Драга Кајгана,
Ми тргна работно годинава. Прва ствар на работа годинава,
Дарија, првиот жител на општина Гази Баба во 2012 година. Вчера малку по канцеларии, денес пак цел ден на терен
Ако продолжи вака годинава, можно е да завршам на Хаваи
A можеби и не... долго време се острам да фотографирам бадникарски огнови, ама пусто мрзење студ... денес со колегата пола саат се договаравме кој да иде на огнови а кој да иде да одмори дома.
Ај здравје, некоја друга прилика
И да, се острам да идам на Скрим фестивал, ама како посетител, да ѕенѕам на раат