Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Да ти кажам дека пишав пост, и ми исчезна ради едно немарно back...

А беше полн, како срцево мое. И одењето пеш низ градов убав, што плаче за Љубов, не само како графит, ами и како референца од човек до човек. Кога ќе се потчукнеш со некого во автобус, на пешачки, да се засмееш, да речеш извини, пардон...
Нема. Драги мој, знаеш ли колку е мрачно кога одиш накај МКЦ по лична карта, и околу тебе има само магла и музика низ светилките? Дали сум себична што се плашам за мене и тебе? Како ние, како еден пар чорапи, испрани во различна машина за перење. Го мирисам градов, од некаде ми надојде Пино Силвестре, низ сиот тој смог. Осумдесетите на Скопје. Што не ги памтам, ама како да ги носам во кодот наречен друг живот. И пешки низ светот, молскавично, ко на поема од Коле Неделковски. Сите поети ми се појавија денес. Не можам, морам да разговарам со некого. И ете, сите трауми ќе ги испоречам по виртуелни ќошиња, по страници што можеби не допираат никого, или само некого. Кога тргнав накај Беко, жената што ги хранеше мачките личеше на некоја кукла од цртан филм. А мачките, уште посмешни. Јадев чоколатце, Најлепше Жељице, оние новине, со ѕвездичка, можда ќе ти се свиѓаат.
И свиреше Just Like Heaven од The Cure на слушалки. Јас, нежна и единствена, ти изгубен и осамен. И се претопивме, тогаш те видов, те почувствував, иако си тоооолку далеку. Па си ронам солзи ко што ронам трошки леб на прозорец за џивџаниве да не умрат од глад.
Мене нема кој да ми рони солзи. А животов се рони, и тоа не во трошки, ами во денови, недели, месеци.
Јас, вечно сум во чекалната на животот.
Секогаш чекам некого.
Секогаш сум асоцијација на Дом, на огниште, на црвено во очи, што од плач, тоа и од среќа. Зошто. Без прашалник. Зошто.

Зошто, о зошто, животе, ми создаде срце патувач - номад, а тело на една обична ќофтеста Скопјанка?

Немам одговори, за ништо. А зошто и би.
Просто, недостиг. Најголемо присуство на отсуство.
Би пишувала до утре, ама не можам.
Некако, што знам. Зар е важно.

М.
Девојко не те знам ама би ти препорачал да почнеш да пишуваш книги оти те бива за писател...(y)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
До чичето што му текнало да го раскопа пролазот кај Електро, во случај да читаш, да даде Господ пролив да те сотре! Кај ридче направи пред недела дена, сега раскопал и калови до колена, па и уште гранки ставил на излезот, слон смрден. Неписмено теле едно.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Кајганке,
Интересен ден,а?
Почна вака:
t1.jpg t2.jpg t3.jpg

Па на факс:
t4.png t5.jpg

И после тоа :
t6.jpeg t7.jpg

И сега се осеќам некако вака:
t8.jpg

И целата приказна ќе заврши....

вака:
t9.jpg

....или вака:
tumblr_me0lwo1TRX1rsa3uxo1_500.jpg .

Ама сватив нешто денес:
t10.jpg :cool:

И тоа.

П.С : Конечно отидов да дарувам крв... не ме вратија, замисли :) Штета што не најдов слика што ќе се вклопи во приказнава :)
--- надополнето: 17 декември 2012 во 21:34 ---
До чичето што му текнало да го раскопа пролазот кај Електро, во случај да читаш, да даде Господ пролив да те сотре! Кај ридче направи пред недела дена, сега раскопал и калови до колена, па и уште гранки ставил на излезот, слон смрден. Неписмено теле едно.
Се придружувам кон убавите желби.... И ја денес за малку ќе потонев во мочуриштана :mad:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драгааа ....

многу ми се допаѓаш вака накитена ... :D
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
треба да направат и со тастатура да може да се свири
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Саундтракот за наредниот Паранормал Активити ќе биде од мене, made on Kajgana.. :P
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
АБЕ ШО Е ТОА ШО ВИ Е ЈАКО НА СИТЕ ЈА ШО НЕ ГО ГЛЕАМ НЕШТО ЗА СВИРЕЊЕ
-----
Аа еве го ама зашто неќе на Сина крв скинот да работи -.- Очи ли треба да ме болат за да си играм на тоа горе!
Убаво е <3
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
АБЕ ШО Е ТОА ШО ВИ Е ЈАКО НА СИТЕ ЈА ШО НЕ ГО ГЛЕАМ НЕШТО ЗА СВИРЕЊЕ
-----
Аа еве го ама зашто неќе на Сина крв скинот да работи -.- Очи ли треба да ме болат за да си играм на тоа горе!
Убаво е <3
Ние хипстерите на сина-крв сме осакатени од празнични радости. :D
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Ние хипстерите на сина-крв сме осакатени од празнични радости. :D
ама сакам и мене да ми тропкаат такви дрндарки горе :place:
Што ако ми е стаен тој скин пошо имам фрки со диоптерот!? КАЈГАНА ДИСКРИМИНИРА ХЕНДИКЕПИРАНИ ЛИЦА?

Петиција дрндарките да се достапни и за Сина крв:
1. Козмикс
2. СтатусQuq
3. Џинџер
4.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
ама сакам и мене да ми тропкаат такви дрндарки горе :place:
Што ако ми е стаен тој скин пошо имам фрки со диоптерот!? КАЈГАНА ДИСКРИМИНИРА ХЕНДИКЕПИРАНИ ЛИЦА?

Петиција дрндарките да се достапни и за Сина крв:
1. Козмикс
2. СтатусQuq
3.
И ја. Срамота е ова :)


Апдејт: И дедомразовска капа им се појавува кога ќе им стигне известување. Сакаме и капиииии!!!!! :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Значи ептен се заразив со твоиве sврчки!Седам на форумов, скролам низ теми и онака си праам некои чудни мелодии.Дури и мама ме чу па дојде да проба да отсвири нешто :icon_lol:
Леее, закон!
А иначе, никако да се скрасам да седнам да учам, не не...
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.025
Поени од реакции
12.697
НАЈЈАКА СИ жими се!
Седнав и на овие ѕвинзвуркиве си играм, имат глата тапан да им ја напрам на комшииве! :D
Не е фер само тие да ме будет сабајле со ринге ринге јаја!
Како ќе станам сеа еј.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom