Ова е една од попосетуваните теми, па да ја искористам за добри цели.
Погледнете ја
темава и помогнете!
На темава сите (вклучувајќи ме и мене) се жалиме за тоа колку сме депресивни, тажни заради тотално банални работи или пишуваме она што прво ќе ни падне на памет, постираме песни, без најчесто да сме свесни колку е вреден животот. Здравјето е најскапоцено нешто што го имаме, на жалост луѓето често го занемаруваат здравјето и се занесени по други работи и ја сфаќаат неговата вредност откако ќе го снема.
Затоа, наместо само да кукаме, можеме да кукаме, а и да помогнеме некому во исто време.
Не замижувајте пред туѓата мака и ако имате можност да помогнете, помогнете!
Едно пиво, кафе, цигари плус/минус вас во животот нема ништо да ви смени, ама некому ќе направите услуга и ќе му помогнете да го сочува своето здравје!
Поздрав до тие што навистина го прочитаа постот, пошто знам дека повеќето ги мрзи да читаат постови подолги од 10 реда. Но, впрочем, тоа не е ни битно. Се надевам само дека ќе ја видите темата и ќе помогнете! Тоа е најважно!
Биди човек, помогни!