Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Кејг, види што прочитав денес..

ШТО Е НЕГАТИВНА СЕЛЕКЦИЈА?

Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот.

Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите.

Oбичните, не го сакаaт најдобриот, затоа што најдобриот им покажува колку се ретардирани, недугави, неработливи.

Во оваа држава постојат луѓе што откако ќе го испијат утринското кафе, прават планови како сопствениот бофал ќе го продадат како А-класа.

И прават планови (цели стратегии нацртани на хамер) како ќе им постават бариери на способните, од Бога бакнатите, на надарените.

Значи, целта е да се постави барикада.
Тоа се случува секаде – на факултетите, во политиката, кај чиновниците, во МАНУ.

Секаде.

Венко Андоновски
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.813
Поени од реакции
10.718
Пеглам руска салата со кифли и скролам рилс по Инста. Ми излезе ова видео:
Застанување кифлички у грло, насолзени очи, разбиена духовна нирвана отварам да читам коментари. Прв коментар:

Screenshot_2023-06-06-22-51-48-946-edit_com.instagram.android.jpg
Излетување кифлички преку ноздри и усна шуплина, борба за живот, смеење, рикање ко нездрав.

Интернет..
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.170
Поени од реакции
10.569
Драга,

Стварно не знам како е можно секогаш да ме снаоѓаат истите проблеми и да ги правам истите грешки и тоа секогаш кога ќе се опуштам и ќе си помислам дека и не е толку лошо да се биде во моја кожа и дека животот е убав и прекрасен само треба да ја најдеш формулата што највеќе ти одговара за живеење. Не знам дали е до мене или до луѓето околу мене, или едноставано така било пишано, ама многу тешко ми паѓа што на некои прашања не можам да си дадам одговор после толку години, после толку искуства, после толку грешки.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.684
Поени од реакции
4.809
Секогаш ќе биде така , ако си велиш "само уште ова да се среди,скоро готово е ,вака треба да биде,скоро ја гледам целта" ... и оп ,пак во круг .Нема формула , никад нема да биде совршено , клише е ама така е , додека чекаш да најдеш одговор поминале уште неколку години ...
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Кејг,

05:39 дошло.. комарциве ме убија, трет ден без сон. А треба цел ден да сум турбо.. ќе даде Бог сила да го издржам денов и да си купам апаратче против комарци конечно..
 
Член од
11 април 2023
Мислења
1.634
Поени од реакции
4.741
Од кога почна промоција на секси играчки и дилда форумов е повеќе паднат него што е во функција, се надевам дека ќе се стабилизира и него не му е лесно.
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
301
Поени од реакции
583
За да го разбие малер форумов и да не паѓа повеќе мало потсетување на битолскиве легенди...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom