Драга,
утре доаѓа тетка ми.

После цела година ќе ја видам во живо и цело лето ќе ми биде на гости.

Денес, се видов со братучедиве на скајп, а внука ми беше најсмешна и вика: Па, кога ќе го земеш авионот да дојдеш? (како да се работи за приватен авион) Знаеш, сега уште малку ќе бидеме на распуст, а ти лани, ова време, требаше да дојдеш кај нас. Ти текнува кога ни правеше фризури и кога сите деца во школо сакаа да имаат фризури како нашите? Ајде дојди веќе, ќе идеме заедно на одмор.

Ме изнасмеа... слабо зборува македонски, ама битно се мачи да зборува.

Инаку, веќе никогаш нема да ставам слики на фб... не прашувај зошто.

И уште нешто - ми се шета некаде, а лошото е што точно знам каде ми се шета, ама никој нејќе да ме дружи.
Ајде поздрав Драга. Еве ти една: