Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

marko_d

Ретард
Член од
10 април 2009
Мислења
430
Поени од реакции
18
Драга кајгана, крај на полугодие, книга не сум пипнал, денес распоред на часови конечно напишав, повеќе среќа до година....
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Колоквиумирав фино!
Ете морав да си кажам, зошто се осеќам послаба 3 кила кога ми поминува некој обемен тест.
Јадам брусница ко неарна, демек за прочистување мочни канали... Дијагнозата е иста, Хроник, фала пријатно.
Денес Скопје во осум саат сабајле беше како исландско село. Раззеленети треви, сино небо, ладен ветер и зраци тук таму што набљудуваат и штипкаат за образ.
Доволно е нели, да имаш мини разгледница од сопствениот град, во автобус и слушалки на уши од кои трештат Депеш Мод.

Е, друго нешто.
Бившиот по грешка ми ѕвонеше на моб, и направивме куртоазен муабет, како си што правиш, извини, грешка беше, немав задни намери (Зошто го спомна тоа, не ми е јасно) за после тоа да сфатам дека воопшто не ме тангира неговиот живот, од ниту еден агол.

Секој со своето, нели?
Одам да си каснам вчерашна леќа и да ги исклучам сијаличките на балкон, од вчера трештат.
Медс.
 
L

Liberation

Гостин
Драга Кајгана
после долго време ти се враќам :vozbud: Имам еден куп новини да ти раскажам, ама се пополека :back:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,
или нема, или има и повише од што треба! И веќе ме нервира! Што бара сега од мене? Мислам, знам јас што бара, ама зашто сега пак? Се средувале работите, како не бе! Исто ко пред 6 месеца? Мај ес, не сум више јас таму кај што бев!
Смачено ми е, ништо не се менува освен ветувањата и празните муабети, а јас сум уморна од се' тоа. И ми оди педерски само да сменам број и да исчезнам. Најлесно ќе ми биде така, нели? А другите? Колатерална штета... Ми е гајле. Ама знам дека нема да го направам тоа. И не знам како ќе го решам тоа, само знам дека не го ризикувам тоа што сега ми се случува.
А, да сменам број?
Лошо е кога ќе сфатиш дека не вреди ни да се потрудиш да објасниш. Лошо, лошо... Сега прв пат ми се случува да можам да кажам не без да имам чувство како да ја испуштам единствената и најдобрата прилика во животот. И сакам да го зачувам чувството.
Него, знаеш што е забавно? Да искочиш сабајле во 8 и да бараш кафиЌ што работи, па да чекаш до 9 и да го отвориш местото. А во тек на тој саат да седиш во кола и да се држиш за раче со поспаното суштество што седи до тебе и смислува секакви чудесија:pipi:
А вчера па си се враќам дома и циганчето што живее во истава улица со мене се стрча по мене и ми вика "аааа, те знам јас тебе, ти живееш во МОЈА улица" :nesum: Кај и да е ќе им текне да стават рампа и паркинг за во нивна улица да ми наплаќаат. И стигнав дома со мокра јакна, а надвор Д од дожд нема, среќа што тато се прави дека ништо не приметува.
И од кај ми дојде сега мувиштево гадно у соба?
Ај чао, идам да ја бркам мувата
Н.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
драга
уште 2 дена :vozbud: уф со нетрпение чекам да завршат. утре има да не цедат дур не паднеме во несвест. по се имаме испрашувања и тестови, башка цртежи за прегледување ( а ја не знам што сме цртале) се на се имаме 8 часа :nesum: туку ај ќе издржам уште 2 дена, со ќеф ќе одам на школо :kesa: само нека завршат. држи ми среќа за утре, да стискаш палци обавезно оти ти кажав каков ден имам. ова го сфаќам како предизвик па ќе видат професорите утре кој е Дарко кога ќе “научам“ по се има се живо да ми поправат :salut: туку ај доста зборував секоја секунда е важна. чао :back: да одам да фаќам книга ама не пред да те разгледам :back:
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Кајги....
Денес се чуствувам и добро и лошо...
Лошо расположена...не знам кај ми е мачорот! Дали се отселил на некој краток период па ќе се врати или засекогаш се отселил или.............загинал:toe: не знам што се случоло со него! Само знам дека тоа суштество го сакав најмногу на целиот свет...Тоа беше единственото нешто што ме разбираше кога му зборував!!! Беше повредено пред еден месец, ама оздраве, а сега исчезна :( Не сакам да го загубам кајги!!! Ми недостига!! Иако имаше 6години ама сеуште изгледаше како мало новородено маче!!! Не знам что да мислам, само се надевам дека е живо и ќе ми се врати!!!

Исто така денес сум нешто посебно расположена...
Се чуствувам корисно некако :pos2:
Еве сега ќе одиме да се договориме што-како ќе биде за новата година, и да признм дека пола од тие што ќе славиме не ги познавам, ама нема везе еве сега ке идам да ги запознам :pipi:
Имај пријатен ден!!!!
по33
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Kajгано

Ќе си пливам во базенон,не е проблем.
Само да е Бојан таму :drk:

Шо дочекав. Мама ми ја барат bad romance да и ја стам на телефон,уште ми ја пејт.
И јас викам дека треба да е помлада за едно 10тина години.

Утре почнува забавата, па ќе видиме дали ќе зажалам шо не сум Охрид:zlo:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Драга,

Отиов на факс, ако излезе се добро ќе се опијам со 10 литри винце или ракијче ако не ќе се самобијам.

Значи ако не излезе добро сакам да напишам тестамент овде бидејќи пенкалото нема батерија.

- Црното палто да се даде на Круме поради тоа што е заледена личност
- Козата да се даде на комшијата Стаменко поради тоа што знам дека одамна имаат љубовни афери но јас се правев на Тошо и ги пуштив слободно да ужуваат во светот на љубовта.
- Патиките АБИБАС да се дадат на најталентираниот локален рапер ( по можност да се организира талент шоу, во вид на фестивал)
- Тостерот во никој случај да не се даде на некој, сакам да биде со мене до крај!
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
драга,

ојдов јас, после ќе ти кажам све шо - како

Е така.

Пријатно


†GODLIKE†
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Драга, се извинувам но само да те потсетам.

Ништо, излезе лошата верзија...

- Тостерот во никој случај да не се даде на некој, сакам да биде со мене до крај!
Значи тостерот во никој случај.

Ајде отидов да најдам некоја повисока зграда... имаш предлог?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Онај мајмунот има да ги дај тие 2600 денари или има да си земам телевизор од кај него од дома. Како сум накурчен па го нема последниве денови да помини да го подсетам за долгот и дека ако најбрзо не се расчисти има лошо да биде. Толку затоа.
Инаку добар сум чекам мајка ми да си дојди од комшии утре, треба да мирува еден месец и дома да не гази врз повредената нога и колк и тоа е тоа.
Утре роденден ми е и толку и за тоа....
За Нова Година на плоштад изгледа ќе бидеме и така....

Имаше еден стих од песна од Игор Џамбазов: А бе кај ми кидна онаа плавата :icon_lol:.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.026
Поени од реакции
12.700
Драга плава стара бла
Расположение нула. Ко кула од карти све, џглап, се сруши. Ти е*ам машките. Тројцата. Сеа трите сме ко искористени кондоми. Не бе, не можев да најдам пуба компарација.
Ај со здравје, идам на гнетам чоколадо.

Да, и ПС, копмјутеров 15 минути каснит после сите. Не сум сеа внесена во сите случувања. Така така, ко ке се мават, нек се мават. Наеднаш све. Удии Брус ли.
 
Г

Господ

Гостин
Моја драга ќајѓи
денов е од тава у оган,додуша не беше баш тава али ипак беше жустро
Значи поправав оценки јес да у стилот на ресавци али то е то снајди се па живеј
и така ја среќен и радосен скокам рипам музиче слушам и толку бев у транс од среќа(не само од гуд џоб у школо така едноставно ми дојде)ми дојде идеја да претрчам пред камион на автопат:toe:
И фак имаше викање врискање али преживеав ту тел д стори:kesa:
И таков идам дома пресреќен и презадоволен од себеси и паѓам од тавата право у огин уште од врата ме пречекуваат со строги критики за моето демек ладно и недружељубиво понашање а кај бе ќајѓи ја недружељубив жити се зарем ја:N:
и так би шо би биг караница ја изгубив али свикнат сум пред авторитет мора тоа е:toe:.И така ја го завршувам денов у кило фрустрации него ај на цветче:smir: и да се гитлам од тука
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Денес видов дедо во розова буба. Се паркираше пред зградите кај Три Бисери. Јас ненаспана, ама свежа, утрински полетна почнував да штипкам од денот.
Зјапав по ќесите на пензионери.
Озбилно.
Фрик.
Знам.
Па што?
Беше рано утро. Сите имаа леб, јогурт и млеко со намалена масленост. Дали тоа некој се грижи за тоа што внесува во телото му?
Ашколсун ако е така.
Јас изводам дека се грижам. Пред пола саат прв пат внесов нешто. Супа зеленчукова и некое компирче што ми го сварила сестра ми помалата ем милата ем нервозната.
Ебати динамиката животна.
Ми фалат кофишопови на улица. Ок постои Трк Кафе, ама шо ако ми се пие кафе ми се рика додека сум у Аеродром,а?
Без веза.
Вдов куче со тажни очи. Многу тажни.
После видов среќни дечиња.
И пар заљубени парови.
И си мислев.
И се смешкав.
Сега сум уморна и спокојна.
Полагав покрај се друго што направив денес.
Сега може да заспијам.

Пссссст....
 
К

Кики.

Гостин
кајгич,
денов тапа почна -супер се завршува.... среќна сум поради тоа, ама изгледа гадно сум повредила некои луге. ако читаш извини
се на се денес беше супер мислам се видов со луѓе кои ми значеле порано и дознав дека уште ми значат и мило ми е поради тоа
ај легнувам мирно и среќна сум
поздрав мила:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom