Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Self note: Еби се и ти и твоите предвремени заклучоци. Ти и твоите глупави ставови. Ебате клошарот.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
К,
Доаѓа период во животот кога сфаќаш дека всушност си сама на овој свет. Сама се раѓаш, сама растеш, сама се вљубуваш, сама се лутиш, сама уживаш во вкусови на храна, сама уживаш во музика, сама доживуваш оргазам, сама се разболуваш, сама се лечиш, сама плачеш, сама се смееш, сама умираш.... Сите луѓе кои на случаен или не случаен начин се нашле во твојот живот само ти помагаат во сите наброени работи, но ти како единка сама ги искусуваш нештата. Се трудиш преку целиот свој живот да научиш да живееш со нив, да ги направиш горди, да им покажеш добрина, да не ги навредиш, да ги насмеваш, да ги љубиш, да им бидеш „психијатар“ и рамо за плачење, да им бидеш добар другар и пријател, да им бидеш колешка, љубовница, мајка, сестра, ќерка ... И во сето тоа трудење се обидуваш, не, се учиш како да бидеш свој, како не менувајќи го својот карактер, да ги постигнеш сите тие работи и да ги направиш сите среќни... Многу пати не успеваш во тоа, зошто секој е среќен на свој начин, секој чувствува среќа сам.
Помина пола година (од кога си ја дадов новогодишната резолуција) и во овие 6 месеци ми се случија такви трагедии и страдања што на никој не му ги посакувам. Некој ќе каже дека е карма, но и пред да те повредам, срц, несреќите беа тука, чувството на немоќ беше тука, чувството дека не вредам беше тука, чувството дека залудно го трошам кислородот на оваа земја беше тука. Можеби тоа е објаснувањето за моите постапки во изминатите месеци, сакав да се почуствувам дека живеам, а не дека егзистирам. Неможеш сите да ги направиш среќни, (како што ми кажа нашиот пријател Хептаграм XI ) можеш само сам да се направиш среќен. И кога сам ќе се направиш среќен ќе заклучиш дека твоето однесување не е веќе хедонистичко, егоистично, суетно и монструмско, како што било претходно. На тој начин и другите што се околу тебе ќе може да уживаат во твојата среќа. Затоа ми треба нова полу-новогодишна резолуција, во која главна цел ми е да се научам да бидам човек. Затоа прости ми за моето несовесно и егоистичко однесување, но тоа е само заради фактот што мислев дека ми треба некој друг за да ми покаже како се живее, а не самата јас.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Драга си се прибрав домче и почна да ме пука некоја носталгија. Поминаа десет интересни месеци пропратени со многу смеа, хистеришење, плачење, кршење, раскинувања, смирувања, патетики, поштовања, потресеност, подморници...итн.
Ќе ми фалат. :(
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Драга, ајде да си легнеме да не сакаат гостиве да си заминат:icon_lol:
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Кајгооо (ама надимак :pos:)

Да ти се пофалам?
Јадев палачинки лично од мене напраени а рецептот прочитан кај тебе....Нека ти течат сеа лиги и тебе и на твоите членови :)

Да ти се пофалам уште за една работа?
Резервирав карта, ке летам на 5-ти. Сега пак на сета беља цело време на ТВ налетувам на емисии за урнати авиони...помислувам ко да сака Бог нешто да ми каже :sneaky:
Сеедно, јак сум јас, ке издржам :)

Ај ке ти пишам покасно пак, не знам што да ти кажам сеа-прејаден сум од тоа горе што го спомнив и не ми се мисли :P
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
К,
Доаѓа период во животот кога сфаќаш дека всушност си сама на овој свет. Сама се раѓаш, сама растеш, сама се вљубуваш, сама се лутиш, сама уживаш во вкусови на храна, сама уживаш во музика, сама доживуваш оргазам, сама се разболуваш, сама се лечиш, сама плачеш, сама се смееш, сама умираш.... Сите луѓе кои на случаен или не случаен начин се нашле во твојот живот само ти помагаат во сите наброени работи, но ти како единка сама ги искусуваш нештата. Се трудиш преку целиот свој живот да научиш да живееш со нив, да ги направиш горди, да им покажеш добрина, да не ги навредиш, да ги насмеваш, да ги љубиш, да им бидеш „психијатар“ и рамо за плачење, да им бидеш добар другар и пријател, да им бидеш колешка, љубовница, мајка, сестра, ќерка ... И во сето тоа трудење се обидуваш, не, се учиш како да бидеш свој, како не менувајќи го својот карактер, да ги постигнеш сите тие работи и да ги направиш сите среќни... Многу пати не успеваш во тоа, зошто секој е среќен на свој начин, секој чувствува среќа сам.
Помина пола година (од кога си ја дадов новогодишната резолуција) и во овие 6 месеци ми се случија такви трагедии и страдања што на никој не му ги посакувам. Некој ќе каже дека е карма, но и пред да те повредам, срц, несреќите беа тука, чувството на немоќ беше тука, чувството дека не вредам беше тука, чувството дека залудно го трошам кислородот на оваа земја беше тука. Можеби тоа е објаснувањето за моите постапки во изминатите месеци, сакав да се почуствувам дека живеам, а не дека егзистирам. Неможеш сите да ги направиш среќни, (како што ми кажа нашиот пријател Хептаграм XI ) можеш само сам да се направиш среќен. И кога сам ќе се направиш среќен ќе заклучиш дека твоето однесување не е веќе хедонистичко, егоистично, суетно и монструмско, како што било претходно. На тој начин и другите што се околу тебе ќе може да уживаат во твојата среќа. Затоа ми треба нова полу-новогодишна резолуција, во која главна цел ми е да се научам да бидам човек. Затоа прости ми за моето несовесно и егоистичко однесување, но тоа е само заради фактот што мислев дека ми треба некој друг за да ми покаже како се живее, а не самата јас.
Опасно, одлично :) Исто и кај мене периодов.

Него, понеделник испит, ја сама дома а учам, да... и бидејќи неам кафе решив да седнам на компјутер за да се расонам, ама јебига пак наидов на филозофија од која пробувам да избегам. Фала, корисно е у секој случај.
 
К

командо

Гостин
ДиКеј...

Не знам што да правам,ќе збеснам... т.е. веќе збеснав :mad::mad::mad:
Ако не го слушнам тоа што го сакам за брзо време... агсдфгдгдсгадсгфхдгхгјф :cenzura:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Passed down to you....

Чувството кога на христијанинот го боли ташак дали главата на распетието на Исус гледа лево или десно. Можеш да замислиш до кое дереџе е дојдена работава. Нема што да се загуби... А сепак си ебано среќен. Фураш затоа што знаеш дека следиш некој пат што нема да те однесе во канџите на меланхолијата. Е па ми се може. To hell with it.

So says Saladin....
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013


Баш така кајги.


Какви копилиња има....
Свињи едни безчуствителни ! :mad:
Само ќе те видам јас тебе кога еден ден животот ќе ти фрли отров па и ти ќе фрлаш пењи низ уста..
ГНАСИ !
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112
Кајганче!
Значи, мислам дека само ја се зачудив од ситуацијата вечерва што се деси.Седиме, се зезаме, смееме со друштвово.Девојчево што служеше завршува порано со смена и искача надвор облечена во екстра минијатурно парче облека уз високи потпетици со намера да оди во парадизо:eek:.Ало, девојче!15 години имаш што се замислуваш?!:eek: Најтрагичното беше што, татко и со кола ќе ја носел до парадизо кај што ја чекале другарките:facepalm:.Леле Кајганче да бев јас на негово место шамарите ќе играа и ќе ја натерав да се облече ко часна сестра за казна.. Не сакав да погледнам што се дешава со младинава до сега, но ова соочување стварно ме извади од кожа и сфатив зошто уствари не сум сакала.
Во едно нешто сум сигурна.. нема ни под разно да дозволам сестра ми да биде една од нив, бар не додека не ги наполни соодветните години.
Е такви ти се денешните девојки, да не кажам девојчиња, а ќе кажам:D.
Се плашам дека нема да најдам една асална девојка за мене.:facepalm:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Кајгана, викаш ќе биде забавно овде вечерва...
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Драга,
Ја сум можда и најсреќното копиленце што постои.
Најсериозно.
Све ми е ко шо треба.
Има мали пропусти тука и таму, али ги навикнав и тие да ги искусувам повремено.
Ми станаа потребна драма, да не застунирам. :D Свежина ми внесуваат, стрес, малце да ме размрда.
Денес си пројдов tops надвор. Сфатив дека малце непотребно се фурам околу ствари шо нема да ме допрат у скоро време. Коа има прилика да се убаци незгоден момент, мене мозочето ми мења шини, ми се пребацува кај шо му е веќе убаво <3 и сфаќам дека сум скроз bulletproof :D
Нишо, не ме, дира.
Си глеам у ѕвезди пеер, и увек се чудам зашо ги викаат тие двете Голема и Мала Мечка, коа можат да се викаат Голема и Мала Кутлача.

Кутловача! :D
Така? Знам.
Сфаќам, пеер, дека мноооогу сум среќна.
Те заболе тебе headerот за мојата среќа али тука сакам да се испуцам, некако домашна си ми, можам да ти кажам<3
Сфаќам, дека само еднаш ќе заљубиш доволно да ти се сврти светот наопаку.
Дека ако од икспричини дозволиш тоа што си мислел дека е правата љубов, да ти клизне од раце, не било тоа тоа.
Зашо, ова не смее да ми клизне, никако.
Муабетот со маските? На многу луѓе им се свиѓам, таква сум, допадлива ^^ , ама не многу луѓе се спремни да ми ги делат поразите, ти текнуе, да ми се позамараат. Пеер, ти ако најдеш личност што нема да те фура дека си прекрасна, него ќе ужива во тебе, ќе ти ја пие суштината и ќе ти бара уште... Држ ја.
Денес многу малку луѓе (ебате пензионерот), мнооогу малку луѓе се трудат да допрат до нечија суштина. Прејадени се од сервирани работи, не џвакаат, не вкусуваат, само процесираат. Градат мислења за други луѓе врз основа на факти, ако не и муабети, трач, изглед и други прости фактори. Не се трудат да ги соблечат работите. Незнам како не ги голицка тоа. Да видиш дали дечкото знае нешо поише, дали знае колку тебе, дали нешо може да те научи...
Мислам дека секој си има некоја призма своја, низ која што одредени работи му изгледаат малце ..поинакво.
Као, кога ти се допаѓа некоја песна многу многу, ја пушташ на другарка и ти кажува дека е тиње...
И по некое време, коа поише луѓе ќе ти кажат дека е обична песна :D ќе се откажеш, и како таква и ќе ја гледаш...
Тука ти се дешава БАМ!
Седиш у парк со некој дечко, му ја пушташ песната и некое надежно гласче од тебе искача и му вика "Слушај, предобра е." ...
И стварно му е предобра.
Му ја фаќаш насмевката на твојот омилен дел, и ти кажуе со свои зборови зашо му се свиѓа.
Тоа му доаѓа као да глеате исти филм, само со различни преводи :) Така некако си го сфаќам ја.
Најубавиот дел е, коа ќе си најдеш некој таков, кога тргнувате од вашите посебни работи и ги спојувате во едно, како плетенка.
Твојот ритам, неговата брзина.. Твоите тонови, неговата динамика.. Или нејзината. Шотезнам :D Ме сфаќаш.
И зашо знаеш дека таков сплет нема да направиш со никој друг, сфаќаш колку е посебен. Го цениш.
Си ги нашол најкомпатибилните елементи на светов да ги дополнат твоите, и не ти се веруе онака :D
Музиката ти е поубава, храната ти е повкусна, липите поубаво ти мирисаат, сонот ти е помеден, уморот ти изнудува насмевка, солзите поише те печат..
Зашо не ги лееш површно, него си ги цедиш од душа.
Најголеми висини, најниски падови. Екстреми, зашо во зоната на комфорот нема сочни овошки.
Сакав да ти кажам, пијана сум периодов константно. Више не ме ни читаш најверојатно, ти здосадив, ама кој те ебе.
Се будам hyped, оставам од мене да се доисцедат последните капки сон, ги бришам, и постепено како инфузија почнуваат да ми делуваат вдишувањата, ме отрезнуваат и ми даваат сила. Легачам и денгубам, лето е, јебига.. Се губам у саааати дејдримање, си се смешкам блажено.. Си ја трошам енергијата скроз испланирано. Се ставам у некоја лабава маичка, фаќам автобус и идам да го зграпчам распустот за коса и да го расплачам :)
Од тука натаму само песни можат да ти раскажуваат, не се балади не се плаши...
Моево не го пишуе у ниедна песна.
Никад нема да го пишува.
Можда ќе го раскажувам некогаш на некого, и ќе доаѓа од мене.. Како кога ќе најдеш низ дома некое залутано шишенце парфем на точење, ќе се прснеш да видиш дали има, и од тоа што останало од некогаш ти се дешават флешови.. Ќе патуваш низ времето :)
Знам дека муабетов ти е малце тужен, асоцира на спомени, али можам да ти ветам дека нема да пораснам во огорчена старка што ќе се дозира со спомени.
Ја ќе си го љубам дедото на клупи и на 90фче ако доживееме.
Ќе видиш.


http://www.youtube.com/watch?NR=1&feature=fvwrel&v=678RnDPvtL0
Те сакам.
Ќе траеме <3
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
... најавна шпица.

Каааајјј си бе браат!? :D Пресреќен сум вечерва, одлична кратка помината вечер, исполнета со љубов :rolleyes: Шо да ти кажам друго, едноставно колку и да опишувам нема да биде доволно...

Нека трае ова вечно, друго не ми треба.

... одјавна шпица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom