Колоквиумирав фино!
Ете морав да си кажам, зошто се осеќам послаба 3 кила кога ми поминува некој обемен тест.
Јадам брусница ко неарна, демек за прочистување мочни канали... Дијагнозата е иста, Хроник, фала пријатно.
Денес Скопје во осум саат сабајле беше како исландско село. Раззеленети треви, сино небо, ладен ветер и зраци тук таму што набљудуваат и штипкаат за образ.
Доволно е нели, да имаш мини разгледница од сопствениот град, во автобус и слушалки на уши од кои трештат Депеш Мод.
Е, друго нешто.
Бившиот по грешка ми ѕвонеше на моб, и направивме куртоазен муабет, како си што правиш, извини, грешка беше, немав задни намери (Зошто го спомна тоа, не ми е јасно) за после тоа да сфатам дека воопшто не ме тангира неговиот живот, од ниту еден агол.
Секој со своето, нели?
Одам да си каснам вчерашна леќа и да ги исклучам сијаличките на балкон, од вчера трештат.
Медс.