Драгоева. Бев сабајле личната да си ја земам, окапав. Стигнав до 8 (демек од 8 почнување) абер да се немало. Уште во осум саат гужва, стари луѓе со ѓевреците и весниците у рака нацртани пред шалтер, мчрат како во нивното време било подобро. Целото место “мириса на канцеларија“. Цајкани во одела се шетаат демек некој со калаш ќе им влезе да ги тепа. Уствари кога ќе размислам подобро, најверојатно ја штитат зградата од evil angry "ur passport is not done yet" people. Ги подржуам. Ред се чека, редица нема. Парадирав со чадорот мафтајки лево и десно од мене да не ме престигнат пед(ер)офилот и старчугана. Полека ми се умотаваа и пробуваа да ме поминат, изгледа имаат “искуство“ по шалтериве. Чистачката чисти колку да се рече, си го вози тоа џогерот по плочките а тек 8 и 15 станало иако таа треба да е на работа од 7 саат. Шо ја боли неа, и онака и доцни платата пола година. Битно лична карта си има, не ко мене. Ко увек, има некоја мајка со дете, и по некој си дифолт на универзумот и космосот и везатинеамшо, детето е НАЈГОЛЕМОТО РАЗГАЛЕНО ДЕРИШТЕ што икад ќе го видиш (осим ако не ти истече личната па нова да вадиш). Детево си трча ко улаво, му се крие на џандарот, плаче се треска од земја, јаде смоки и се брише од маица и ги лепи мрсулите по оградата кај скалите. Абе хаос. Имаше и една на мои години убаа, ама ни место ни време за додворување. Башка ја чекам за лична карта, таков не фраер, а она пицната чека за пасош и тоа итна постапка. Демек итно ќе шета негде. Битно се изнашмекав. Таман почнав да губам надеж дека ќе се вратам пред да се стемни, дојде една плавуша со големи шишки, тесна маица со розев glittery натпис и логото на плејбој. Изгледаше на оние американски ултрамега глупави плавуши шо работат како “секретарки“. Си мислев “ај нека им дае еден утрински биџеј и да почнат со работа луѓево“... Испадна (кој би помислил) дека е таа вработената за на мојот шалтер. Ја подценив нејзината работоспособност, испадна дека убаво си ја врши работата, а “близначките“ и беа како криптон па луѓето се заблагодаруваа дури и кога таа ѓи враќаше назад со објаснување дека нивната лична карта не е готова. Кога конечно стигнав до шалтерот, го дадов ливчето, куцаше она наведната давајки ми одличен поглед во силиконската долина, јас со десна го држам господинот да не прави узбуни а со лева рака држам пенкалото спремен да потпишам што и да треба да ја зиам личната и да бегам дома. Глеам ми го враќа ливчето со puppy dog eyes поглед велејки ми дека треба уште да чекам да се појави моето име на првиот екран (не знам како третиот екран од лево кон десно е прв али не е битно, не е вработена она математика да знае). Ајде чекав уште некои 20 минути, влегов во вторава соба, чекав уште 15 минути на шалтер позади жолтата имагинарна линија заради која за малце ќе се истепав (или ќе ме истепаше) баќкото од осигурување, КОНЕЧНО ми ја дадоа личната карта ни “А“ ни “Б“ за тоа кој сум што сум, име презиме, потпис идентификација БИЛОШТО! Значи секој hobo со моево ливче може да влезе и да си ја подигне МОЈАТА лична карта....
...абе сфашта!