Ех кајги кајги , колку треба да си среќна што неможеш да гледаш ТВ . Ние , македонците си напативме деновиве. Реклами прават , вземја да пропаднеш од срам .
Ќе ти опишам значи што се дешава. Дневна соба , ликови , мало дете 5-6 години , татко му , баба му и уште 2 лика небитни.
- Женски глас : Ајде , дојдете сите , Матеј има нешто спремено , ајдее .
- Матеј е малото дете . Името

. Нема тука Гоце , Мите , Диме. МАТЕЈ БРЕ . да се знае , голема фамилија е у питање . Детенцето нормално со троа дугачка косичка , ако е 5 години , кој го тркала , родителот решава што ќе носи на глава.

Не може да расте детето на раат.
И .. излегува матеј од зад завесата , облечен како магионичар . Ја прашува баба му , што пропушти вчера , нешто во тој стил , и зима тука малиот матеј со најиритирачки глас што можеш да замислиш , вика :
ABRAKADABRA , ху ху ху , тиииинк !
Оп . на телевизорот Величествениот ја мерка младата невеста. Бабата возбудена вика . ЕЈ , епизодата што ја утнавме вчера.

КАКО МОРИ ЈА УТНА ?! КАКО МОРИИ . За тројка да не шутираше па да утнеш?
- после малиот матеј го прашува татко му ?
" Tато , што пропушти вчера кога бевме во град?"
- Ааа , Реал - Барса - вика таткото

. и Матеј со абракадабра му ја пушта снимка на тв-то
Како бее ? Како беее ? Папучар еден , влечко една папучарска. Како бе реал-барса ќе пропуштиш за да одиш во град? Имаш ли ти свое јас бе ? Маш ли си бе ти ?
браво т-хоум , цареви сте за реклами ејј , жими задното дебело месо .
лесно е кајги , лесно е да бидеш веб-страна .