Драга кајгана,
втор пост мој на една иста страна али јебига. Пред да се подружам со перницата и јорганот да ти кажам дека ова фејсбуков ги смени луѓево тотално. У негативна смисла нормално. До сега си гледав некои сликичиња од некои дечки и девојчиња, пријателчиња, читав коментари и ми одеше да го исфрлам целиот сварен ручек надвор
Патетично Кајгана. Го искористуваат фејсбуков како промотор на нивните најдобри квалитети, позитивни страни кои впрочем не се во согласност со нивното однесување надвор од виртуелниот свет.
Мила, девојче што е толку срамежливо, што не гази на мравка - на фб има провокативни слики, напрчени усни и бла бла сл. шит.
Па тоа коментарите! ОМГ. Одат во овој стил:
- Срце, многу си ми убаво, најубавко!
* Фала срце, и ти си.
- Вау, ама слика. ТОП
* Фава!
))))))))))))))))))))
- Како манекенка си срцуш
* Фава
))))
Бухаааааааааа. ЛОЛ. Некој ќе рече љубомориш, ама ај некој нека каже дека не сум во право.
Друга интересна работа е тоа што секоја будала и сељак денес си има профилче на фб. Си најдов некои од моите професори и професорки на фб :uvo: Технологијата оди напред а?
Знам дека сето ова ти е познато, ама ајт, ај вантед ту риманд ју!
Одам да сонувам.
Чао