Серам против сељаци од '99. Жими мајка. Континуирано ги серам, од моментот кога си разјаснив на себе зошто ми се антипатични луѓе со раце кренати во вис, згрчена гримаса запек стајл и 500 денара во рака спремни да бидат залепени на певаљката која страствено ја изведува "bicu tvoja vatra, bicu tvoja Kleopatra".
Ми кажуваа дека сум бил крајно проблематично бебе на тие две свадби на кои морало да ме носат. Додека братучедка ми била насмеана, гугала и претала со рачињата, јас сум плачел и сум мочал агресивно во пелена. Имам гледано слики од тие свадби. Moжам да претпоставам какви песни се пееле. Едниот младоженец го знам како тешко сељачиште, Бренофил, душа даваше за Брена. Избегал од Хрватска, војна се спремало(или почнала, не знам) - него му прпало. Го приморале да се врати, дезертери дебело го јаделе тогаш, го казниле таму, ама не лежел оти по една недела сите од Македонија ги вратиле во Македонија. Прославил слобода со свадба.
Сега е во затвор во Австрија.
Значи, ако барам корени на омразата, сигурно можам да ги лоцирам таму, преку траумите на свадбата на тој далечниот роднина.
Во средно драстично ми се интензивираше таа омраза и почнав да ја вокализирам. Најдов и група истомисленици, си игравме андерграунд. Тогаш и почнав да се карам со сељаци. Ги прашував зошто таа музика ја сакаат. Што е тоа што ги тера не само да покажуваат мишка на "концерти", туку и да ги пуштаат тие песнички дома, додека ја чистат собата. Дали јас промашувам нешто. Некои викаа дека песните биле игриви, некои дека се идентификувале со текстовите, некои дека ги разбирале оти биле на српски и не можеле нити сакале да слушаат "странско". Никој не ме разубеди. Им кажував дека се идентификуваат затоа што така се штампани тие песнички, во секоја има еден тажен јунак кој ја изгубил неговата љубав живота, нешто што на скоро секој жив човек му се има случено. Лепат некое игриво ритамче, некој рефрен со рима и ги праќаат на селандурија да ѕенѕа. Најбитно од се (со ова и поентирав) е дека самите текстови, начинот на кој се пишувани, конструкцијата на "приказната" (настрана пеењето со тоа магарешките гласови) се глупи. Многу глупи. Им давав примери од познати текстови на Синани и Шабани. Често се случуваше и да ми кажат дека многу, многу и не го приметиле текстот. Дека премногу сум влегувал во детали, сум делкал. Тоа ме вадеше од такт. Избувнував, "па ти не знаеш шо слушаш бе. Како може секој ден да џускаш на ова, а да не си приметил кое лајно од текст е?"
Вчера пиев кафе кај една другарка, соборец за вредностите и вкусовите од средношколските денови. Слушавме музика и евоциравме. Додека одеше песнава...
...морав да ја прекинам сред реченица за да обрнам внимание на текстот.
Оваа песна ја киневме од слушање, ја убивавме, маста и ја вадевме на песнава, ама изгледа никој два посто не го ебел текстот. За себе знам дека ја мумлав и потпевнував зборови од рефренот. Вчера, за беља, фатив еден многу спорен сегмент, го мислев на пат кон дома и кога се прибрав, прво го изгуглав текстот, го прочитав, па бев да мочам.
Running away in the autumn rain
Did you ever see a little child sleeping?
"To be near them will my sorrow drain..."
Suddenly I stocked, their bodies weren't breathing anymore
And I couln't help!
They captured my heart with their sorrow... it grows
Due to the ones who fear
Dance in the morninglight
Due to the ones who fear
Slaves to this innocent might
Carrying away the ones I love
Folden hands, they have been blessed
Now I feel angry 'bout the ones above
Just no warning, no sign
Hey, yes, I fear!
And I just really feel darkness inside
Lost without a chance to hide
Due to the ones who fear
Dance in the morninglight
Due to the ones who fear
Slaves to this innocent might
See me down
Down on the ground
Hoping that nobody hears
The sound of this falling tears
Endless bleeding
Hoping that nobody sees
What you did to me!
Endless weeping
Hoping that nobody hears
The sound of this falling tears
Endless mourning
hoping that nobody knows
This feeling below
Многу јак текст имал нашиов хит од средно. Прво, 80% нема никаква поврзаност. Несмасно нафрлени глупости од некој дум метал калап. Некои зборови не одговараат во реченицата, некои не постојат. Брутално ретардиран текст. Останатите 20%, оние кои ги запамтив уште кога бев кај другаркава, се тие спорните, заради кои и имам заклучок дека песнава е напишана од (перспектива на) педофил и раскажува за тоа како типот испоебал некои дечиња, овие умреле, него му паднало многу жал оти ги убил од ебење, а бил и исплашен дека ќе го фатат:
Did you ever see a little child sleeping?
"To be near them will my sorrow drain..."
They captured my heart with their sorrow... it grows (IT grows )
Carrying away the ones I love
Folden hands, they have been blessed
And I just really feel darkness inside
Lost without a chance to hide
Endless mourning
hoping that nobody knows
This feeling below
Страшно. Сигурно несакајќи така му излегло, не оти сакал батката да му биде песната за педофил - убица, туку само бил глуп металец од Германија, мислел дека знае да пишува текстови, а сирот ни англискиот не го владеел.
Ние, младите прогресивни умови, на оваа песна се имавме мувано, на оваа песна се имаме за рака држено, на оваа песна имаме филозофирано, слушајќи ја оваа песна имаме плукано по гнасната, одвратна, испотена и мрсулава шабанела селандурија.
It grows.