Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Скопје. Ко некоја петпарачка прикаска. Не вреди да ја запишеш, ама затоа ќе ја раскажуваш. Да има што да се памти.
Ко епопеја на еден град, што тивко жмурка и брои до 100, а граѓаните се кријат.
Шарац, комарац, иглица туц, буц!

Изгоре лончето, претече млекото... Мој граду.
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга,

Тераса кафе и јас. Совршена комбинација. Ветерево што одвреме навреме провејува ми буди пријатно чувство. Како да ме навраќа на некој веќе изминат период ... Иако не знам на кој период знам дека бил среќен. Тивко ми е некако. Можеби повеќе од што треба. Во животот има работи за кои не можат да се најдаат соодветни зборови да би се опишале. А зборуваат многу .
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.417
Поени од реакции
16.694
Кајгано читај,

Група од над 30 професори и студенти од пет државни универзитети од Република Македонија, денеска ќе заминат во дводневна посета на седиштето на НАТО во Брисел.


Во групата се вклучени универзитетски професори и студенти од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ од Скопје од Факултетот за филозофија, Институтот за безбедност и одбрана, Факултетот за безбедносни студии „Св Климент Охридски” од Битола, Тетовскиот Универзитет, Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип и Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски” од Скопје.

Оваа посета на група студенти на седиштето на најголемата воена организација во светот е досега најголема и најсеопфатна со вклучени претставници од државни универзитети од цела Македонија, а се реализира на иницијатива на Мисијата на Република Македонија при НАТО во тесна соработка со Одделот за јавна дипломатија при НАТО.

Во рамки на посетата на Седиштето на НАТО во Брисел, утре е предвидено групата универзитетски професори и студенти да биде брифирана од страна на високи претставници од НАТО во врска со прашања што се актуелни во НАТО, како што се безбедносните предизвици, значењето на партнерствата и операциите предводени од Северно-атлантската алијанса.

Групата универзитетски професори и студенти од Република Македонија, придружувана од страна на Амбасадорот на Република Македонија при НАТО, Мартин Треневски, ќе биде поздравена и од страна на Помошникот-Генерален Секретар на НАТО за јавна дипломатија, амбасадорката Колинда Китаровиќ-Грабар, која ќе брифира за претстојниот Самит на НАТО во Чикаго. По агендата исклучително важни брифинзи во НАТО, групата ќе биде официјално примена и брифирана и во Мисијата на Република Македонија во НАТО.

За во вторник (8 мај), пак, групата универзитетски професори и студенти од Република Македонија, придружувана од страна на амбасадорот Треневски и воениот претставник на Република Македонија во НАТО, бригадниот генерал Бранко Дракалски, ќе оствари посета на Врховната Команда на НАТО за Европа SHAPE во Монс. Во SHAPE, предвидено групата ќе биде информирана за операциите што ги води оваа сојузничка команда и за дивизијата за воена соработка, а студентите и нивните професори ќе имаат можност и да се сретнат со претставниците на Канцеларијата на врски на Република Македонија во Командата.

Посетата на оваа група универзитетски професори и студенти од пет државни образовни институции во Република Македонија на седиштето на НАТО во Брисел ќе биде извонредна можност за запознавање на една широка и сеопфатна група млади и перспективни студенти од цела Македонија со најновиот развој во НАТО.

Вложувањето во приближувањето на НАТО кон генерациите млади студенти, идни перспективни лидери во земјата, е силен придонес кон евроатлантските интегративни напори на Република Македонија за достигнување на стратегиската цел за станување рамноправен дел од Европската Унија и НАТО.

Во попладневните часови во вторник, групата универзитетски професори и студенти ќе биде примена од страна на Мисијата на Република Македонија во Европската унија, каде ќе биде брифирана за евроинтегративните напори на земјата како и за носечките институции на Европската Унија.

http://www.fakulteti.mk/news/12-05-07/profesori_i_studenti_vo_poseta_na_sedishteto_na_nato_vo_brisel.aspx

Малце оваа вест е бајата, ама нема веза.
Не дека се фалам, но еден од тие студенти кои замина таму го познавам лично и не си свесна колку ми е мило што е дел од оваа посета. Личност која е најамбициозната која ја познавам и која дефинитивно заслужува да е дел од вакви активности.
Кога ќе видам дека некој кој навистина заслужува да биде награден за својот квалитет и знаење без притоа да биде бутнат со врски, ми доаѓа надеж дека навистина има у државава луѓе кои го ценат квалитетот.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да знаеш што ми се случува во двор само. Распалена скара, ракија, вино, салата, баграта на брат ми од 21, 22 години зеле тарабука пејат ли пејат и пијат ли пијат. Така се живее до 101 и назад. Ме расположиле до коске. Закон се децава:)
 
H

HITCH

Гостин
Драга Кајги,

Овде на Гоцевата тераса сега е супер, прееска беше жешко, многу жешко. Конечно можам повторно да се пофалам дека ѕвездите ми се наклонети и се` повторно е супер. Што би рекла тека Сабинче: А, ти шта си у Ороскоп??? Good news spread fast. So CONGRATULATIONS TO ME!

Патем, my honey bunny you can`T control MY rock `n roll no matter how much you want that!!! :X3:

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Изгубив кладба а бев сигурен дека е така, ама излезе дека не е :icon_lol:.

Нига ху да фак ар ју :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Значи ДрагиЧ денов не можеше да биде по смрт, скапав на факултет од 8 до 5 СКА ПАВ! Дехидрирав, нозеве ми паднаа, очите ми паѓаат за слободата.. а треба и семинарска да пишувам ваљда за утре :place: Бев и во основен суд 2 или 1 или не знам не памтам веќе мозокот ми работи 300 на саат, слушав како се тужат за дворни места пропратени со градежни шутови, козји патеки и секако деца што се внесуваат со кола во двор ?! Внуците го тужат чичкото... е мајката...
Друга работа кајгиЧ ќе те замолам ако некогаш општиш со луѓе кои се во фазон "убила ме простоќа" не им се обраќај со зборови кои завршуваат на "ч", ќе си направат филм дека флерташ со нив и ќе си ја дигнат цената за милион а не се погледнале во огледало суратот да си го видат... но нели, глупоста нема граници. Де бе душички, толку ли ви е досаден животот па што мора да се пикате во туѓ. Грефчиња.

поззи4
 
К

Кики.

Гостин
Драга,
толку работи сакав да ти кажам, ама ај...
Денес се убив од преведување и искрено ми се смачи. Глава ме боли, мачно ми е, ми се плаче, се нервирам... :place:
Ти кажав дека ми се случува шпанска серија... ама сега прерасна во индиска. :tapp: :mad: Толку да се нема осет.
Значи, колку може да ти се уништи денот од една глупава работа... тоа е чудо.:confused:
И утре не одам на факЛУтет (што би рекла внука ми :icon_lol: ), цел ден ќе преведувам.
Така Драга, ајде поздрав. :noze:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Драга
Да знаеш што се имам видено и чуено со моиве 22, скоро 23 години, и ти ќе се запрашаш како сум останала нормална.
Секој втор ден се прашувам како и покрај се, не сум завршила во некоја институција.
Одбрамбениве механизми ми се вклучени, а и резултатите од тестот на темава не беа сјајни. Имав момент - се смеам за да почнам да паничам.
Знам дека и да паничам - нема кој да ми помогне, нема кој да ми го врати детството, нема кој да ми ги избрише сите спомени, нема кој да ме редефинира во нова личност, нема кој...
Мислев дека ќе можам емоционално да се дистанцирам од се, ама не секогаш ми успева. Ми се вклучува црвена сијаличка и се губам.
Не знам дали е лошо што не чувсвувам вина понекогаш. Или што не чувствувам страв.
Не знам ни дали е лошо што не знам да почитувам авторитет. Сите што се труделе да ми се постават како авторитет - потфрлиле, па секој нов во моиве мисли потфла. Дури и за најмала работа. А на девојка и треба авторитет. И патоказ. Понекогаш да и дозволат да се потпре на туѓо рамо. Којзнае што и треба...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Утре полагам два превода.. Имам силно претчуство дека едниот ќе има веза со економија, ама мамата, кај да најдам термини од економија, па уште и преведени..?
Ваљда не е толку ненормална да ни даде милион непознати..
Ајде веќе аман, нека лизга колоквиумскава што побрзо!Не за друго секој ден се повеќе мрза ме фаќа, се борам против неа ама не знам колку долго ќе издржам..
Башка поголем дел од времето мислите ми се скроз на друго место али ај..:X3:
Морам некако да ги соединам двете и да го извлечам најдоброто... :)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Драга
Да знаеш што се имам видено и чуено со моиве 22, скоро 23 години, и ти ќе се запрашаш како сум останала нормална.
Секој втор ден се прашувам како и покрај се, не сум завршила во некоја институција.
Одбрамбениве механизми ми се вклучени, а и резултатите од тестот на темава не беа сјајни. Имав момент - се смеам за да почнам да паничам.
Знам дека и да паничам - нема кој да ми помогне, нема кој да ми го врати детството, нема кој да ми ги избрише сите спомени, нема кој да ме редефинира во нова личност, нема кој...
Мислев дека ќе можам емоционално да се дистанцирам од се, ама не секогаш ми успева. Ми се вклучува црвена сијаличка и се губам.
Не знам дали е лошо што не чувсвувам вина понекогаш. Или што не чувствувам страв.
Не знам ни дали е лошо што не знам да почитувам авторитет. Сите што се труделе да ми се постават како авторитет - потфрлиле, па секој нов во моиве мисли потфла. Дури и за најмала работа. А на девојка и треба авторитет. И патоказ. Понекогаш да и дозволат да се потпре на туѓо рамо. Којзнае што и треба...
Си останала нормална зошто имаш здрав разум од раѓање.
Како тоа не осеќаш страв а паничиш? Паничењето е баш околу стравот. Колку повеќе бегаш, полошо.
Авторитет се базира на тоа да покажеш почит, а не да осеќаш стравопочит, тоа не ти треба.
Подобро да бараш од себе да бидеш задоволна од себе, отколку да бараш некој да те редефинира. Луѓето не се редефинираат во нови личности, а барањето било што озбилно од некој друг е трошење време. Патоказ не, но искрена прегратка треба да бараш.
Некогаш не ни знаеш дека осеќаш вина, зошто самодеструкцијата е прилично невидлива а присутна. Но треба да се знае кога е разумно да осеќаш вина а кога не. Понекогаш сме учени да осеќаме вина. Во тој случај неосеќањето вина е чекор напред.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
ДџК

Одамна се немам произјаснато на темава... знам дека пишиш минуси, и со 3 минуси нема потпис, ама тоа е. Еден куп работи се издешаваа периодов, уште толку допрва ќе се дешаваат. Како ќе биди, и јас незнам. А искрено почнувам и да не се замарам. Ако тргниме од: ако не ти е интересно, откажи се, до сега веќе ќе бев откажан... ни јас незнам шо е то шо ме тера да продолжам.

До некоја наредна прилика
Џ.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Драга,
Драга одамна ти неам пишано,мада немаше ни причина.Се по старо,ново ноуп нема ништо.
Него заеби ова дај кажи како да ја победиме мрзата :confused:
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Млекце со чоколаден прелив + чајни колачиња = dope. И цигарче, процедурален финиш :)
Се убив од reblogање на tumblr денес. Жива зараза.
Петче историја бе браааат!!!1 Лабаво :)
И то. Добра ноќ keigi♥

врска ми нема постов xD ништо со ништо xD
ај♥♥
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да знаеш што ми се случува во двор само. Распалена скара, ракија, вино, салата, баграта на брат ми од 21, 22 години зеле тарабука пејат ли пејат и пијат ли пијат. Така се живее до 101 и назад. Ме расположиле до коске. Закон се децава:)
Апдејт еден. Не сум видела журка во двор што трае 10 сааати. Од тарабука се префрлија на гитара. Ако има некој музичка желба да набациме, без пари е. Полиција ќе ни викнат комшииве. У моментов иде оваа:

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom