Драга Кајгана (виртуелен дневник)

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.357
Поени од реакции
19.174
Драа

И прдење бидна луксуз.
Триста денара кило гра.
Или граф, као што викаш ти.

:icon_mrgr:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Ко ќе ми е досадно, си заебавам луѓе на форумов.

Замисли си ги онака напнати на тастатура!/тел.

"Еј, шо ми пиша, еј леле." онака црвен во фацата, бара по профил кој си, шо си.

Ѕирни низ џамот бе будало една, види се кај си. Распознај виртуелност и реалност.

ИдиотGPT for you my dear.
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.442
Поени од реакции
1.826
#1
Животот најдобро се претставува преку едно од најдревните оружја кои луѓето ги користеле за својот опстанок - лакот и стрелата. Стрелата, симбол на нашите сегашни цели и нашите планови, се нишани кон целта, со надеж и желба за успех. Лакот, пак, не претставува нас, луѓето, и текот на нашиот живот, со сите активности што ги преживуваме.

Кога јажето на лакот е слабо и изнемогнато, тогаш ние сме безиницијативни. Стрелата паѓа покрај нас и ја пропуштаме целта. Но, кога јажето е силно и добро затегнато, победуваме. Така, самурајот со својата сила го влече јажето на лакот за да постигне точен погодок. Затегнувањето на јажето, исто така, претставува нашето образование, љубовта и околината во која живееме. Тие ни даваат различни емоции, било тоа среќа или тага.

Со секоја нова сила што ја преземаме, јажето станува поцврсто и повеќе го затегнуваме. Често не сме свесни за тоа, сè додека во еден момент не дојде до најголемото напрежување на тоа јаже. Тогаш се опкружуваме со многу емоции, некои штетни и болни, а други благодатни и среќни. Но, што подолго го држиме јажето, толку повеќе се исцрпуваме.

На крај, доаѓа моментот кога треба да направиме главен избор во нашиот живот. Доколку одлучиме да продолжиме да го држиме јажето, заедно со сите емоции што не опкружуваат и исто така да им додаваме нови, ние ќе го отпуштиме тоа јаже кога тогаш, но нема да сме свесни што правиме. Но, тоа нема да биде значајно. Целта што ја имавме пред очите нема да биде постигната. Стрелата, која е симбол на нашата цел, ќе заврши далеку од нас, надвор од нашиот дофат, па можеби дури и да се скрши од силата на излетот. А самурајот, наместо да го погоди својот непријател, ризикува да биде убиен.

Затоа, кога ќе ја почувствуваме нашата слабост и немоќ, е најдобро да го пуштиме јажето онолку колку што треба и колку што бара нашата цел во животот. Нека бидат присутни само чувствата што се потребни и согласни со нашата насока. Така, ние ќе се отплеткаме од нашите грижи и ќе се концентрираме исклучиво на целта, без претерана фокусираност на силата што ни е потребна.

Кога јажето ќе биде контролирано од самурајот, тогаш тој со сигурност ќе ја погоди својата цел, или најблиску до истата. Така и ние, како самурајот, ќе живееме заради нашата душа, која е нашиот господар. Само кога ќе се посветиме на тоа што не исполнува и задоволува, нашата душа ќе биде задоволна. И само тогаш ќе бидеме вистински среќни.

Така што, да го трансформираме животот во уметност, со мудрост во изборите што ги правиме. Да се посветиме на она што ни треба и не возвишува, и да го постигнеме нашето вистинско задоволство. Само тогаш ќе бидеме вистински "писатели" во својата сопствена животна приказна.

Во есенција, животот е еден танц на јажето и лакот, со емотивни напори и постигнувања. Секој еден од нас е сопственик на својата стрела, и секоја од нашите стрели има своја посебна цел. Но, вистинската уметност лежи во умешноста да го контролираме тоа јаже и да ја насочиме нашата доверба кон срцето на нашата посакувана мета.

За да го освоиме тоа мајсторство, треба да бидеме свесни за нашите лимити, за нашите слабости и моќи. Треба да разбереме што ни треба навистина, што ни носи радост и задоволство, и да го насочиме јажето кон таа цел. Во тој процес, образованието и литературата се моќни оружја кои што ни помагаат да се развиваме и растеме како луѓе, колку и да ги негираме како народ.

Секој збор, секоја мисла, има моќ да ја преобрази нашата реалност. Затоа, како "писатели", ние имаме задача да создаваме убави мисли, убави дела, што ќе ни ги воздигнуваат душите нам и на луѓето околу нас.

Screenshot_7.png
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
Со векови наназад католичките свештеници чекале одобрение од светата Римокатоличка црква за да извршат Егзорцизам врз некој маченик. Никој без одобрение од Ватикан не се нафаќал на своја рака да истерува Демони, ова најдобро е опишано во книгата, а потоа и во филмот Егзорцист од 1973 година. Оваа традиција постои до ден денес каде Папата Франциско дава благослов и одобрение на останатите свештеници низ целиот свет за да ги вршат овие ритуали...



















































































Meanwhile in Macedonia...

IMG_20230603_084921.jpg
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.442
Поени од реакции
1.826
Сиот наш живот е прекрасна тајна, позната единствено на Бог. Тој се одвива чудесно по некаков таинствен план, којшто не го забележуваме и не го разбираме. Секогаш и во сѐ постои некаква поврзаност на околностите, но целта на таа поврзаност нам не ни е позната. Ние не го сфаќаме значењето на оваа или онаа ситуација, но во сето тоа постои длабока смисла. Нема ништо случајно во нашиот живот.

преподобен Варсануфиј Оптински
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
рекоа голема суша, а не можеме да се оправиме од дождот и поплавите, можеби немаше снег да се спуштиме со санка, ама изврна за цела година!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom