Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Бран плима бран осека и така наизменично.
 
Зашто бе толкаво лицемерие? Хеј, немаш појма колку ме разочара. Ама страшно многу.
И не, не мислам дека не си свесна за тоа иако се понашаш така. Не ми е јасно само што сакаш да постигнеш. Не ме повредуваш со тоа, верувај, само ми покажуваш каква си иако ми стана јасно. Ме разочара како личност, како особа, како човек. Сега со една помисла на тебе и ми стануваш одбивна.
Јадно е што ова го пишувам тука а толку сакам да ти го кажам во очи. Не знам зашто се плашиш да го чуеш тоа, мила.

Реакциите ти се смешни и површни. Го чекам тој ден кога ќе те видам, не знаеш што се чувам да ти кажам. Сакам само да сфатиш колку грешиш.

Те сакав.Ти верував.Ми значеше толку многу. Сега само те жалам.
Јас сум среќна имам се што ми треба. А на тебе ти посакувам се најубаво, и да знаеш отсекогаш искрено го мислев тоа.

Ти води се по советите што ги добиваш од страна и далеку ќе стигнеш.
 
Се супер, зезанции едно друго али во еден момент кога ќе те тргне на страна и ти рече дека и доцни...........даун! Какви не планови правевме, али ова ма. Ај се надевам само дека е лажна тревога, па за едно 3-4 години ќе биде вистинитост.
 
Појче не читам постови напишани на латиница.До кога вака бе алоооо
:гомце: - до сите шо пишат латиница
 
Драга,
како ми тргна денов... убаво, мислам, не лошо. Бев да им купам нешто на децата за Божиќ и не можеш да замислиш колку добро им стојат сите работи (прв пат фармерки да не им се широки и да не им се кратки). После тоа бевме на пица и на топло чоколадо и откако дојдов дома, цело време те читам. :) Едно време читав што се сум пишувала во текот на годините откако сум регистрирана овде и да ти кажам не ми е јасно колку ми е никакво расположението цело време, ама тоа е. Од утре почнувам со вежбање и повеќе витамини ( ако е можно тоа) за конечно да го средам проблемот со анемијата, затоа што до сега не наоѓав време т.е. не внимавав доволно.
Поздрав :)
 
Дали се исплати?? :pos:
Од коа фатив армоника у рука, праам парче по градов. А зашо праам ? На рибиве највеќе ќеф им се праи коа играат по оро.. :cool:
 
Драга моја,
Незнам како да ти објаснам, но да не се урочам убаво ми почна годинава некое убаво, пријатно чувство владее во мене само нека траее, уште долго нека не престануваа !!!!
Мило ми е што покрај себе имам личности кои ме сакаат... а и јас нив, некои што ми значеа ме напушти ја, ми ја повреди ја душата, ми го скрши ја срцето, но ми ги отворија очите за да видам дека има многу други личности кои ме сакаат! Кои сакаат да влезат во мојот живот и сакаат да ми помогнат! Затоа на бившите ,, пријатели ,, не им се лутам туку им се заблагодарувам... не баш на сите.... Има некои кои ПРЕМНОГУ ме разочараа, повредија! Никогаш нема да им го опростам тоа..... Но сега нема да си го расипам ова убаво чувство во себе!! :pipi:
Сакам на сите да ви биде вакааа..... ♥ :свиркам: :love: :ROFLMAO:
 
Ех, ми текнува на одредени ситуации, еве година потоа.
Мутавост, што друго.
Не можеш ни да се поврзеш со тогашните мисли, а камоли луѓе.

Песнава ми буди меланхолија, цугам горчливо кафе, животот продолжува.
 
Драга, ги потрошив силата и инспирацијата да бидам насмевната цело време... Можеби и ми се преполни чашата, па кај и да е ќе експлодирам... Само најмногу се нервирам зошто наместо да викам, трескам и пцујам, јас се затварам во себе и плачам... За него е безвезно да плачам за нешто од пред една недела, но... ТОГАШ НЕ МИ СЕ ПЛАЧЕШЕ ЛИГУШУ, СЕГА МИ СЕ ПЛАЧЕ ... :place:
 
Не мора да се менува ништо... само нека трае ова чувство на среќа и смиреност... Преубаво е, Кајгич, преубаво! Ми треба некој да ме штипне, за да бидам сигурна дека не е сон. Русија, тој и јас. И чиста љубов. не можам да дочекам! ахххх...
 
Де бе кајги еве ме шо сеа....абе виена како виена....кој не бил нема да знае....и плус тоа за нова година... перверзно е....:vozbud:
 
Кајгич I am back уит дис : Еден ден кога навистина ќе не нема пишувањето на Кајганава ќе не направи бесмртни. Алелуја!
 
Господине Премиере,
Ве замолувам да ставите споменик во мојот двор. Геј браковите ми се на второ место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв