Знаеш дека си остарел кога лека-полека твоите врсници од маало, прават веридби, свадби, шетаат деца итн...
Уште една другарка од маало се верила пред некое време, а вечерва ја дознавме и причината, бременоста

Пред некое време дознав дека и мојата прва девојка веќе шета деца низ Скопево, а втората само што закажала дата за свадба и нормално причината е бременоста.
Како помал кога си гледавме со онаа куќаркана (пишуваш 3 девојчиња, 3 коли, 3 места на живеење, и плус глупости од типот на 1 дете, 2 деца, 3 деца, богат, среден, сиромашен, а поентата беше дека ти одбројуваат онолку пати колку и годините на кои си планирал да се земеш

) секогаш ставав дека на 24 ќе правам свадба. Каде бееееееее...
Мајка ми ме потсети на некоја љубов од прво/второ одделение. Имаше една Сања во моето одделение, ептен бев заљубен во нејзе, а типката се пресели во Канaда

Колку сум плачел кога се преселила, мајка ми ми вика, срце ми се кинеше кога те гледав



Сум спиел со нејзина слика над кревет

А и ми притекнува дека кога идев да спијам кај тетка ми на гости, го правев истото и братучед ми ме кинеше од заебавање

Пробував некако да ја пронајдам пред некое време, ама не успешно
Кога веќе се враќаме на теми од детството, да го споменам и албумот Животинско царство

Едно не ми е јасно, како може различен тип на сликички да има во албумот? Изгледа тие без триаголничиња, се уште постаро издание
Мајмуните се фаците во албумот

Штета што ми фалат уште десетина сликички...
Сликичката со бубамарата ја најдов на доста интересен начин. Како помал некаде ме однесоа на гости и детето на пријателите ја имаше залепено сликичката на фрижидер. Заради мене едвај ја одлепија и ми ја дадоа пошто ми фалеше во албумов

Ми текнува дека татко ми имаше уште постар албум од животинско царство

Истотака имаше еден албум CINEMA со глумци од Холивуд од 1964

Кога сме кај ќе албумиве, почнав да си собирам и СП 2014

Само нашиве генерации собираат, децава не знаат ни дека постои нешто такво.
Ехххх, како би играл на тапка сега...
Да си ќарам еден куп сликички
