Мој драг пријателе:
Не постојат зборови со кои би можел да ја искажеш болката што ја чувствуваш овој период. Твојата загуба е загуба од која секој се плаши.
Незнам како се снаоѓаш во овие црни денови, но тоа што вечерва успеав да извадам барем неколку насмевки од тебе, навистина ми ја стопли душичката, па макар што беа насмевки утопени во неколку кригли пиво. Се надевам дека успеав, барем малку, да ти ја развеселам вечерта.
Знаев дека наместо да жалиме сите, и да ти ја попуниме црната дупка на јадеж, е подобро ако едноставно заборавиме на сите маки, и се посмееме како пијани магаренца, барем за период од два-три саати.
Ти го пишувам ова овде, каде што никогаш нема да го видиш, затоа што е премногу геј од моја страна да ти го кажам или пишам, и премногу геј од твоја страна да го ислушаш или прочиташ до крај.
Биди среќен.