Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Х

Ханзо

Гостин
Кајгановка, читај ме. Внимателно, збор по збор. Збор по збор зашто целите реченици немаат никаква смисла. Внимателно зашто why the hell not. Евентуално, си стануваш фан на Новковић, ја вртиш онаа песната и кршиш гитари од асиметрично окезени квадроакордни глави on sight. Зошто па да не, една популарна поткезена и дигнатовеѓеста (како ли го прават тоа) мудрост вели „снаџи се па живи“, во дух на северните со кул јазик за фраери. За помалку спретните, една посета на пар старци по дијагноза „дрогаш“ е сосема доволна. Прашањето, кое е толку даун од дрогање што не ни очекува одговор со посебен ентузијазам, е едноставното „што правиш уште тука?“ Вродена носталгија по камшикот. Bugger off. И ќе се вратиш пак. Различен актер, истиот лик. Различни реквизити, истата сцена. А твојот лик уште ти е верен тебе. Публиката од еден (со зборови: еден) нетрпеливо го очекува аплаузот за секоја нова изведба, кога бунарот прави „клоп“. И повторно, Новковић. Натрапник! Кајгановка, обиди се, собери сила од секоја кодна жила и обиди се, биди натрапник, почувствувај го тоа. Толку познато е ова место, повторно сум тука за да го мразам или да го наречам дома? Помирување, секако. Заврти се околу себе, ох, наивно кажано. Заврти се во себе, поверувај во илузијата, поверувај во смешната идеја, неизводливата. Од друга страна, не, трета, го имаш изборот на лудоста. Замислената предност, замислените коцки, замислената надеж, eine letze...ах не, не знам. „Не знам“ отсекогаш беше причината, на секоја претстава. Смешно, кога веќе ја направи таа споредба. Уште едно правило на бедата, секој нов избор дава многу нови „не знам“, на крај нудејќи печени костени во шоља која инаку се користи за кафе. Како сега на пример, само без костените кои рака на срце, многу ми недостигаат. И додека сецкање несреќници или читање други несреќници е далеку позабавно од новата кул сезона на спакуван саркастичен есхолизам, јас...да, сецкање. Тоа, и скоро комично фрлање цемент кон четвртиот ѕид, без официјален пардон. Како и да е, жалам што пи е повторно на место, а Јан Сирови ќе ме носи на корт маршал за предавство. Само кажи, толку е лесно. Не играм, не играм, не играм.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Драга,
Само едно ме интересира. Како ќе се гурне денов ?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Ладно е и убаво е, денеска бев во невозможна мисија барав нешто како за мене големина :icon_lol:, утре пак. Не можам повеќе да седам во иста соба а Џеврие на телевизор сосе тој како се викаше мајку му Алириза :icon_lol:, станав си заминав многу некултурно од моја страна ама не се седеше повеќе таму кој сака тука сум кај мене :icon_lol:.


Џон Ленон опасна работа:

 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ....

и повеќе од точно е тоа дека секоја врска носи губење на пријатели. Ама само ако си многу слаб и воопшто не ти значат тие луѓе кои ќе ги изгубиш. Јас знам дека никогаш заради никого нема да ги изгубам тие што ги сакам многу. Дури и да видам дека можно е да се случи тоа, нема да го дозволам, ќе се борам за нив. Нема да дозволам да ги изгубам, затоа што кога сум немала никој тие биле тука, сум нив сум делела и добро и лошо, тие биле оние кои ме расположувале, ме смееле и ај да не го тупам се знае што се сме праеле. Многу сум среќна периодов. Ќе гледам никој никогаш да не изгубам, зашто мизерно е да губиш еден човек заради некој друг

Ги сакам најмногу на светот <3
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ајмо малку прореволуционерно да се изразиме, онака од чист ќеф.
Никад не мислев дека ќе видам нешто привлечно во хула танцот, венци цвеќе и многу прогресивни, додуша и вклучително дестабилни мисли. Океј Ленон го нема, ниту пак хипиците се на власт ( или пак некогаш ќе бидат), ама во последно време почнав да берам цвеќиња. Мхм. на 24 години токму кога мислев дека ете права е линијата и џабе ти е да вртиш, лево или десно, некој плесна со рацете и рече "Спремни сте за светска револуција народе?"
Имам што да раскажувам на своите деца и внуци здравје Боже. И така дечки еден момак реши да рече НЕ и замислете не е уметник и немам чувство дека ми го пере мозокот. Од кај знам? Па што знам , може зашто е во затвор, го гонат од сите страни, му замрзнаа сметки итн, а светот стана поле за виртуелна војна меѓу народите ( што да се прави морам да го парафразирам Гоце).
Бај д веј, во вакви моменти не знам кого да слушам, оние "како да" филозофии кои ти велат дека не си само капка во морето или овие малку пореалниве кои велат дека си мравка која лесно можат да ја згазат. Али пази, се е до перцепција пријателе. Секој може да излезе на тераса и да рече, "Јас сум крал на светот", друга работа е што најчесто ќе му купиме билет за Бардовци.
Не постои ништо апсолутно, па така ни апсолутна слобода. Трагично зар не? И многу често добивам нагон да си купам топови хартија, да отидам на некое забаталено место и да пишувам без да ме замараат празни муабети. Создадовме капитализам, епа драги мои in your face...
Туку отидов да видам што цвеќе имам у бавча...:)
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.339
Поени од реакции
2.232
Кајги ..

Многу е ладно времето бре ... леле измрзнав, уште по ладно е по салите наши, тешко се тренира , условите заникаде, ќе се разболиме. Ајде уште 2 недели ке завршиме, конечно празниците ке дојдат, омилени ми се.
Ама мерак е вака, на компјутер, топличко по дома и едно добро чајче со лимон, леле.
Биди ми жива и здрава уште многу Кајги!

Xfire.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.369
Поени од реакции
4.897
Ех драга кајгано....

И шо ? Сабајле станваш среќен дека ќе видиш снег и шо? ништо ! малце мраз на колите и то е то ! Разочаран ! Надвор уште ноќе ти тргаш за на училиште, само шо излегваш од влезна врата те сечи јак северец и веднаш смрзнуваш..по обичај стигам во школо за 5мин, а денес беше друго,стигнав за рекордни 2мин, за шо? професорката е веќе влезена, а тебе муцката и образите ти се потполно смрзнати. И шо ако кладоја камери низ цело училиште кога пак мрзниме во камен ладните ходници, а училниците празни...разочаран ситуација 2....оценките си ибале мајка...попладневен одмор, процентуално подобар од утринските часови (thank you Mr.Nobody) Веќе се стемнува, па ајде на тренинг..стигам таму снемало струја...разочарувачка ситуација 3..вежбаш на слепо и патот под нога накај дома, кога забележуваш дека си ги заборавил цигарите некаде,а каде незнаеш ни самиот, па те плаши да не си ги оставил дома...waiting...се ослободува компјутерот па тепам муабети со баграта, на никој не му се излегва студено било (мамини и татини мази) па останвам дома..разочаран по 4 пат... Oooh it's Friday, perfect...NOT ! ! ! сега ќе си легнам, со надеж дека нема да ме болат до толку нозете...Drum'n'bass ftw...
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Драга,
не памтам кога последен пат сум се смеела вака. :pos:
Огромна благодарност до сите фини деца што не излегоа на овој студ иако е петок (више субота), ма срцики бе!
Ми се свиѓа периодов, али осеќам дека ке платам со камата.
И такој ти викам ја на тебе.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Денес прочитав неколку реченици што ме сецнаа и ме натераа да мислам за некои мои ставови. Што фајда што некои работи ти се лесни како дишење кога сваќаш дека не треба повеќе да ги правиш.

Со една личност си истерав многу убав и искрен муабет, сосема неочекувано и непланирано. Ми останаа дел од таблите за утре ама не ми е криво, искрени и длабоки муабети стануваат ретки како дожд во пустина.

Памтам кога еднаш ми дојде гулаб на прозор и ми чукна на стаклото да го пуштам да влезе. Следното сабајле сакаше да одлета. Не ми беше жал и го пуштив. Некои работи мораме да ги пуштиме за наше и нивно добро. Ако се вратат е прекрасно но и ако не, си го имаме својот пат се додека некој друг гулаб не дојде и посака да остане и да не замине...

Голема умешност е да знаеш кога да играш тврдо а кога меко, кога да нападнеш а кога да идеш у дефанзива. Кога да зборуваш а кога да молчиш. Личи просто а толку е лесно да се згреши...

Зашто ли сите толку ја бараат а кога ќе ја најдат панично бегаат од искреноста? Којзнае, гени, воспитување, страв, карактер, има многу фактори. Како и да е резулатот е поразителен, се ствараат лажни пријателства, лажни љубови, лажни кариери, лажни животи и се така без крај...

Вистинска уметност е да си го најдеш својот пат, својата кариера, својата љубов и за ништо друго да не ти е гајле...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Градот е паднат во длабок зимски сон и ги крои свилените соништа на желби, зелкана на тераса мирно си почива во своите кисели ликвиди, месечината го пара замрзнатото црно езеро од ѕвезди а мене јајцава ми се собрани од што ми е ладно.

Иначе кис4е најуфка си, уште памет да имаше.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.427
Поени од реакции
6.073
Драга

Незнаеш колку е величенствено чувството кога надвор е убер ладно а ти си се топлиш и уживаш...како форум за жал никогаш нема да го доживееш.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Драга Кајгана

Мојот праг на толеранција е доста висок, особено кон личности кои си даваат за право да ми го тестираат прагот прилично често. Затоа лесно се навикнувам на секакви глупости. Ама кога некој ќе реши да плукне по нешто, за мене, свето... не сум баш во состојба да го оставам тоа така...
Гледам дека си играме некоја замислена игра во која се правиме толку наудрени, што дури го навредува нашиот капацитет на интелигенција. Не знам зашо уствари луѓево ми се плашат да ми кажат нешто директно, па си играат „Еј погоди шо сакав да кажам али тоа е толку очигледно шо знаеш шо сакав, ама ај ќе се праиме дека не знаеш хехе“, и нели, по сите норми си ја прифаќам играта и се праам дека сум идиот шо не глеа шо му се случува пред нос, наивно суштество, ќе ги претрпам сите навреди кои демек се одоколу и демек не се наменети за мене, се со цел да не ми се подмочаат луѓево у гаќи и се тоа.
Се е тоа во ред, али редно време е да се собере храбрст, наместо само да се збори колку другите не се храбри и КОНЕЧНО да се соочи со реален човек...
Така да девојко, ако имаш нешто да кажеш - искажи се и не се пренамагај зашо при крај сум со нерви. :angel1:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ама сите имаат као, капи дедомразовски?
Па добро, и ја ваљда иам капа, ама не таква.
На работа.
Што ќе споделам, досада.
На Песнило, сјајно си пројдов. Имаше и тук таму некој изгубен у свемир, битно јас се препородив, иам и некое линкче и смешно ми е да се гледам. Во суштина, мене сцената ме крева и спушта како кран. Во моментот сум на врв, после тоа меланхолизирам пошто не трае долго. Ама нема.
Преродувања, нели...
Слушам њувејв тука, Дјурановски си се инфицирам и тотално сум индиферентна на сите колегиумски муабети. Трешти монотонија од моно ем стерео звучници на денов!

На 16ти ќе отварам изложба сликарска, инспиративна тотално. Не верував дека ќе бидам мултимедијалец, али ваљда поинаку не знам и не можам.
Мајка плачела на перформансот.
Мила ми подари обетки.
Сестра ми ме напиња да си купам глуп капут, а ја како докажан антишопингар за такви чуда, ми доаѓа да и кврцнам една саксија по глава, зошто мразам наметнато обликување на мојата става.
И еве, пак ништо.
Статус кво, али мирно, стабилно.
Уште да имав еден магистер тука, да му се качам малку повисоко од што може да види, ехе...
Медс, клот.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Драга како ти започна денот? Мене супер ми започна, денот по утрото се познава.

Кисс4е :back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom