Седев со една другарка дома и почна на пишува со македонска поддршка. Ме инспирираше да ти напишам нешто.
НависТина, си забележала од кога ти немам асално пишувано на кирилица?
Вечерва сум во рандом расположење, имав проба 3 саати, умревме. Требаше да искачам после проба, али...цц. Ит диднќт хаппен. Ме мрзи да префрлам сега, ми се затвораат очи.
Какоидае. Имам рандом мисли во глава. Имам две мали бемки на десната надлактица. Убави се. Имам бушави шишки и бушава коса фатена во пунџа.
Ти звучам паметно? Не? Интелигенцијата е релативна работа. Пример, ако почнам да ти зборувам за теоријата на релативитет, што патем, ми ја раскажуваа досега, веројатно ќе се фатеше за глава и ќе речеше: Oh, Bozhe, devojkata e pametna ! Но, бидејќи ти зборувам за моите бемки( или беНки?, беМки it is.) веројатно си мислиш дека моето IQ е помало од твоето. Веројатно тоа и си го потврди сега во мислите. Најверојатно грешиш. И сега си викаш: Седии бе, ти беше таа... Го добивам коментаров од секој втор. Седи ти, мали.
Какоидае, не ти се фурам веќе, ја сфатив теоријата на релативитет од прв пат. И ми рекоа дека сум ѕверка. Што не сум. Кремка сум во последно време. I mean, отсекогаш сум била, ама во душата. Друштвото ме правеше да бидам hc, и мене ми се допаѓаше биинг хаце, затоа и бев хаце. Сега веќе друштвото не ми игра голема улога во животов, скужив дека има и побитни ствари и дека треба да се фокусирам на нешто побитно од друштво. Ѕеах. Тоа беше yeah со мак. поддршка. Чек, ми стигна порака. Небитно. Шо ти зборев? А, да ! Дека мање-више ми е друштвото у животов. Глупости. Недозреани деца кои мислат дека си го усовршуваат карактерот со правење глупости. И јас некогаш правев глупости. Ама не многу. И сите беа со предходно размислување и мозгање на последиците. И се десија сите ствари што ги предвидов. И само за една не бев спремна. Се десија? Зошто зборувам како уличарка? -.-
Си го мразам речникот. Сакам да зборувам убаво. То ест, не да зборувам убаво, туку некој кога го чита ова, да му биде филингот како да чита книга. Го знаеш она чувство кога читаш книга и додека читаш една реченица ти се поставува прашање во главата, ама во наредната реченица ти се одговара истото? Тоа е прекрасно! Или кога ми зборува некој за нешто, самошто ќе ми се постави некое прашање во глава, тој да ми го одговори. Тоа само универзитетски професор го може, која сум јас. Сум ти зборувала некогаш дека сакам да бидам професор на факултет? Епа еве, сега знаеш. Јас - професор. Којзнае дали ќе успеам да имам висок просек. Никогаш не ме бидувало за учење. Се што знам, од час. Мајка ми секогаш вели дека сум иста како неа. Look at her ! She's a school teacher. Maybe I'll be a professor. May - be. Да. Имам време.
Имав убав ден. Од сабајле бев на Водно, после седев дома, после со брат ми нешто се зезавме, гледавме serbian lessons blla blla blla, па после преведував песни, па со моите нешто а у, па после на проба, па со плавата кај мене дома, па ја однесовме со кола до дома и сега тука лежам во кревет по пижами, со јорган врз моите нозе и уште едно розево ќебе од некој материјал што потсеќа на кашмир врз јорганот. Носам розеви пижами со прерамки. Ладно ми е на рамењата, ама најладни ми се рацете. Впрочем, мене секогаш ми се ладни рацете. И секогаш после ова следи таа опасна реченица која веќе станува клише. Луѓето со ладни раце.... Не мора да значи. Фала.
Си била некогаш во парк во ладна, саботна вечер? Денес бев, само на 2 минути. Имаше неколку луѓе на сепареата, а на фонтана седеше еден многу чуден тип. Сам. Кога се качив по скаличките, стана и ја навали главата на десно (негово лево). Веројатно си го крцкаше вратот. Се запознав со висок човек. Се вика Ангел. Пролично добро му одговара нели? Ако ти кажам дека има плава коса и плави очи, што ќе ми речеш? Да, знам
Не ми менува ништо тоа. Имам премногу обврски и немам време за да ми лета паметот. Тоа го прават луѓето (ако можат да се наречат така) на моја возраст. Другарка ми повеќе го гледа дечко ѝ отколку мене. Ја немам видено цела недела. Мислам де, да направам муабет со неа. Што има ново кај мене, што има кај неа...блла блла блла...
Од секогаш ми биле досадни девојките кои не се сингл, девојките кои „се заљубени“ и не смеат да кажат ниту збор за било кој друг освен, се разбира, дечкото, љубовта на нејзиниот живот. И јас сум била заљубена, па сум коментирала за останатите дечки, и никогаш не сум ги откачувала другарките заради x особа, во која, наводно, сум заљубена. 7 месеци ги направиа како да се the time of their lives. Деца, 7 месеци се само. Вие ќе живеете 80 и кусур години. Не се занесувајте дека сте многу зрели и дека можете да се држите за рака додека идете по улица. Уствари, па шо и се секирам јас толку. Си има мајка и таа. Нека му ја мисли таа. И онака е запознаена со ситуацијата, неможам да свртам телефон и да ѝ кажам: Пази си ја ќерка ти МОРИ ГУСКО ! Речник. Знам -.-
Муабетот ми беше, јас ли треба да солам памет на секои 2 минути? Како, немој да ставаш слики со него на фејсбук, ќе раскинете утре ден и ќе треба да ги вадиш. Или ако не ги извадиш, ќе треба да ти ги гледа идниот дечко во галерија. Нели е срамота ма? -.- ИдиЈот.
Какоидае. Се внесов премногу. Ми фали(ш). Старата Тина is back, ако не примети. Пак сум злобна, лоша, намќор, дрска, директна и се лошо што може да се каже за човек кој го гледаш првпат во живот и ти замерува на се живо што ти е фалинка. Барем другите немаат skills да ги приметат стварите што ги приметувам, па не можат ни да ми вратат. Веројатно уживам во рандом работите што ги приметувам кај луѓето. Пример, некои не си го кажуваат името кога ти пружаат рака да се поздрават, а ги гледаш прв пат во животот. Нели е тоа непристојно? Барем за мене. Да беа 100 души со кои требаше да се запознаеш, ајде, ќе сфатев некако...Ама бев само јас. Сама. Една. Осамена. Како да не замерам? И плус, само се поздрави, afterwards. Не се претстави. И не ме гледаше во очи додека се поздравуваше. И јас сум како: „Те плашам со самата појава и страв ти е да ме гледаш во очи и да ми го кажеш името додека ми ја држиш дланката? Баш фино од тебе.“. Мислеше дека е зафрканција, ама не се насмеав. Зошто не се насмеав? Веројатно ми беше ладно. Рацете ми беа мноооогу ладни и осеќав како ми влегува ладен воздух од под јакната. Можеби и не почувствував потреба да се насмеам. -.- | =.= |
Комплицирам. Само бев лоша. Тоа е се. Зошто немам „е“ со цртичка? ):
Имај убава ноќ. Сонувај луцидно <3
Би продолжила ама треба утре да станам во 8.
<3
Едит: Имав печатни грешки xDD