Мила
Знаеш дека кога си заљубен, љубовта не те пушта да одиш напред, но не те остава ни да седиш назад, едноставно тапкаш во место цело време, но се чувствуваш како да леташ............ и да, точно е, леташ, но не напред, туку леташ од горе, кон доле, од небото кон земјата. Затоа првите месеци во една врска се најубави, зошто тогаш си на небото, како поминува времето се приближуваш надоле, веќе ги поминуваш облаците и почнуваш да ја гледаш земјата, сфаќаш дека си бил во заблуда, не се чувствуваш веќе толку убаво, почнуваат да те мачат прашања, поминува време но неизбежно е да треснеш на земја.
Почнува и по малце да те нервира, а уште поише да се конфронтира, па за искачање со друштво да те лимитира, а коа ке ја налутиш да те игнорира, спушта телефони и депресијата ја лечи со чоколадни бонбони, па се кае, ти крева и ти вика без тебе овие денови ми се монотони, искачам и солзите не ми ги покриваат ни 1000 креони, а бе ти си еден во милиони
без тебе сум ко Опуштено без Тони, ко фискална сметка од тинекс без купуни, добра ти ноќ мила и знај, поубава си без СИЛИКОНИ