Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.612
Поени од реакции
22.349
Драга Кајгана,

многу си срамежлива па решив да го скршам мразот меѓу нас. :)

Гледам деновиве бруцошите ама и другите студенти како го почнуваат зимскиот семестар по факултетите. Возбудни се бруцошите, нов град, нова околина, нови луѓе а и другите студенти се враќаат од својте градови, ја чуствуваат таа возбуда и подсвесно си ветуваат дека овој семестар од старт ќе фатат книга. Им завидувам. Длабоко во себе и ја сеуште живеам во тој студентски ритам, но за жал студентскиот живот ми заврши пролетоска. Тогаш бев еуфоричен, пет години труд позитивно завршија и со лесно се простив од студентскиот живот. После еден „испуштен“ семестар морам да ти признавам дека и не ми било толку лесно да се простам од студентските денови. Се вратив дома, имам други обврски сега, но сепак редовно ја отворам страната на факсот за да видам што има ново, од време на време го посетувам мојот студентски град и уживам во убавите спомени. Пет години како еден век! Спомените ќе останат, периодичните стресови и притисоци што сум ги имал во студиите со тек на годините што идат ќе изчезнат, и јас, како многу други, ќе има кажувам на децата и внуците дека студентските години се златни и дека треба во секој ден од тој период да уживаат.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Привикајте ме под моите ѕвезди! Љубов е законот, љубов под волја. Ниту будалите да не ја сфатат погрешно љубовта; зашто има љубов и љубов. Има гулаб, и има змија.
Liber Al I:57
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Форест пак му се врати на џинот ...Ебената Барса го заеба... Некни Форест мислеше на самоубиство - чисто од досада...​
На Форест денес му рекоа: Срце, ај не се буткај да не останеш без новчаник или нешто слично - на пример срцето. Цмок...​
Форест има некое чудно чувство ко се наоѓа на железнички и на мостови... Еве ги...​
Македонија, некој, некаде,мостови ...​
2.jpg
2 (1).jpg
2 (2).jpg
Аргулички мост, во време на османлиското владеење бил познат како Томуз ќупреси, односно Свински мост, а така бил наречен поради кланицата што била во негова близина.

- Во кланицата се обработувало свинско месо - раскажуваа нашите дедовци. Таа била со дрвена конструкција подигната на столбови поставени во вдлабени отвори во каменото речно корито - раскажуваат постарите жители.

Подоцна мостот го добил сегашното име, Аргулички, според маалото во кое се наоѓа. Во тоа време оградата на мостот била изградена од необработен камен, а сегашната ограда од делкан камен била направена во 1965 година.
2 (3).jpg
2 (5).jpg
"Најтежок да се изгради бил Јокширскиот мост или Свински мост (на кратовски јокшир е свиња). Едното предание зборува дека мостот го градела цела армија ѕидари, за кои биле заклани многу свињи за да се нахранат, па оттука го добил и името. Според другото предание, толку било тешко да се направи мостот, што го чувствувале како ѕвер, кој морале да го нахранат со многу свињи за да можат да го изградат"



4.jpg
3.jpg
Дудлам кај Велешани, како едно од најачи лоби на Кајганава.​

6.jpg
Римски мост на реката Бабуна на влезот од селото Богомила​


8.jpg

9.jpg

Демир Хисар и правникот низаеден, шо беше и актер и шо му бевме на престава и јако беше и како сме се начукале пред и по претставата и он пијан ја играше претставата и цело време ни мафташе и мостовите да де...


10.jpg

Камениот мост претавува камен лаков мост кој ја премостува Градешка Река во непосредна близина на мариовското село Зовиќ. Се смета за едно од најубавите архитектонски зданија во Мариовскиот крај. Мостот бил изграден во турско време.

Ниту постарите, ниту хроничарите точно не знаат кога е изграден овој мошне атрактивен мост до селото Зовиќ, кое се наоѓа штом се премине Црна Река, во нејзиниот битолски дел и за Мариово се оди по патот до селата Старавина и Градешница.


Од левата страна на еден рид до атрактивни кањони токму тука е распослано ова село - Зовиќ. Некогаш селото Зовиќ било регистрирано и како Б'зовиќ, добивајќи го името по бозјето што се наоѓале во и околу него. Но отсекогаш имало меѓу 30-40 куќи во кои живееле луѓе што се занимавале со одгледување на овес, 'рж, јачмен, просо, леќа, афион и некоја стока. Преку мостот се минува за прилепскиот дел за Мариово, кон селата Бешиште и Полчиште.


11.jpg
12.jpg


Елен Скок или Елен Мост е камен лаков мост кој ја премостува Гарската Река. Мост е изграден кон средината на XVIII век од делкан камен со само еден лак. Место: Могорче, Реканско

Една легенда раскажува за бегот кој со својата војска се обидувал да улови еден елен којшто постојано им бегал и никако не допуштал да му се приближат. Иако бил ранет, еленот не им се предавал ни во оној момент кога бегството речиси било невозможно. Кога се нашол на брегот на Гарска Река, не двоумејќи се, скокнал на другиот крај на реката и таму починал. Восхитен од неговата храброст и упорност да достои до крај, не предавајќи му се на непријателот, бегот наредил во негова чест да се изгради мост, што ќе го симболизира тој судбоносен скок на еленот.



13.jpg

Емир Ќучук Султановиот мост познат и само како Камен мост, претставува камен лаков мост кој ја премостува Брегалница кај Штип. Мостот се наоѓа на самиот влез во градот и според податоците, тој бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура во Штип. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на првата Балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела на српски и бугарски дел. Населбите од левата страна на река Брегалница биле под бугарска власт, додека оние од десна страна потпаднале под српска окупација. Во минатото со оглед на големиот водостој, мостот имал мошне важна комуникациска улога, но денес со намалувањето на водата во реката Брегалница, има повеќе историско - архитектурно значење. Денес кај овој мост според предвидената студија за регулација на Брегалница се предвидува да изгради гумена брана.

14.jpg

Пеер, каменити мост, пеер...

Мамицата шо не се прави за лајк.

:(
 

Attachments

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.771
Поени од реакции
8.034
Драга, доаѓа едно малечко девојче и ми вели 'Може да ми го отворите лижавчето, ми се скрши...?' (Колку само срамежливко го кажа)

... потоа ми рече и 'Фала многу!'

Се радувам кога гледам вакви прекрасни деца, културни и мирни. Душичка бе! :pipi:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Овој краток пост го посветувам на с. Лешани и неговите претставници обезбедувањето во Охрид- БРАЧКИТЕ. Замисли кајги ситуација:
Лила Филипоска: Ам како не можи да влезам во локалов, јас сум Л.Ф.
Брачката: Ја не можа сите курви да ги зна во градов!
Повторно Лила: Ама јас треба да настапам овде.
Брачката: Немој ја дан настапа!
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Драга, не знам шо ми се дешава... стално заспивам околу 5-6 сабајле, а се дешава понекогаш да си легнам дури и во 1 часот по полноќ. Немам појма шо ми е проблемот што не можам да заспам... и на сабајле едвај си ја кревам главата, особено кога знам дека треба нешто да сработам, а ако е за некаде за шетање или кафе - немам гајле. :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Убав е денов есенски :) Она што го прави особено убав, е џагоров што доаѓа од децава во маало, собрани за фудбалска партија чекајќи и викајќи го Лазе да се симне, за да бидат комплетни :)
Ми се шета.Сакам да газам по крцкавите лисја и да му се смешкам на сонцето со заби.
Времево е едноставно создадено за тоа :)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
не сакам да живеам во државава повеќе. сите многу ама премногу замараат со политика, а овдешниве админи што го избришаа подфорумот ПОЛИТИКА да ми се живи и здрави.
значи толку притисоци и замарања за политика ги нема во ниедна држава. во другите држави не знаат претседател кој е, а не пак министри, заменици и сл глупости. кај нас дете од 7-8 год прашај ќе ти каже кој е заменик министер за земјоделство :tapp: се оди преку политика. ако не си од Вмро не очекувај работа па макар цркнал од глад, а ако си доктор на науки.
овој се разместил споменици оди речи им нешто на неговиве лигуши, очите ќе ти ги извади. така требало да биде и готово, а народов на питачки стап е доведен.
што е најважно пензионериве си се возат без пари и ич око не им дреме. плус ќе им зголемел пензии абе уживанции.
наместо да му текне нешто за младиве да направи, за студентиве на пр. тој не, на пензионерите, на старите и изнемоштени лица светот останува :facepalm:

п.с. не сум за никоја партија. немој да помислиш дека сум за сдсм или дуи или обединети или како и да се викаат. значи ја мразам политика не сум буквално за никого. ОЧИ НЕКА СИ ИЗВАДАТ.

п.с.2 колку убав ден денеска. сонце пука. вакво го немав видено од 29 август. ај за убо...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Среќна сум.
Само затоа што е есен.
Есента е причина за многу мои насмевки, за многу среќа и смиреност. Само можам да седам на тераса, склопчена во некое старо кебенце, со огромна шоља кафе, цигари и пепељара до мене, набљудувајќи ги сите случајни минувачи, дишејќи го воздухот, набљудувајќи гo зајдисонцето кое изгледа како да гори. Небото е убаво во есен. Се е убаво есен. Среќна сум и јас. Меланхолично среќна.
Денес му е роденден на Брус Спрингстин! Легенда. Срце мое.:oops:
Љубов.:love:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.379
Поени од реакции
4.924
Порано го сакав секој ден, а сега веќе не. Посебно викендите.
Брат кулирање беше се пред да почнат овие обврските, сеа стрес е цело време, леле утре треба да одам ваму, да одам таму ..
Ама есен е пак пола му се простува.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Окапав денес на компјутерот. Очиве ја волкави ми се. Колку мрзам ко носам работа дома,ама ако ми е!

Не можам да се соземам од ова :pos: :

24 casa po vrakanjeto od Berlin kade ja pecatea single plocata za K'uti zivti se, vo petok, 13sept 1991,
Lastovica (Robert Sazdov i Vlado Janevski) gostuvaat na programata na Makedonskata televizija i vo emisijata na A.Sidorovski premierno ja izveduvaat svojata najnova pesna.


Абе ај некој нека ми каже дека е монтажа, оти ќе си пукам у десно колено ( а омилено колено ми е).

3.15... Дал е могуче? :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom