Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Драгоева

“Зборови чудни, зборови волшебни
зборови разни, но сепак празни“

Празни зборови, празни постови, празни безсмислени реченици.
Празен е форумов....а сепак полн.

“Ко да сипаш од шупљо у празно
па ово нема ни у Београду“

Ми треба ментална борба,
ментална хигиена,
сум зарѓал.
Додека научниците напредуваат,
народот назадува.
Веќе мразам се што е user-friendly.
Се што знаеме е да си ја контролираме моториката.

Сајн оф, ќе одбивам постирање, ќе стагнирам.
Се додека не се реши да се крене востание.
Време е за промени.
Предвремени избори.
Ама не измени на “аватарот“, туку на јадрото.
прекршив завет да си ебеш векот...
од утре ќе постам (get it?) од драга кајгана..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Кајги, кулирам :pipi:
Се изнарешавав денеска задачи со конструкции. Докажи ова, анализирај она, врти шестарот конструирај агли од толку и толку степени, снајди се со Талесовите теореми, и секако главната дилема... Како да се докаже дека спроти поголема страна лежи помал агол:helou: Досадно нели??? Епа мене ми е секојдневие, и понекогаш уживам во тоа:vozbud::vozbud:
Таман излегов од дома и премрзнав пошто чекав 40 минути да дојде 16-ка :nerv:
Али битно и ја дадов ружата на саканата пошто вчера не се видовме. И да, кога трчкарав така со ружата у рука, налетав на кумата :kesa:
Што ребрање ќе ми даваат до крајот на животот :pos:
Чаос кајги:back:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Ах бе драга,

Тапа, тоа е вистинскиот збор за неделава која што е на повидок. Се очекуваше ваква недела после супер викендот. Оk, you got me, лажам, не беше баш супер, напротив, еден мал дел од него сеуште ме мачи. In fact, толку ме мачи, што и несоница ме јаде навечер. Задоволна сега? Good.

Биди ми поздравена.

:таз:
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Драга :pipi:

Некако имам желба да исткаам тука некои реченици :)
Интересен ден беше :)
Почнувам да ја обожавам моќта на фејсбукот, особено на оној дел „комон френдс„ од каде што можеш да откриеш мноооогу нешта :icon_lol: Како сме тоа поврзани, толку скриено, а сепак видливо :icon_lol:
Доста откритија за еден ден :) Да ги поживее господ за убавината нивна и за насмевката и убавото чувство што го родија во мене :) Дека таму некаде сепак ги има и се агенст ол одс :pipi:
Патем, убав збор, искреност мала, комплимент некој- незнаете колку можат да го разубават еден ден, некако сме ги заборавели тие мали нешта :)

До наредно :back:
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Драга прекрасен ден..преубав ...немам зборови..

Имав толку убав почеток на денот каков што никој немал денес :back:
Потоа 4-5 рандом ситуации (колку е се во универзумов толку совршено поврзано) во кои повторно и повторно си докажав дека моето место е тука,дека сум на вистинско место во вистинско време ...
Ме нервира што ми го исклучија випот, ме исекоа од комуникација:(( , а мразам да контактирам со некого преку мсн , уште помалку да ги гледам дебилните објави како ,,го мразам времево,, (галје ми е ја го сакам) ,,жал ми е што те изгубив,, на фејсбук.. Лелеееее кога ми знаела колку ја мразам простотијата на некои луѓе;толку се провидни;толку се површни ;толку го кријат сопствениот бедотилак и љубомората .... До каде доаѓа овој пуст свет,апокалипсата нема да биде понатаму туку е сега, ја гледам во лицата на оние кои не ги познавам ,а совршено ги познавам,ја препознавам во негативната енергија ,завидливоста ,неверството, во смеата на курвите,во несвесноста на будните со очи полни шминка...
Зошто добрите старадаат? Заради гревовиве на лошите или заради тоа што овие вториве им ја украле целата енергија ,им ја исцицале душата и им ја отруле чистата мисла ...
И уште една работа не ми е јасна -имав преубав ден , а толку песимистични мисли ... Знаеш зошто ??? Затоа што моите сакани другарки се тие што страдаат,оние неколку (со исклучок на Марија ) со кои ја поминав вечерта , оние неколку со кои се натрескавме од кафе и вода,оние кои се тука секогаш за мене ,а љубовта ги дотолчува... И всушност ,да љубовта е и единствената која ја има таа моќ да го убие со само еден мал потег- заслепеноста.
А како не би биле заслепени ??? Како кога никој не ја има таа смелост да погледне директно и долго кон СОНЦЕТО,истото она кое те грее,те гризе , го чувствуваат и другите ,но не ,не на тој начин на кој го чувствувам јас...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
A new day has come... 2am...
Туку Драга, денес две муви со еден удар. До душа едната мува не ни се помачи да ја бркам. Сама се утепа. Метафора е, не пробувај да го сфатиш во никој случај.
Уште утре една мува да утепам и оваа недела ми е готова.
Скаливе се искачуваат побрзо одошто мислев.
Среќа па и осигурани се, па и да паднеш, продолжуваш со качување од таму каде што си се зафркнал.
Интересни скали си одбрав, не?
Е, ај да одам да си легнам сега додека ме држат мисливе за топло време и прошетка низ парк некаде околу пладне.
Ах, лето!!!
 
T

Tetro

Гостин
драга, ми се спие, ми се плаче,

ај одам да спијам сега, за помалку од 5 саата ме чека нов ден :helou:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Џес

Правејќи реконструкција на настаните од пред една година...
Сеа е малце смешно... а и слатко, малце поише трагично и многу радосно зашо е само спомен.:)
ЕДНА ГОДИНА!:Ц:
:icon_bigg
И да, оваа година поише го сакам од лани.лове:
Ама океј, мене се повеќе и повеќе ми се допаѓа датата, со оглед на денешните настани.
Тужен, тужен ден 0.0
:icon_bigg

Леле, колку сум лигава деновиве, ќе се убијам.
Ама ако, убав ми е периодов.
Лето ми е!:)

Ијам идеја :icon_idea уште да најдам начин да ја остварам и притоа да останам жива!
Мучно е коа ќе наумам нешто.
:angel1:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Драга Кајгана,

Чиста среќа има малиот из*рканко што каснев за работа па не можев да застанам да го треснам од земја како што ми ја тресна колата со топка снег прееска.

Фала и пријатно.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Да, јадам магдонос, особено у манџи, супи или као гарнир на шницла.

Упс, сум ја утнала темата. :kesa:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
драга
правев тест се надевам на повисоко. Од 5 вежби 3 и пол скоро 4 ми се точни :pipi: ама ич не ми е гајле оти пред некој час одговарав усно и 5 си ми пиша, е сега тестов :toe: инаку ти како си?
треба да читам лектира за утре :nesvest: ама тешко дека ќе успеам ......


:back:
 
С

Сатори

Гостин
Драга,
зошто воопшто би се променил системот на студирање, ќе бев среќен човек ако само одев да си ги полагам испитите, а не да се нервирам затоа што на професорите не им се доаѓа денес на предавање па единствениот слободен ден ми го барикадираат со префрлање на предавањето во тој ден.Сериозно, во вакви моменти не си го сакам факултетот.Да го занемарам тоа, сеуште имам проблеми со здравјето, па од понедалник пак ќе треба да заглавувам на Алерго-пулмологија, можам да се претплатам таму затоа што очигледно повеќе време минувам во болница него дома и + мразам да ми вршат испитувања, личам на наркоман веќе. :(
Нема апсолутно ништо позитивно освен фактот дека си ги положив сите испити и дека имам уште 3 месеци и ќе биде се готово, после пак отпочеток ама со поинаква агенда.
Hugs & kisses Violette:гушкање:​
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Како го реди надвор снег зимска идила.
Поминав кај типот да прашам што како услови и најмногу што ме интересираше дали може пет, може двеста ако сакаш беше неговиот одговор, потоа ако сум сакал по фактура ова она, мојот одговор беше дека сакам кеш да си платам тоа фактура па после да се бркаме да се колиме не бива, вака чиста работа.
Што би рекол татко ми па ми брчи нешто во умов :pos::pos::pos::pos::pos:, ама добро е коцките сами си се редат итоа без некој голем напор вложен од моја страна. Ќе ја биде :icon_lol:.
На ова електронскава пошта а бе едно писмо корисно да стигнеше некогаш мајку му, таман се радувам имам писма добиено еден куп или се глупи известување или некој сака да ми продаде нешто :icon_lol:.
Толку....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom