Ода за Трењерката
Ново си е ново али дома повеќе се поштува трењерка колекција есен/зима од 2007ма година. Јас ја носам надвор трењеркава (иначе црна со бели линии кои се поставени од лежиштето горе на мојата бутка па надоле кон стапалото завршувајќи во скинат ластик со изглед како 4тиот реактор на нуклеарната централа Фукушима) само на празници како Прочка или на 4ти ден Велигден. Последиците од долгогодишното дружење на трењерката (освен нуклеарната катастрофа на ногавицата) и моите ножни израстоци од задникот популарно наречени нозе, се мали скоро минијатурни дупки, видливи на инфрацрвена светлина, во предлот каде што 2та стожери на моето торзо, во науката познати исто како и нозе (втора дефиниција за овој дел од телото кој кружи низ чаршијата) се спојуваат во една хармонична целина во горниот дел од предметот даден за опис. Зашто ја носам оваа трењерка сеуште? Добро прашање, колега. Традициите кај народите се нешто што ги поврзува поединците од сегашноста со нивните предци а во делот од светов, каде што живееме сега ние, попознат како Facebook, традициите се скоро најбитна работа и нешто што буквално не држи склопени во целина, независно од која ногавица доаѓаме. Јас мислам дека е доволно. Дури и на 22 инчен монитор должинава на постов е задоволителна. И така шо ти велев...