Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Кајги

Јас ќе си приумрам овде, скоро сите ми се Скопје, и ќе одат на трибјут ту Дет... не ги слушам, али сакам и јас да сум таму. It's friends that matter :( фааааааааааак! Ај нек дојдит глупата Нова Година пошо ова не е на арно.

папа :(
 
С

Сатори

Гостин
Најдрага,
кога имаш само моменти велиш дека животот е составен од нив.Знаеш, како мапа на сеќавањата, затоа што само меморија може да те детерминира, да те претвори во чудовиште или во човек.Кога имаш живот, ти остануваат само плановите.Зошто преку нив докажуваш кој сакаш всушност да бидеш.
Јас сум едноставен човек, минатофил.
Но плановите секогаш биле пошармантни, колку и да сеќавањата имаат вкус на ликер.
Xo, xo, xo, Ета :X3:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Zima je, decembar, mokri snijegovi
Svuda su tragovi tvoji ostali

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Сабота, и дожд.
Работа и што сега? Тирамису, поделено со сто колеги, со една лажичка, ако не фати болест, колективно ќе кенкаме.
Еден куп храна во мене, радост штом помислам на сини очи и смеењето во кревет и оној благо тупав изглед кога се гледаат двајца додека дремат заедно и се удираат со носевите.
Undone вчера беа магични, Ронит отсекогаш езотерична, бавна, топла. Израел не е шала. Едно жолтко кутре без пол, се врткаше цела вечер до Магор. Падна некој договор за новиот албум на Кејт Буш да го слушаме качени на покрив дур врне, со слушалки во уши и чадор. Трипоини. Среќна сум.
Многу, на начин што не можам ни прозаично да го објаснам. Средби од трет вид, гушкања. Другарско кафе и релаксација. Благодет што немам пристап до ФБ и не ме интересираат туѓите елки, фејк лајкови и пингови дека се на кафе ваму или онаму.
Среќа, ја дофатив како снегулка. Ретка и се топи, ама уникатна е.
Доаѓа нова година, но не и давам значење, оставам таа да ми придаде мене.
Идеите за Лондон, Тајланд, Париз и знамиња со сонценце на врв на Аконгагва, ги шијам во перница и одам да ги отсонувам.
За тебе, ако треба и ќе дипломирам! :D
И ќе гледаме заедно фудбал, иако јас не контам ништо таму.

Ех, кој би рекол дека ќе бидам толку хвалоспевна околу љубовта, а толку свесна.
Растење, чудни ми чуда.

Со арно, со убаво да е.
М.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јавен апел за сите хумани луѓе.

Ве молам ако немате за што да разговарате додека се шеткате низ чаршија, не спомнувајте на секое дека во времето новогодишната атмосфера беше многу подобра и се чуствувал новогодишниот шарм низ градот. Нема ништо лошо во тоа само да чекорите заедно и молчите.

Благодарам на разбирањето

 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Драга,
Зошто некои цури мислат дека се во центар на внимание, идам денеска на кафе во најфенсерскиот кафиќ си седам си го пијам пивото и си правам муабет, ги гледаш од таму 4 теткици, дотерани како за на свадба се кикорат на цел глас, со сета сила, да ги слушнат другите дека се смешни, или пак да покажат дека имаат смисла за хумор, демек видете, ние сме супер друштво.
Како и да е, немаше да ги забележам да не отидов до шанк по ново пиво и едната ми промрчи нешто, верувај кајганче се покаја зашто се родила, мене не ми треба иронија за да ги наместам на место, само искреност и толку. Кога веќе нема друга работа, па си тера мајтап, морав да и го покажам местото во ова сурово општество, мислам сурово за кого-како, за неа затоа што не може да си најде дечко бидејќи е „неразбрана“, мене зашто ме отпилија од работа и пукнаа неписмена, али тоа е, фала и што сама ми се понуди да си го исфрлам бесот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
АаааааааааааааааааааааАаааааааааааааааАааааааааааааааааааааАаааааааааа!

http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&v=OlNMDRydzqo&NR=1

Дали ти тоа знаеш колку сакав да го најдам филмов? Го гледав пред 10 години можеби, ама само до пола и никогаш не го догледав, а онака ми остави впечаток. Ајдааааааааааааааааааа, ако ништо друго бар сеа знам како се вика. Ќе го најдам, МОРА! Ајдееееееееееееееее!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кајгич бејб... Вчера така фетиш рок и џез варијации на свирка, пивце, насмевки милион и сензуално чачкање на рамо... Бандини вртење ( али онака слоумошн) шо да видам бе бејб се запрепастив... Десет години Кајгич поминаа одкако не сум ја видел ( толку поминаа откако се исели од населба)... Боже ја сонував прееска. И пази не ја познав. Не ја познав мојата симпатија од маало. Мојата прва љубов...Една гушка ко си манавме ццц... Веќе не е истата ама ич... Сеа е рок принцез али онаква шизика. По малку деловна девојка, по малку скул, по малку рок, по малку џин (заедно почнавме со џинот, вечерта она пиеше џин пак, јас не)...Знам ко напален тинејџер сум али бејб уше си ја сакам - слатка мала.
Најубавите очи на свет знаеш онака недефинирано ( не сум ти ја зборел одамна), затоа бејб идем опет на састанак. Знаеш дека почнав да сакам такви састанаци... Па тоа кој бон тон понашања паѓаат, па егзотични јадења ( алкохол авкорс) па сензуално флертувачко трепкање, па дискретни фаќања на рацете... Некни многу бев и убав и шизик на састанак (Битен момент девојката нит ја знам нит ја познавам. Знаеш кај паднав покрај тие знаеш интилигентно физички атирбути кога ми кажа дека омилена серија и е Декстер. Не се среќава секат таква цура)... Вечер пак.
Поздрави ги најубавите очи на свет и покрај се...

Те сакам Кајгич.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Нај осамена на цел свет :(
Лутам
Во мисливе тешки
Кои наместо да ми олеснат
Ми отежнуваат до бескрај...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.722
Поени од реакции
35.514
Драга

Денес конечно ми стана јасно (не дека незнаев, ама,,) сите малери биле во мене.
Да не знаеш можеби некој лек?
Веројатно малерот се раѓа малер, па можеби и ќе си умре малер,,,

,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,

Кога срцето ќе запее соло,,,,,јбг
 
G

_Ghost_

Гостин
Мала, заврши. Заврши мојата младост. Кога ќе присуствуваш на затворањето на местото каде што цел свесен живот си го поминал, солзите се неизбежни.
Првата љубов ја доживеав таму. Првото мое те сакам беше под тој покрив, на таа музика.
Првото мое скршено срце беше таму. Првата кавга се случи таму.
Сите тие лудории, сите тие несекојдневни работи остануваат засекогаш меѓу тие неколку ѕида, тој чад, и во сеќавањата наши.
Првата свирка ја доживеав таму....
Премногу..премногу спомени...мило ми е..мило ми е за секоја секунда помината таму, за СЕ што се случуваше на тоа место. Немаше да бидам овој човек кој што сум денес да не беше тоа место, единствено...
Моментот кога се запалија светлата за последен пат, кога ја оставив празната чаша на масата и истиот момент го здогледав Биџо со солзи во очите...тоа не се опишува...
Ви благодарам за петнаесетте прекрасни години поминати на тоа место, и посакувам многу млади да имаат исти спомени од новото..
Апореа, засекогаш ќе бидеш на тоа место за мене.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
Малечка,
не ти пишам поќе тебе, имам некој конфликти внатре во глата, треба да ги разрешам.
Си пишам сеа во свој сопствен фолдер во ком. Можи ќе споделам некогаш нешто со тебе.
Изгледа заљубен сум, а нејќам да си признаам т.е. нејќам да се приврзам ( си го слушнала ова од машко Драга некогаш ? ) Многу педерски звучи.
Многу ме изгласаја за најзаљубен на форумов, а то беше стара приказна, тоа беше омраза, не љубов. Сакам да се заљубам јебига мислам крајно време е да се заозбилиме, нели ?
Многу трева пушам.
Ми фалат луѓе со кој можам да отворам некоја тешка тема, ми требаат повеќе поинтелигентни луѓе во животот, пошо тоа е единствениот начин да функционирам, кога некој ме инспирира и потоа самиот се заинтересирвам.
Ми го бара татко ми компјутерот, ааа ќе биди нешто.
АААААААААААА
Ами како !
Заеби литература, граматика, англицизми и такви глупости.
Си имам јас битолски :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom