Хај,
пред да си заминам пак во неповрат и пред да го прегорам веќе непостоечкиот џигер
ќе ти посакам се најубаво. Ваква баксузна година во мои 20 и кусур скоро накај 30 години, сум немал
Ваква бљувотина од година, каде успеав да преминам преку сите препреки и преку сите луѓе, гомна и предавници посакувам да не му се случи никому.
Дури и кога ќе умрам сакам на гробот да пишува 1 година помалце, земајќи во предвид дека оваа
воопшто и не постоела.
Но ја завршив во најдобро можно светло, со најголемиот триумф.
Запознав нови луѓе, изгубив многу драги, а со нив и нивните пријатели итн...Кругот се стесни но барем сум раат. Повторно ме чекаат патишта, нови авантури, предизвици, луѓе, жени неверни и проблеми.
Одлучив да прекинам со пороците и да си посветам некое време само за себе. Колку и да е себично, јануари е месецот кој што сите го мразат заради финансии, но мене ќе ми дојде ко џокер во прав момент.
Утре е нова, а задутре си ги пакувам куферите и одам нагоре. Ме чека тео париш во белград и некоја згодна панчевка на која ќе ги потрошам сите пари, па после со горнио напред во нови победи!
2014та ќе ме памти, веруј
чао кајги, биди кул
бац