Уште чекам (како оние двајцата што го чекаа Годо) да го разберам моментот кај луѓето кога ценат кој колку чувства има врз основа на тоа кој колку зборува за чувства. Демек ако некој не се треска од земја у јавност, тоа значи дека не осеќа ништо, дека е бесчувствителен? А па ако збори на сите и секаде, тоа мора да значи и дека го мисли/чувствува тоа? Или па кога ќе раскинат двајца и кога дежурните експерти за туѓи животи ќе кажат: А го/ја гледам излага, добро му/и е, очигледно преболел/а. Е па ај ако раскинале двајца, у црно да се завијат и месец дена да не излезат од дома за Петко и Трпана да кажат: Аааа, таа/тој тажи...
Ако се нормални луѓево генерално, јас Crazy in Love да не бидам. Па уште кога ќе видам како првиве им се правдаат на овие вечити трачари и душебрижници, па уште поголема нервоза ме фаќа. Не сфаќаат дека колку повеќе им се оправдуваш на луѓето, толку повеќе ќе ти попуваат, ќе ти се качуваат на глава и ќе ти кажуваат како да живееш. Све се тоа случаи за посматрање. Сите се експерти и ептен паметни кога треба да солат памет, ама својот двор никако да го средат.
Друго нешто, ова сликиве каде луѓе се љубат под вода, само мене ли ми се језиви, а не романтични? Не ми делува тоа нешто верно, а ни романтично... Водау нос ти се пика, у уста такоѓе, воздух не можеш да земеш, пошто ќе се удавиш т.е заскрнеш...
И така, само онака случајни размислувања на сосема случаен ден...