнам.
Ваквото време го намалува нивото на расположение на луѓево или пак само сега е така поизразено !?!?
Денов од рано ми започна.
И тоа со една неутрална фаца :icon_neut и "прекрасното чувство" кога знаеш дека мораш понеделнички да се влечкаш по дождов со чадор за да си ја завршиш обврската.
Бедно време, врнежливо - добро само за под ќебе. Катастрофални улиции, вода и кал по нив. А автомобиливе си ја имаат таа можност да тушираат наоколку - треба и за тоа сам да си мислиш.
Стојам на автобуска, чекам што побрзо да се качам во бусот а во меѓувреме еден старец застанува до мене и си го соблекува чевелот да си ја истури водата од него :icon_surp ..
Се качувам во конечно стигнатиот автобус и си организирам што како со останатиот дел од денот. Па сфатив дека е беден планот и дека со него ме очекува тапа ден.
И на крајот решив дома да си седам.
Ке направам нешто корисно, нема да е за џабе и тоа, верувај.
P.S I love the smell of coffee!