Драга,
Вчера имав прекрасен ден
Ептен неочекувано прекрасен
Си ги изнасликав кучињата
Па јас немам толку слики колку нив. Уште да имав боље камера, цела куќа ќе ми беше со урамени нивни слики
Am I crazy?
Него, да знаеш што ми се случи, нема да ти се верува
Ја оставивме Трина дома зашто мора да научи да седи дома без било кој од нас... И првиот пат, се` беше ок. Вториот пат, влагам дома, ја нема пред врата... Хм, чудно
Шетам наоколу... ништо... Влагам во спална, прозорот отворен, комарникот бутнат, од Трина ни трага ни глас. Значи, скокнала од прозор будалата
... А надвор веќе темница. Си викам леле сеа кој ќе ја бара
Среќа не е агресивна или нешто слично, ама овде има ненормални луѓе... И знаеш почнуваат да ти се вртат 300 работи низ глава
И почнуваме да вриштиме ТРИНААААА, и слушаш како одекнува од секаде... Си викаш ај бар може на далеку да не слушне. Ама може да е било каде. Не` немаше скоро 2 саати. И по неколку пати викање, ете ти го соседот, вика Тука е
И ни ја носи на ланец
Ни рече дека кај него била скоро 2 саати, значи чим сме отишле, одма нашла начин да кидне
И ни рече дека прво ја ставил на тераса, ама скокнала и почнала да трча по коли, па ја фатил и ја пикнал дома
А и они имаат куче. Па си се изнаиграле
Оф леле. Незнам дали е смешно или страшно. Фала богу што имаме супер соседи
Да не беа они, ќе беше многу страшно. Али уште не ми се верува
Имам на фејсбук лајнато едно страна кај што постираат ствари за славни личности. И везе неам зашто ми е лајкнато, ама некад имаат интересни ствари па ги имам оставено. И чат пат дознавам кој родил, што родил, кој се земал, кој раскинал, кој се степал и сл
Вчера се уклучувам, абе 10 статии за Ким Кардашијан И Кање Вест. Кај се земале, што носела, кој што рекол, кој им пеел, сите плачеле
Ме заболе таквава! Фино лето Unlike и чао пријатно. И ај тоа е еден начин да ги одбегнеш тие, ама во Трендинг на фејсбук е ПРВО бе. Мислам.... Сторија на годината мислиш
А за поплавите нигде на видов ништо. Не е битно што луѓе губат животи и куќи и се` што имаат, битно е сите да знаат дека и како Ким и Кање се земале