Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Слушам Бастион, па Малком Мекларен, преведувам еден текст за дигитална книжевност, кој патем, сакам да го објавиме како стручен труд за припомош на катедрата кај што студирав, па чекам палци горе сега, ми смрзнуваат ноџињата, волнен чорап си владеам, мириса на гравче, петочно, рутини што ми ги јадат подочњаците, дланките во мирис на лотос, тато гледа серија и мрмори некој превод од англиско/руски, ја чекам мајка ми да цртаме на хамер елка за децата од нејзина паралелка и сево ова има смисла, зошто е убав петок.
Надвор имам мачори блузери и кучаци џезери и свират некоја џукелска композиција, најискрена на свет. Капе живот, капка по капка, и прави вирови. Љубовта ми праќа некои линкови за тоа каде да одиме откако ќе ја земе колата. Зрзе, тоа е сонот и за двајцата. Мирно селце, манастир, сиренце и лепче, малку шетање, зеленила, и рајот е наш. Само да си дојде жив и здрав, да си ја прославиме Љубовта како што доликува! Утре одам на Чаршиски базар, да си купам торба од филцана волна, па со Лала ќе пиеме турско чајче на ќош. Даде ме договори во недела да кинџуриме елка, ќе си правиме лампиони и укравчиња, а веќе нарачавме и бои за стакло и ќе си ја уредуваме собава како да се случува нешто многу важно. Па и се случува. Откако двете се вработивме, забележувам како ни е мерак да си ги пицнуваме сите мали недоследности што со годините се збирале. Дали е тоа од обичен нов прекривач до полици за книги, ми значи што можам сега да си го обезбедам без да паѓа товарот на мама и тато. И убаво е што може и тоа да си го дозволиме.
Среќа на врв на елка, ете така. И да отпатуваме сите со убав воз во 2013, тоа ми е желба за сите.
Знаете дека малку ѓумбир, рендан, на врвче од лажица, кога ќе го ставите во тесто за милиброд, прави чуда? Вчера го смотавме со мајка ми, како плетенка, цел стан замириса на љубов и лезет. Минус 16 надвор, а во срце лава пуцкеста и пушта капки радост. Си сонувам со очи ширум отворени, онака баш како што непланирано може да биде.
Си се прашувам како ли им е на сите ракавици што се губат,и едната останува кај сопственикот, а другата секогаш ја наоѓам падната по булевари. И студи ли?
Па си мезам спомени низ фотографиите од албумите од 2003, свирките во Вулкан, долгата коса во кадрици со црвено и сиот блам поради фарбањето во две нијанси на бадем и оган портокалово, журките во Маврово и изгорениот помфрит, волците што демек ги слушавме и мирисот на BU зелениот, со сино капаче.
Женичкиве организираат кино средба деновиве, во петок сум на Св. Никола кај колешка на гравче и ореви, посни кифлички и многу гушкање. И купивме вино и шарени ракавички, ќе биде тоа женска трач рубрика среде соба.
И ве поздравувам со мојата денешна аура во музиката на Бастион и Ана Костовска. Ви го пуштам и линкот со мојот текст за нејзината песна Анушка, со кој објавивме публикација, а со Фиши отворивме еден мал блог, кој веќе не постои, ама овој текст сведочи за ентузијазмот.
Убав ден имајте.

М.
http://maktmv.blogspot.com/2009/12/blog-post_28.html
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Денес си земав деј оф од замарања:rolleyes: .Освен тоа што бев на факс и морав малку да се позамарам со консекутивно толкување, другото се уште е во границите на незамарање.
Не бев ни на вежбање, замисли.Се нагнетов и си легнав на кревет да искулирам, па и со надеж дека ќе заспијам.Јок сестро, колку и да не правам ништо физички сепак психички сум преоптеретена.
Над глава ми висат милион работи, задачи и личности.На прашањето "од каде да почнам?", соодветниот одговор би бил "од почеток".Али, како да почнам од почеток кога уопште не ми се ни почнува... Мех, тапа:cautious:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
која тортура психофизичка ми преставува да дојдам до пцво значи у пм. кај мене во собава пингвини можат слободно да се удомат.
иначе почнав да вежбам денеска онака дома ,склек, стомацни чучњеви, колку да тепам досада, ја отворив и книгата, малку книга малку на мобилен, пропратено со чај од нане
i feel like a sir :D
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Драга Кајгана,
Работите малку по малку почнаа да се враќаат на место. Да поминат некако уште овие две недели и ќе одам да се сликам со Дедо Мраз :vozbud:
Последната слика со Дедо Мраз ми е од пред, ни повеќе ни помалку, 15 години... редно е да се потсетам на магијата. Се надевам дека не сум премногу стара :) Убав ден, драга моја, убав ден, живеам за ваквите денови. Знаеш, ден кога нема да ти се случи ништо посебно, ама нема ни да ти се случи нешто лошо, па самото тоа што не се случило нешто лошо, те прави да се осеќаш ко да ти се случило нешто убаво... Уморна сум, да, ама некако среќна. Само уште да немав обврски, ќе ја поминев целата ноќ бесцелно зјапајќи низ прозорецот размислувајќи колку е убав животот :rolleyes: Аххххххххххх, ајде нека поминат уште две недели...Ајде побрзооооооооо :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Драга, што жени ќе беа ги аднуваш и те прашува дали се знаеме....зар има уште такви :confused:
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Кајганче се разочарав да му ебам мајката :( xD

Зошто ??

Па ја видов Мила Кунис без шмика, аууу страшна работа, каква илузија создава холивуд ццц... Бољи да не ја видев.
Види драга на што личи ова. :(





BTW имам и позитив на денот : Јас сум бил поубав од Мила Кунис и Ештон Качер заедно. :pos: :pos:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Кајганче се разочарав да му ебам мајката :( xD

Зошто ??

Па ја видов Мила Кунис без шмика, аууу страшна работа, каква илузија создава холивуд ццц... Бољи да не ја видев.
Види драга на што личи ова. :(





BTW имам и позитив на денот : Јас сум бил поубав од Мила Кунис и Ештон Качер заедно. :pos: :pos:
Од Мила си поубав, ама со Ештон тука негде сте :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
13.468
Кајганче се разочарав да му ебам мајката :( xD

Зошто ??

Па ја видов Мила Кунис без шмика, аууу страшна работа, каква илузија создава холивуд ццц... Бољи да не ја видев.
Види драга на што личи ова. :(





BTW имам и позитив на денот : Јас сум бил поубав од Мила Кунис и Ештон Качер заедно. :pos: :pos:
Ова изглеа као да го хакнале профилот на Силвана Бонева и напраиле face off.:ROFLMAO:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пошто знам дека ја читате темава еве и тука.
Апел:

Доколку видите некој бездомник јавете се на следниве телефони и пријавете на која локација сте го виделе, за да му помогнат од Црвен Крст. Бидете луѓе, помогнете таму каде можете. 3096-227; 071-261-787; 070-250-054; 070-317-882.

 
H

HITCH

Гостин
Драга, секој си има жолти минути, ама оваа е таква родена. Еве, сiте да видите како си поминав јас со неа летоска на „викенд“, ако може да се нарече викенд. Кучињата ги крстила Елка и Борче, ги довлечка со нас, џукеливе се џиткаа на се` што мрда, се научив на се` живо диво да викам „џупац“, па уште очекува да ја сфатам сериозно. Со кој памет??? Уживајте со Елка и Борче!

 

Attachments

Џ

ЏинЏер

Гостин
Драга Кајгана,
Конечно почнав со работа :) Има обврски кои ги одложував со недели, ама денес еве тргна.... hopefully ќе стигнам да завршам се на време.
И така ти викам Кајганче, компјутерот ќе ми цркне за некој ден кај и да е... Нека издржи бар уште десетина дена, па после нека прави што сака :cautious:
Аааа да, си купив и нов џогер, со мерак да си чистам. И на StormRage не му го давам, па нека пукне од мака.

Поздрав, have a nice day :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
многу е досадно.....ќе почнам поезија да пишувам :cautious:
надвор како потопло ми изгледа, за разлика од вчера ама кога излегов ушите ми смрзнаа и си се вратив.
инаку вчера терапијата ми ја продолжија, ама сега не инекции, туку некои си антибиотици со исто дејство :гомце:
ти се молам.....
 
M

Moon Child

Гостин
Драга веќе никогаш и на никого не позајмувам пари, па незнам што да е. Некои луѓе немаат осет, последни денови пред плата јас немам пари ни превоз до работа да си платам, камо ли да имам за појадок. И незнам дали да бидам безобразна кога ќе го видам човекот и едноставно да му кажам дека за тие пари јас цел ден мрзнам и губам време. Цел месец помина, ова нема смисла повеќе ...
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Драга веќе никогаш и на никого не позајмувам пари, па незнам што да е. Некои луѓе немаат осет, последни денови пред плата јас немам пари ни превоз до работа да си платам, камо ли да имам за појадок. И незнам дали да бидам безобразна кога ќе го видам човекот и едноставно да му кажам дека за тие пари јас цел ден мрзнам и губам време. Цел месец помина, ова нема смисла повеќе ...
Еххх знаеш како викаат :

"Позајми го тоа само што си подготвена да го изгубиш".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom